Отворено Европското првенство во кајак - Скопје 2014 - Канал 5

Отворено Европското првенство во кајак - Скопје 2014

На Плоштадот „Филип Втори“ официјално беше отворено Европското првенство во кајак слалом за јуниори и сениори до 23 години - Скопје 2014. Домаќин на ова натпреварување е Кајакарската федерација на Македонија.

Отворено Европското првенство во кајак - Скопје 2014
Натпреварите ќе се одржуваат на кајак патеката во „Спортско рекреативниот центар Матка“ крај Скопје.

На синоќешното Свечено отворање присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

- Ја имам честа, но и големото задоволство да Ве поздравам и да ви пожелам добредојде во Скопје, главниот град на Република Македонија, кој овие три дена ќе биде домаќин на уште едно исклучително интересно и важно спортско натпреварување, Европското првенство во кајак – слалом за јуниори и сениори. Љубителите на овој атрактивен спорт и овојпат ќе можат да уживаат во умешноста и виртуозноста на околу 400 пријавени кајакари и кајакарки од 30 европски држави, на прекрасната патека во нашиот Спортско рекреативен центар Матка, изјави Трајановски.

Скопскиот градоначалник потсети дека скопјани имаат искуство со организирање на меѓународни натпревари во овој спорт.

- Скопјаните веќе имаат истенчен и рафиниран вкус за силни кајакарски натпревари, бидејќи се домаќини на една од најстарите спортски манифестации во Македонија, традиционалниот меѓународен Илинденски кајакарски натпревар ИКАС, кој на патеката во Матка се одржува веќе триесетина години. Се надевам дека еден дел од јуниорите и јуниорките кои овие три дена ќе се натпреваруваат на Европското првенство, наредниве години ќе се пријават и на ИКАС и дека од нив ќе излезат нови изградени спортисти, нови шампиони, рече градоначалникот Трајановски.

Официјалните натпревари започнуваат денеска и ќе траат до недела.

Натпреварите во машка конкуренција се распоредени во три категории К1, Ц1 и Ц2 додека во женска конкуренција во две категории К1 и Ц1. Н

Македонската репрезентација има 7 натпреварувачи, меѓу кој 6 мажи и 1 девојче.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Марјан Спасески, им посака добредојде на сите учесници на ова Европско првенство и посочи дека овој спортски настан, Република Македонија и Скопје, ги сместува на мапата на држави и градови организатори и домаќини на светски спортски настани.

Позначајни спортисти-кајкари кои се дел од ова Европско првенство се Прскавец(Чешка) – актуелен Европски шампион, Брус Симон (Словенија) –Европски јуниорски првак во 2011 година, Џовани де Џенаро (Италија) третопласиран на ЕП и СП во 2013 год., Лука Бозиц (Словенија) третопласиран на Светскиот куп, второ коло во 2014 год.

На годинешново Европско првенство во кајак слалом за јуниори и сениори до 23 години, наредните четири денови ќе се натпреваруваат кајакари од: Шведска, Полска, Белорусија, Хрватска, Бугарија, Грција, Литванија, Летонија, Русија, Македонија и многу други.

На вчерашниот настан на официјалното отворање на ова Европско првенство во кајак, присутен беше и претседателот на Европската кајак федерација, Алберт Вудс, којшто ја искористи можноста да им се заблагодари на сите спортисти, тренери, судии, спортски работници, тимови и екипи, за нивното учество во ова првенство и им пожела фер-плеј и добри резултати, а на крајот да победат најдобрите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест повредени полицајци по насилниот протест во Тирана

Шестмина полициски службеници се повредени по насилните инциденти на вчерашниот протест во Тирана, соопшти албанската полиција.

Шест повредени полицајци по насилниот протест во Тирана

16 лица биле уапсени, а против 50-ина е покрената кривична постапка по протестот кој прерасна во судир со полицијата, кога дел од учесниците почнаа да фрлаат камења, бетонски плочи, пиротехнички средства и молотови коктели кон полицајците и кон зградата на министерството за образование.

Протестот го организираа студенти и млади луѓе незадоволни од состојбите во образованието, високите трошоци за студирање, недоволната финансиска поддршка и слабите можности за вработување по дипломирањето, објави Ројтерс.

Приведените се товарат за напад врз службено лице, незаконско постапување со експлозивни и запаливи материи и оштетување и палење имот..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страшна сообраќајка во Словенија - возел во рикверц, двајца мртви, четворица повредени

Две лица загинаа, а четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на автопат во Словенија. Меѓу повредените е и едно дете кое е во животна опасност.

Страшна сообраќајка во Словенија -  возел во рикверц, двајца мртви, четворица повредени

Несреќата се случила околу 1 часот по полноќ на автопатот Љубљана – Марибор, кај одморалиштето Луковица. Според првичните информации од полицијата, 28-годишен странски државјанин, кој управувал автомобил со романски регистарски таблички, откако го поминал излезот од одморалиштето застанал на десната лента на автопатот и потоа почнал да се движи наназад.

Во тој момент, во неговиот автомобил удрило комбе што доаѓало одзади. Загинатите се романски државјани, кои седеле на задните седишта од автомобилот. Повреденото дете е француски државјанин. Пожарникарите кои пристигнале на местото на несреќата морале да користат специјална опрема за да извлечат две лица кои биле заробени во уништениот автомобил.словенечката полиција отвори истрага поради сомнеж за сторено кривично дело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФУЕН бара поддршка од МАЕИ за спроведување на Резолуцијата за македонското национално малцинство во Албанија

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) упати официјално писмо до претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во врска со неодамна усвоената Резолуција за македонското национално малцинство.

ФУЕН бара поддршка од МАЕИ за спроведување на Резолуцијата за македонското национално малцинство во Албанија

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) упати официјално писмо до претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во врска со неодамна усвоената Резолуција за македонското национално малцинство во Република Албанија.

Резолуцијата, која беше поднесена од Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, беше усвоена на Собранието на делегати на ФУЕН за време на годишниот Конгрес одржан на 19 септември 2026 година во Хелсинки, Финска.

Во своето обраќање, претседателката на ФУЕН, Оливија Шуберт, истакна дека организацијата — која ги претставува автохтоните национални малцинства во Европа и ги застапува нивните права пред ОН, Советот на Европа, ЕУ и ОБСЕ — бара поддршка од МАЕИ за ефективна имплементација на усвоената резолуција.

Со оваа резолуција, од албанските власти официјално се бара Владата на Република Албанија да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици, да им овозможи на припадниците на македонското малцинство слободно да се изјаснуваат и да преземе ефективни мерки против какви било надворешни политички притисоци насочени кон негирање или асимилација на македонскиот идентитет. Покрај тоа, се бара Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на новата реформа да не претрпи територијални промени, односно да не се спојува со други општин.

Во одговорот до ФУЕН, претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, изрази искрена благодарност за континуираната грижа и посветеност на Унијата во заштитата и унапредувањето на правата, идентитетот, јазикот и културата на Македонците во Албанија.

„Усвојувањето на оваа резолуција е значаен чекор кон зајакнување на заштитата на малцинските права и обезбедување загриженоста и легитимните барања на македонското малцинство во Албанија да го добијат вниманието што го заслужуваат на европско ниво“, истакна Стерјовски.

Тој исто така го поздрави признанието што ФУЕН му го оддава на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана за неговата активна работа и изрази подготвеност за понатамошна заедничка соработка во насока на целосно спроведување на резолуцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер