Отворено 58-то издание на „Струшките вечери на поезијата“ - Канал 5

Отворено 58-то издание на „Струшките вечери на поезијата“

Моќно одекна овие реченици на славниот македонски поет Влада Урошевиќ вчеравечер во Струга, како дел од свеченото отворање на годинашното, 58-мо издание на најстарата светска поетска манифестација која се одржува во континуитет

Отворено 58-то издание на „Струшките вечери на поезијата“

„Во еден свет во кој поезијата е поттурната настрана, каде што пишувањето песни станува една дејност на која јавноста не ѝ подарува речиси никакво внимание, славењето на поезијата низ еден ваков фестивал како што е Струшкиот претставува благороден и високо морален чин. Тоа што ја одржува во животот поезијата е – отпорот. Секој чин на пишување песни денес во светот е еден вид отпор. До вчера, во овие краишта, тоа беше отпор против обидите поезијата да се претвори во орудие на претераната идеологизација во служба на политичката елита. Денес – песната станува еден вид отпор против сè пожестоката и сè понемилосрдната материјализација на сè што постои. Светот вели: „Сè е на продажба!“ Песната одговара: „Сè освен мене!“ Дури и најнаивните љубовни стихови на некој поет-почетник се израз на бунтот против сфаќањето дека сè може да се сведе на најпрозаична реалност, дека човековата егзистенција нема друга смисла освен барање на колку што е можно полесен пат кон ефтините удопства и лажните задоволства“.

Моќно одекна овие реченици на славниот македонски поет Влада Урошевиќ вчеравечер во Струга, како дел од свеченото отворање на годинашното, 58-мо издание на најстарата светска поетска манифестација која се одржува во континуитет - „Струшките вечери на поезијата“. На Урошевиќ, кој годинава слави 85 лета, му припадна честа да биде првиот поет што ја изговорил „Поетската порака“ на отворањето на фестивалот, што е новитет воведен годинава.

Церемонијата на отворањето на Струшки вечери на поезијата (СВП) на сцената пред Центарот за култура почна со читање на „Т`га за југ“ на Константин Миладинов на четири јазика - македонски, англиски, албански и француски, а на овие четири јазика беше и обраќањето на водителите.

На церемонијата се обратија и министерот за култура Хусни Исмаили и директорот на фестивалот, Тодорче Тасевски.

Почитувани присутни, поетите, иако живеат меѓу нас, не се баш како нас. Тие навистина изгледаат како копнени суштества, но воопшто не се копнени. Според Рембo, „Поетот е светец кој го открива клучот за некогашните прославувања“. Слично го опишува поетот и Ласгуш Порадеци, кој создал поезија од другата страна на ова езеро - во Поградец, за кој поетот е битие на кое од небото му доаѓа порака, а тој ја претвора во зборови и ние ја читаме како поезија. Навистина, поетите се чувствителната совест на човештвото. Тие се луѓето кои ја носат задачата на првиот збор. Тој збор станува вистински комплетен само за поетот и неговиот свет. Бидејќи, навистина на почетокот беше зборот, но и тој, на некој начин, беше поезија.

„Почитувани присутни, поетите, иако живеат меѓу нас, не се баш како нас. Тие навистина изгледаат како копнени суштества, но воопшто не се копнени. Според Рембауд, „Поетот е светец кој го открива клучот за некогашните прославувања“. Слично го опишува поетот и Ласгуш Порадеци, кој создал поезија од другата страна на ова езеро - во Поградец, за кој поетот е битие на кое од небото му доаѓа порака, а тој ја претвора во зборови и ние ја читаме како поезија. Навистина, поетите се чувствителната совест на човештвото. Тие се луѓето кои ја носат задачата на првиот збор. Тој збор станува вистински комплетен само за поетот и неговиот свет. Бидејќи, навистина на почетокот беше зборот, но и тој, на некој начин, беше поезија“, порача министерот за култура Хусни Исмаили.

„Драги стружани и сите вљубеници во поезијата, Вечерва, да бидеме отворени кон благородното и благотворното дејство на поетскиот збор. Затоа што поетите делуваат преку нивните зборови. Нивните зборови се веќе дела, поетски чинови низ кои Вистината и Смислата се обединуваат во Убавина пред која сме восхитени. Ние, останатите, да бидеме куси во зборувањето и да зборуваме преку нашите дела, а сцената, вечерва да им ја отстапиме на поетите!“, гласеше краткиот поздравен говор на директорот на СВП, Тодорче Тасевски.

Фестивалот беше отворен со палење на фестивалскиот оган и со величествен огномет.

На церемонијата, покрај поетите -учесници на 58-то издание на СВП присуствуваа и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, државни функционери, и граѓани од Струга и другите градови.

По отворањето на фестивалот, се одржа меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“, во кое учествуваа голем број од годинашните 32 поети од 24 земји од странство и поети од земјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски бара евакуација на повеќе цивили, предлага десет локации под окупација

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи десет нови операции за хуманитарна евакуација во регионите Херсон и Запорожје.

Зеленски бара евакуација на повеќе цивили, предлага десет локации под окупација

Неодамнешното примирје, кое им овозможи на стотици цивили да го напуштат Олешки – украински град под руска окупација – ќе послужи како модел за овие операции, пренесува „Еуроњуз“.

Во вторникот, Зеленски објави дека за предлогот се разговарало на состанок посветен на исходите од неодамнешните трилатерални преговори во Абу Даби. „Украина предложи 10 дополнителни локации на привремено окупираните територии во регионите Херсон и Запорожје, каде што е потребна слична хуманитарна операција“, напиша тој на социјалните мрежи.

Тој не прецизираше за кои населени места точно станува збор. Украинската дипломатска делегација ќе разговара за овој предлог со американските посредници.

Моделот за евакуација од Олешки

Примирјето во Олешки, кое траеше од 27 октомври до 1 ноември, беше воспоставено на иницијатива на првата дама на САД, Меланија Трамп, и им овозможи на жителите да заминат преку безбеден коридор.

Меланија Трамп изјави дека вкупно биле евакуирани речиси 800 луѓе. Оние што одбрале да преминат на територијата под украинска контрола биле превезени преку Гомел, Белорусија, до регионот Чернигов. Други, наводно, избрале да бидат евакуирани во Русија. Ниту Украина, ниту Русија не објавија точни бројки за ниту една од групите. Киев подоцна тврдеше дека Русија го искористила примирјето за ротација на своите трупи на левиот брег на Днепар, во регионот Херсон.

Паралелни предлози

Комесарот за човекови права при Врховната рада, Дмитро Лубинец, изјави дека се договорил со својата руска колешка Јана Лантратова да упатат апел до првата дама на САД, со цел моделот од Олешки да се примени и во други окупирани населени места.

Рускиот претседател Владимир Путин изнесе паралелен предлог за време на средбата со Трамп и американскиот пратеник Стив Виткоф во Кремљ, на 12 ноември. Тој предложи слична операција во Константинивка, во регионот Доњецк, тврдејќи дека градот е под руска контрола. Советникот на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, изјави дека Русија веројатно предлага примирје од истата причина како и во Олешки – за да изврши ротација на своите војници.

Спор околу статусот на Костјантинивка

Извештаи од украинската војска и анализи засновани на отворени извори укажуваат на тоа дека руските сили држат само делови од источниот и југозападниот раб на градот. Значителен дел од градот се наоѓа во зоната на конфликтот, додека остатокот е под контрола на украинските вооружени сили. Путин во повеќе наврати тврдеше дека руските сили веќе го зазеле тој град.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија сака да ги забрани социјалните мрежи за деца под 13 години

За малолетниците на возраст од 13 до 15 години, користењето ќе биде дозволено само доколку нивните профили се поврзани со профилот на родител.

Италија сака да ги забрани социјалните мрежи за деца под 13 години

Италија се приклучи на растечката листа на земји кои планираат да го ограничат пристапот на малолетниците до социјалните мрежи – следејќи го примерот на држави како Австралија, Бразил и Грција – при што се очекува парламентот до крајот на годината да одобри владина уредба за ова прашање. На децата помлади од 13 години ќе им биде забрането да имаат профили на социјалните мрежи.

За малолетниците на возраст од 13 до 15 години, користењето ќе биде дозволено само доколку нивните профили се поврзани со профилот на родител. Малолетниците ќе можат да имаат самостојни профили дури откако ќе наполнат 16 години.

Амандманот има поддршка од владејачката коалиција

Овие мерки се дел од амандман на уредба за безбедност, која моментално е предмет на парламентарна расправа и се очекува да биде усвоена до крајот на декември. Амандманот – во кој увид имаше агенцијата „Ројтерс“ – сè уште не е официјално претставен, но ја ужива поддршката на десничарската коалиција на премиерката Џорџа Мелони.

Според парламентарни извори, неговото усвојување е речиси сигурно. „Овој амандман би можел да биде пресвртна точка за сите родители кои се соочуваат со дигиталната зависност кај своите деца, како и за самите малолетници“, изјави Фабио Рампели, пратеник од партијата на премиерката Џорџа Мелони, „Браќа на Италија“ (Fratelli d'Italia).

Платформите за социјални мрежи ќе мора да ја проверуваат возраста на корисниците

Според актуелниот предлог – кој сè уште може да претрпи измени за време на парламентарната расправа – образовните апликации се изземени од забраната. Извори наведуваат дека од компаниите што управуваат со социјалните мрежи ќе се бара да ја проверуваат возраста на своите корисници, во согласност со насоките што ќе ги изготви италијанскиот регулатор за телекомуникации (AGCOM) во рок од девет месеци од стапувањето на прописот во сила.

Од компаниите за социјални мрежи ќе се бара да ги променат своите алгоритми, со оглед на растечката глобална загриженост дека нивните платформи придонесуваат за криза во менталното здравје кај децата.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панова: Во Предлог буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинава

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет во своето излагање се осврна на  делот за правосудниот систем.

Панова: Во Предлог буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинава

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет во своето излагање се осврна на делот за правосудниот систем, при што истакна дека за судската власт во 2027 година се планирани 3,352 милијарди денари, а како што кажа тоа е зголемување од 15,3 проценти, додека пак, за јавното обинителство се предвидени 965 милиони денари, или 8,9 проценти повеќе од 2026 година. Според неа, правдата треба да се обезбеди навремено и неселективно, а во таа насока пратеничката се осврна на Академијата за судии и јавни обвинители и Управата за извршување санкции.

,,Кога правосудна институција бара дополнителни средства, да каже колку предмети очекува повеќе да заврши, кои слабости ќе ги отстрани и како јавноста ќе го види напредокот. Не ни треба натпревар кој погласно ветува правда. Ни требаат институции коишто ќе донесат правда. Токму затоа сакам да ја издвојам Академијата за судии и јавни обвинители. За 2027 година за нејзината програма се предвидени приближно 130 милиони денари. Оваа програма сега е прикажана во рамките на Министерството за правда, додека претходно била евидентирана во разделот Судска власт. Таа промена е важна за да не споредуваме несоодветни буџетски ставки и да не извлекуваме погрешни заклучоци “, рече Панова и додаде:

,,Во тие средства се предвидуваат околу 58 милиони денари за плати и надоместоци и околу 65 милиони за стоки и услуги, вклучувајќи ја обуката и договорните услуги. А зошто е ова важно? Затоа што професионален, стручен и независен судија не се создава со партиска изјава. Се создава со квалитетно образование, сериозна селекција, континуирана обука и личен интегритет. Истото важи и за обвинителите. Инвестирањето во Академијата треба да значи вложување во професионалноста, не во нови формални процедури без резултат. Затоа очекуваме резултати. Не помалку важна е Управата за извршување санкции. За неа се планирани 2,020 милијарди денари, 16,7 проценти повеќе од претходната година.

Панова посочи дека капиталните расходи растат од 26,8 на 276,3 милиони денари, повеќе од десеткратно ниво, со најголем дел за градежна инфраструктура.

,,Во 2027 се предвидени активности за нови и реконструирани капацитети во КПД Идризово, вклучувајќи притворско и затворено одделение. И тука мојата порака е јасна: законитото извршување на санкциите е дел од владеењето на правото. Безбедност за персоналот, човечки услови, контрола врз установите и програми за ресоцијализација не се спротивставени цели. Тие се делови од еден ист систем. Државата мора да биде доследна во спроведувањето на правосилните одлуки, а истовремено да ги почитува законските и меѓународните стандарди“, вели таа, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер