Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
2Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
3Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
КултураОтворено 44. издание на „Браќа Манаки“: Место на слободната мисла на филмските уметнициВо Битола, од денеска, во текот на седум фестивалски денови ќе се открива прекрасното непознато, онака како што браќата Манаки со камерата 300 почнале да го откриваат прекрасното непознато, кое може да се види и создаде само преку филмскиот објектив.-Создавањето на еден филм, на едно уметничко дело, па и на Фестивал секогаш започнува со скок во непознатото. Возбудлив, но и застрашувачки. За среќа тој скок во непознатото најчесто резултира со едно прекрасно патување и завршува со резултат што им носи големо задоволство и на публиката и на создавачите на филмот. Затоа одново и одново скокаме во непознатото. Ова прекрасно непознато ќе ви биде во Битола седум фестивалски денови. Со овие зборови им посака добредојде на присутните, директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски, човекот за кого потрагата по прекрасното непознато никогаш не престанува и кој заедно со својот тим го создаде филмскиот универзум наречен 44. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“. Тој подвлече дека фестивалот е место на слободната мисла на филмските уметници и големите мајстори на филмската фотографија. -Фестивалот е домаќин на највисоки претставници на француското, британското, кинеското, австралиското, шпанското, корејското, германското, грчкото, спрското, чилеанското и американското друштво на кинематографери. Ќе бидат прикажани 80 филмови, девет работилници и дваесеттина различни настани кои ќе го остават својот сопствен магичен печат на Битола, рече Дамевски. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски рече дека ова ново издание е потврда за раст на Фестивалот, но и на градот со него. -Битола благодарение на првите сниматели на Балканот, браќата Милтон и Јанаки Манаки претставува светски гласник во областа на кинематографијата. Уникатноста на творештвото најсилно допира низ моќта да се привлече посетителот, да се задржи неговото внимание и истиот да стане дел од патувањето на прекрасното непознато. Вечерва повторно го славиме ентузијазмот и успехот на двајцата мечтатели кои ја зачуваа севкупната бесмртност на човештвото низ сите нивни фотографии и филмски снимки, истакна Коњановски. По повод доделувањето на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ пред присутните говореше претседателот на ДФРМ, Игор Иванов Изи кој се осврна на битката на филмските работници за подобри услови за филм, подобар стандард на филмските работници и подостоинствен живот. -Како обврска на нашата генерација останува конечно стандардизирање на буџетот за филм во рамките на државниот буџет и решавање на статусот на филмските работници. Секој ден сме поблиску до решение и колку и да звучи невозможно, ќе се случи, рече Иванов најавувајќи го секретарот на ДФРМ, Томи Салковски кој и ја врачи наградата на Лабина Митевска, годинешен лауреат на признанието што го доделува ДФРМ. Митевска истакна дека за да се создаде едно врвно дело потребно е да ги сакаме нашите автори, да им овозможуваме да создаваат слободно, без цензура, и да постои континуит во таа поддршка, бидејќи уметноста не е веќе привилегија, таа е потреба. -Особено ми е значајно ова признание бидејќи доаѓа од мојата фела и што ја добивам во овој град во кој се вљубив пред многу години. Веќе триесет години работам во оваа фантастична професија. Да се создаде филм не е воопшто лесно, но продолжуваме и одиме понатаму. Македонија има многу нешта што може да и ги понуди во светската кинематографија. Имаме одлични автори, добри приказни, имаме фантастични локации, кажа Митевска. На годинешниот лауреат, кинематограферот Питер Бижу, наградата Златна камера 300 за животен опус му ја врачи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. -Многу сум среќен што сум во Македонија и што го добивам ова прекрасно признание од Фестивалот „Браќа Манаки“, се заблагодари Бижу, чие појавување на сцената во Центарот за култура во Битола беше проследено со огромен аплауз од публиката која на нозе го поздрави оскаровецот. Костадиновска Стојчевска рече дека Фестивалот „Браќа Манаки“ ги негува вредностите на врвната визуелна уметност и е чувар на споменот за љубопитните браќа Манаки за кои дотогаш непознатото било голем предизвик. -Вечерва сакам да нагласам дека збирката на движното културно наследство ФОНД 580 „Браќа Манаки – Битола 1853-1964“, која се наоѓа во Државниот архив – одделение Битола, е прогласена за културно наследство од особено значење, во поткатегорија исклучително значење. Збирката од над 1.200 артефакти е оригинално сведоштво за едно бурно време на Балканот и своевиден раопис од европска важност. За историјата на светската кинематографија и да не зборуваме, зошто браќата Манаки беа први на Балканот, меѓу првите во Европа. Македонската кинематографија им ја должи сета почит. Оттаму радува ентузијазмот и страста на овој фестивал од година во година, со децении да ја надоградува љубовта кон добриот кадар, рече Костадиновска-Стојчевска. На свеченото отворање беше изведен перформанс во режија на Дејан Пројковски. Националниот џез оркестар и детски хор ја изведоа „Another brick in the wall“ од „Пинк Флојд“ со што на сцената и во гледалиштето се ширеше филмската магија на „Пинк Флојд: Sидот“ од лауреатот Питер Бижу.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаАларм од природата: Популациите на диви животни се намалени за 73 отсто за 52 годиниСпоред најновиот извештај на Светскиот фонд за природа (WWF), бројноста на популациите на речиси 6.000 видови диви животни е намалена во просек за 73 отсто во периодот од 1970 до 2022 година. Индексот „Живот на планетата“ (Living Planet Index), изготвен од Зоолошкото друштво на Лондон и Светскиот фонд за природа, опфаќа вкупно 35.803 популации на 5.790 различни видови цицачи, птици, влекачи, водоземци и риби во текот на период од 52 години. Според проценките во извештајот, вкупната бројност на популациите опаѓала во просек за околу 2,5 отсто годишно во текот на тој период. „Глобалните популации продолжуваат да опаѓаат и сè уште нема докази за глобално закрепнување“, изјави Ендрју Тери, раководител за заштита на природата при Зоолошкото друштво на Лондон. Од Светскиот фонд за природа велат дека закрепнувањето на дивиот свет може да се случи „исклучително брзо“ доколку се преземат итни мерки, но предупредуваат дека би било погрешно да се мисли оти само заштитата на природата ќе овозможи глобално закрепнување. Потребни се големи промени во енергетскиот, прехранбениот и финансискиот систем, соопштија од организацијата за заштита на природата. Светскиот фонд за природа (WWF) забележа дека се преземаат позитивни чекори во областа на енергетиката. Во извештајот се наведува дека губењето и деградацијата на живеалиштата се најчестите регистрирани закани, но популациите на дивиот свет се загрозени и од прекумерно искористување, климатски промени, загадување, инвазивни видови и болести.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Европа30 убиени во руски напад врз два автобуса во украинскиот град КраматорскНајмалку 33 лица се убиени во руски напад врз два патнички автобуси во Краматорск, во источна Украина.Најмалку дваесет луѓе се ранети во нападот, соопшти канцеларијата на регионалниот обвинител на Доњецк, регион каде се водат едни од најжестоките борби, а кој Русија сака да го анектира од Украина. Според украинските власти, руските сили гранатирале улица во Краматорск, кога биле погодени двата автобуса. Нападот следува ден откако откако повеќе од 20 луѓе беа убиени во руски воздушни напад и врз неколку украински градови, првенствено насочени кон енергетската инфраструктура..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЧетири клуба пред сите други дознале за одлуката за вината на Манчестер Сити?!Бурата околу скандалот поврзан со финансиското работење на Манчестер Сити не стивнува.Имено, четири клуба од Премиер лигата, пред сите останати, добија две важни известувања во врска со случајот што Премиер лигата го води против Манчестер Сити. Од сите претседатели на клубови било побарано да потпишат договори за доверливост пред да ги добијат документите поврзани со случајот на Премиер лигата против Манчестер Сити и одлуката на Независната комисија, која го прогласи Манчестер Сити за виновен по 114 точки за прекршување на правилата. Сепак, четири клуба ја добиле информацијата пред сите други. Оваа вест сега би можела да шредизвика земјотрес во англискиот фудбал. Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем биле информирани за одлуката на Независната комисија пред сите останати клубови. Исто така, истите четири клуба добиле известувања пред останатите, уште во 2024 година, за тоа како можат да поведат постапка за отштета против Манчестер Сити доколку Сити биде прогласен за виновен – што сега и се случи. Овие четири клуба се разликуваат и по тоа што претседателите на Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем не морале да потпишуваат договор за доверливост. Всушност, овие четири клуба биле информирани за одлуката порано од останатите токму затоа што пред две години им беше дадена можност да поведат правна постапка против клубот од „Етихад“. Се разбира, фактот што останатите клубови не добиле известувања за можното покренување на постапката во 2024 година, не значи дека не можат да го сторат тоа сега или откако ќе заврши жалбената постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook