Отворено 14. издание на традиционалниот Меѓународен џиу-џица турнир ,,Скопје Опен 2025” - Канал 5

Отворено 14. издание на традиционалниот Меѓународен џиу-џица турнир ,,Скопје Опен 2025”

 Во организација на Македонската џиу-џица федерација, денеска, во спортската сала „Гоце Делчев“ во општина Илинден беше отворено 14. издание на традиционалниот Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2025“.

Отворено 14. издание на традиционалниот Меѓународен џиу-џица турнир ,,Скопје Опен 2025”

Како што соопштуваат од Општина Илинден, на годинашниот настан учествуваат вкупно 23 клубови од седум држави, со повеќе од 280 натпреварувачи. Учествуваат екипи од Словенија, Србија, Република Српска, Црна Гора, Грција, Бугарија, како и голем број клубови од Македонија. Пополнети се, велат, вкупно 204 категории во борби и 38 категории во НеВаза, што претставува досега најголем обем на категории одржани на турнирот.

– Присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, коj официјално го означи почетокот на турнирот. Во своето обраќање, градоначалникот Георгиевски нагласи дека Општината континуирано ги поддржува спортските активности и додаде дека фактот што турнирот по четврти пат се одржува во Илинден е доказ за успешно партнерство и добра организација, се наведува во соопштението.

Ова спортско издание, додаваат, опфаќа натпреварување во голем број дисциплини и категории, во машка и женска конкуренција, како и за деца и возрасни.

– Љубителите на џиу-џицата имаат можност да следат динамични борби, натпревари во НеВаза и демонстрации на техники од дуо-системот. Во рамките на турнирот ќе се одржи и финалето на „Јадранската лига“, во кое ќе се натпреваруваат три женски и четири машки сениорски екипи. Општина Илинден останува посветена на поддршката на спортските настани и продолжува да создава услови за развој и промоција на спортот на локално ниво, стои во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Со помош од државата, винарските визби ќе го откупат целото винско грозје

Девет години сум градоначалник и деветта година учествувам во преговорите за откуп на грозјето. 

Јанчев: Со помош од државата, винарските визби ќе го откупат целото винско грозје

„Од утре ќе почне уште поинтензивно со откуп на грозјето, пред сѐ смедеревка и вранец.“, рече градоначалникот Митко Јанчев. „Оваа година покрај тоа што се реши законот за цени на винското грозје не е ништо полоша од претходните години.“

„Оваа Влада, односно министерот кој е дојден пред само два месеци им аат план за натамошен развој и на лозарството и на винарството. Таа параноја и луѓето кои сакаат да ја наметнат , а се надвор од лозарството и винарството ,сакам да демантирам и да кажам дека оваа година организацијата е на ниво, откупот е отпочнат.“ рече градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Селин Дион запеа на улиците на Париз заедно со обожувателите (ВИДЕО)

Селин Дион одржа импровизиран настап во Париз за обожавателите кои се собраа пред нејзиниот хотел. 

Селин Дион запеа на улиците на Париз заедно со обожувателите (ВИДЕО)

Пејачката отпеа еден од своите хитови со публиката, а видеото од настанот брзо се прошири.

Дион се појави пред публиката во тесен црн фустан со долг крзнен раб. Додека го пееше својот француски хит од 1995 година, „Pour que tu m'aimes encore“, таа комуницираше со публиката преку гестови и се нишаше во ритамот на музиката.

YouTube video

Концерти по паузата

Пејачката неодамна пристигна во Париз од својот дом во близина на Лас Вегас. Нејзиниот престој не е само одмор, бидејќи овој месец започнува серија концерти во арената „Париз Ла Дефенс“ во Нантер.

Планирани се вкупно 26 настапи за периодот од септември оваа година до мај 2027 година. Тоа е нејзината прва серија концерти откако ја откажа светската турнеја „Храброст“ за 2023 година, бидејќи ѝ беше дијагностициран синдром на вкочанета личност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Техеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на Иран

Иран изврши серија ракетни и напади со беспилотни летала врз американски цели во Јордан, Кувајт, Ирак и Бахреин, како одговор на американските напади врз Исламската Република.

Техеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на Иран

Јорданските вооружени сили соопштија дека пресретнале 13 балистички ракети, од кои 10 биле уништени, додека три паднале во оддалечени области. Иранските медиуми претходно објавија за интензивни напади врз јужен Иран по должината на брегот, како и дека најмалку четворица цивили биле убиени за време на свадба во градот Сирик, по нападите на американските сили во близина на Ормутскиот Теснец. Вашингтон негираше дека воено интервенирал врз цивилни цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер