Отворени се три групи на кои се споделуваат експлицитни фотографии - Канал 5

Отворени се три групи на кои се споделуваат експлицитни фотографии

Отворени се три групи на кои се споделуваа експлицитни фотографии кои се насловени „Јавна соба“. 

Отворени се три групи на кои се споделуваат експлицитни фотографии

Групите бројат над 5 000 членови. Се споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки.

Минатата година беа регистрирани околу 7.000 корисници кои си разменуваа експлицитни фотографии од девојки од Македонија, некои и малолетни кога минатата година полицијата наводно ја згасна групата на телеграм .

Од МВР за Канал 5 велат дека секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема соодветни мерки и активности во врска со случајот го пивикуваат секој граѓанин што е жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица , а МВР во координација со обвинителството презема соодветни мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќаен режим во Охрид од денеска до среда, по повод посетата на претседателката на Индија

Од денеска до 22 јули 2026 година кога индиската претседателка ќе престојува во Охрид, ќе се преземаат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај.

Сообраќаен режим во Охрид од денеска до среда, по повод посетата на претседателката на Индија

По повод престојната посета на претседателката на Индија на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека од денеска до 22 јули 2026 година кога индиската претседателка ќе престојува во Охрид, ќе се преземаат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај.

Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти за што се веќе остварени контакти со службите од локалната самоуправа како и со сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, со Јавните претпријатија како и со други релевантни субјекти.

Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, од денеска интензивно презема мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред сѐ по булеварот „Туристичка“, но и по другите патишта и сообраќајници каде не е дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Воедно, сообраќајното обезбедување ги опфаќа и останатите магистрални, регионални и локални патишта од Охрид кон Св. Наум, како и заштитниот појас на патиштата заедно со улиците во населените места и паркиралиштата во централното градско подрачје и во стариот дел на градот.

СВР Охрид апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот, имајќи ги предвид безбедносните мерки што се реализираат во врска со оваа значајна посета на индиската претседателка а своите моторни возила да ги користат во исклучителни случаеви или да користат алтернативни превозни средства, соопштуваат од СВР Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД насобираат воена опрема во Израел- планираат засилени напади на Иран

Соединетите Американски Држави го информираа Израел дека планираат да ја интензивираат својата воена кампања против Иран во наредните денови.

САД насобираат воена опрема во Израел- планираат засилени напади на Иран

Вашингтон, исто така, испрати порака до Тел Авив дека сака Израел да остане надвор од сегашната фаза на ескалација, објави во недела израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН. Извештајот се базира на изјави од неименувани израелски и американски безбедносни претставници.

Барањето на САД доаѓа и покрај проценките направени за време на стратешките консултации меѓу двата сојузници дека Иран би можел да го нападне Израел. Таквиот напад потенцијално би предизвикал израелски контранапад во Иран, сценарио што Вашингтон во моментов се обидува да го избегне.

Опремата пристигнува во Израел

Во исто време, САД го зајакнаа своето воено присуство во регионот. Во изминатите 24 часа, тие испратија дополнителна опрема и муниција во Израел во поддршка на американските борбени авиони. Како дел од подготовките за можни ирански напади врз американските интереси, повеќе од десет американски авиони пристигнаа во Израел од Европа и базата Ал Удеид во Катар за да се наполнат со гориво во воздух.

Израелскиот портал „Вала“, повикувајќи се на неименуван извор од израелските воздухопловни сили, пишува дека американската војска планира да распореди 100 авиони-танкери во израелските воени бази и аеродромот Рамон на југот на земјата. Изворот објасни дека секоја понатамошна ескалација на американските напади врз Иран би барала распоредување дополнителни американски авиони за полнење гориво во Израел.

Ескалација и покрај мировниот договор

Вала додава дека некои од овие авиони би можеле да летаат и од меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив. Според истите информации, 14 дополнителни американски авиони-танкери веќе слетале во Израел во текот на викендот.

Во последните денови, САД ги засилија нападите врз Иран, а Техеран возврати со напади врз објекти и бази за кои тврди дека ги користи американската војска во неколку земји во регионот. Новата размена на оган доаѓа и покрај меморандумот за разбирање потпишан од двете земји во јуни со посредство на Пакистан. Целта на договорот беше да се стави крај на конфликтот и да се постигне траен мир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Непланиран удар- делови на ракетата на Маск би требало да удрат во Месечината

Дел од ракетата Falcon 9, лансирана од SpaceX во јануари 2025 година, треба да ја погоди Месечината на 5 август.

Непланиран удар- делови на ракетата на Маск би требало да удрат во Месечината

Астрономот Бил Греј и американската вселенска агенција НАСА предупредија за оваа можност. Станува збор за непланиран пад на горната фаза на ракетата што носеше две летала за слетување кон Месечината, пишува Euronews.

На почетокот на јули, Виртуелниот институт за сончев систем на НАСА (SSERVI) беше домаќин на панел-дискусија за претстојниот удар. Набљудувачот на Месечината, Брајан Деј, за Space.com изјави дека Месечината е динамична средина и дека промените и ударите се случуваат редовно. Горната фаза на ракетата Falcon 9 тежи околу четири тони, а според истиот портал, таа моментално се движи низ вселената со брзина од повеќе од два километри во секунда.

Дали ударот ќе биде видлив од Земјата?

Во моментов се дебатира дали судирот ќе биде видлив од Земјата. Според некои проценки, објектот би можел да го погоди самиот раб на дискот на Месечината, како што се гледа од нашата планета. Во тој случај, добиениот облак од прашина би можел да биде осветлен од Сонцето и на тој начин да стане видлив. Сепак, НАСА верува дека шансите за ова се мали.

„Мислам дека ќе биде многу, многу тешко да се види, ако не и невозможно“, рече Вилијам Кук, еден од презентерите во агенцијата, како што објави агенцијата ДПА.

Можниот судир беше пресметан за прв пат во септември минатата година. Пресметката ја направи астрономот Бил Греј од Проектот Плутон, автор на софтверот за астрономија „Гујд“ што се користи за следење на објекти во близина на Земјата. Неговата програма предвиде удар за 5 август 2026 година. Поранешните анализи дури сугерираа дека судирот е можен во март, за што пишуваше и „Нешнал Џиографик“. Греј истакнува дека самиот настан не претставува никаква опасност.

Тоа не беше дел од планот на мисијата

Сепак, поради зголемената количина на вселенски отпад, ваквите инциденти може да станат почести. Сличен се случи пред четири години, кога сликите од сондата „Лунар Реконнејсанс Орбитер“ го забележаа ударот на отпадот врз Месечината. Во тоа време, НАСА се сомневаше дека станува збор за дел од стара кинеска ракета, но Кина ги отфрли тие тврдења. Ударите на Месечината се случуваат и за истражувачки цели, но тие секогаш се планирани.

Планираниот судир на 5 август не беше дел од планот на мисијата. Компанијата на Илон Маск сè уште не одговори на барањето на ДПА за коментар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер