Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
1Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
3Македонски концепт: Прославувањето на српското освојување на Македонија е навреда за македонскиот народ
Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
2Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
3Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
КултураОтворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во СкопјеОтворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во Скопјe.— Лабораторијата за индустриски дизајн при Машинскиот факултет во Скопје, во соработка со „Култур код“, ги поканува сите заинтересирани да се пријават за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“, која ќе се одржи во периодот од 13 октомври до 3 ноември 2026 година. Работилницата се реализира во рамки на проектот „КОРЕНИ, КОДОВИ И ИДНИНАН – културен континуитет во применетиот дизајн“, финансиран од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија кој има за цел да направи спој помеѓу богатото културно наследство и современите дизајнерски и технолошки пристапи. Спој на традицијата, 3Д технологијата и одржливоста Програмата опфаќа четири интензивни предавања планирани во Лабораторијата за индустриски дизајн. Учесниците ќе имаат можност да истражуваат клучни поглавја од македонската култура и традиција, како и да се стекнат со практични знаења од областа на: - Tрадиционални техники и мотиви во изработка на модни додатоци и домашен декор, - 3Д моделирање и дигитално обликување, - Изработка со современи технологии, - Еколошка одржливост (соодветен избор на материјали и технологии). По завршувањето на теоретскиот и практичниот дел, преостанатиот период до 3 ноември е предвиден за самостојна и тимска работа со континуирана менторска поддршка од експерти. Можност за финансирање и пазарно пласирање на најдобриот дизајн Работилницата ќе заокружи со завршна презентација на идејните решенија пред стручно жири. За најдобриот концепт/дизајн е обезбедена финансиска поддршка за изработка на прототип, како и можност за негова промоција и комерцијално пазарно пласирање. Начин на пријавување Учеството е бесплатно, но поради ограничениот број места, задолжителна е претходна регистрација. - Краен рок за пријавување: 10 октомври 2026 година - Линк за регистрација: https://forms.gle/DygseWuVPZxtcrKWAКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешки стек со компириВо вторник (20.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Велина Стаменковиќ.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. мали компири 3 лажици маслиново масло 30 гр. путер 3 парчиња пилешки стек 4 лажици кечап 4 лажици мајонез 1 лажиче сол половина лажиче бибер малку рузмарин, лук во прав и магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите Најголемото дерби во Турција, помеѓу Фенербахче и Галатасарај, заврши со тепачка меѓу играчите на теренот.Најголемото дерби во Турција заврши со победа на Галатасарај над Фенербахче (2:1), но натпреварот го одбележа хаос што настана веднаш штом судијата го означи крајот – и тоа меѓу фудбалери. Прво дојде до кошкање, а потоа и до физички судир меѓу Арчи Браун и Абдулкерим Бадакчи. Тие почнаа да разменуваат удари, паднаа на земја, а соиграчите и членовите на стручниот штаб веднаш интервенираа за да спречат уште посериозни инциденти. Galatasaray- Fenerbahçe maç sonu çıkan kavganın en net açısı… Archie Brown,Abdülkerim bardakçı’ya arkadan saldırıyor. Apoda gereğini yapıyor.. https://t.co/yGbH9p6utj — 1905𝑅 𝐼̇ 𝑇 𝐼̇ 𝑀 𓃬 (@1905ritim) October 26, 2026 Во еден момент, ситуацијата целосно излегла од контрола. До тој степен што полицајци морале на влезат на теренот за да спречат уште поголема тепачка. Играчите никако не можеа да се смират – имаше шутирање, туркање, закани... Јасно е дека федерацијата ќе отвори истрага и дека ќе следат строги казни. Што се однесува до самиот натпревар, Виктор Осимен постигна два гола за победничкиот тим, додека Ирфан Кавеџи беше стрелец за гостите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Кој ја обликува праведната зелена транзиција“, во рамки на Социо-еколошкиот форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, каде ги претстави локалните политики и конкретните чекори што ги презема општината за енергетската транзиција, заштитата на зеленилото и унапредувањето на јавните простори. Тој посочи дека општината со формирањето на „Енергија Центар“ во 2023 година, првото општинско претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, стана лидер во процесот на енергетската трансформација. „Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Следен објект е ООУ „Димитар Миладинов“, каде по завршувањето на реконструкцијата на покривот ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи. Наша цел е до крајот на мандатот сите образовни објекти под надлежност на Општина Центар да добијат фотоволтаични централи“, истакна Герасимовски. Градоначалникот нагласи дека зелената транзиција подразбира и јавни простори што се пристапни за сите, вклучително и за постарите лица, лицата со попреченост и родителите со детски колички. Затоа, граѓаните треба да бидат вклучени уште во фазата на планирање, а не само да се консултираат откако проектите ќе бидат подготвени. Општина Центар располага и со Зелен катастар и ГИС-портал, преку кои се евидентира, следи и планира зеленилото врз основа на конкретни податоци. Овие алатки овозможуваат подобар увид во состојбата со зелените површини и поодговорно планирање на нивната заштита и унапредување. „Зелената транзиција не е само прашање на екологија и енергија. Таа е прашање на еднаквост, достапност и квалитет на живот. Ако сакаме навистина зелен и праведен град, мора да го градиме заедно со граѓаните, а не само за нив“, порача Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook