Отворени културно-научните средби „Десет дена Крушевска Република“ - Канал 5

Отворени културно-научните средби „Десет дена Крушевска Република“

На Гумење во Крушево синоќа свечено беше отворена манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“. На отворањето присуствуваше и претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

Отворени културно-научните средби „Десет дена Крушевска Република“
На платото на Гумење до столбот на Крушевската Република од центарот на Крушево пристигнаа коњаницата и делегациите предводени од градоначалникот на Крушево Ѓорѓи Дамчески и од потпретседателот на Манифестацијата Маноил Јаковлевски. Околу 50 коњаници ги поминаа врвиците на славните илинденци.

- Им благодарам на сите учесници и поддржувачи на Илинденскиот марш што беа со нас и помогнаа да стигнеме во Крушево. Мотивот започна уште од далечната 1978 година кога сите на возраст од 21 до 23 години тргнуваа од Горно Лисиче за да го одбележат празникот по патеките на славните илинденци. Го обновивме Илинденскиот марш. Секоја година ни се придружуваат и други коњаници од Свети Николе, од Бигорскиот манастир, од други градови Штип, Гевгелија. Вкупно сме околу 50 коњаници, изјави Гоце Трпкоски, генерален секретар на здружението „Илинденски марш“.

Делегациите на локалната самоуправа, на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република и на коњаниците положија цвеќе на средината во криптата на илинденските востаници, пред бистата на Веле Марков, на гробот на Питу Гули, пред споменикот на партизанските гробишта и на гробот на Тоше Проески.

Во своето обраќање пред присутните градоначалникот на Крушево, Ѓорѓи Дамчески нагласи дека годинава прославуваме два јубилеја - 111 години од Илинденското востание и 70 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ кое ги сплоти генерациите илинденци во создавањето на македонската држава.

- Слободата не дојде сама, за неа се изборија генерации македонски револуционери и дејци десетлетија пред тоа. Слободата и државноста не ни ги подари никој, неа ја извојувавме ние самите. Првиот Илинден 1903 година е задушен со крв, вториот Илинден 1944 година конечно е крунисан со вековниот сон на македонскиот народ за сопствена држава, рече Дамчески.

Според него, судбоносниот Илинден опстојува зашто иако сме мали можеме да кренеме глава, да пуштиме глас и да избориме свое место под сонцето.

- Со еден збор, Илинден ни е светост, икона, реликвија што докажува дека не има. Тоа е традиција што не обединува, што не задолжува и не испирира. Колку што се поголеми нападите да не снема како народ и држава, толку е поголемо значењето на Илинден како штит, како браник кон сон, рече Дамчески.

За потпретседателот на Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ Маноил Јаковлевски Илинденското востание и создавањето на Крушевската Република е еден од најсветлите и најсилните манифестации како спомен од херојската борба на македонскиот народ за слобода и независност.

- Илинденското востание беше историски настан без преседан, повик до сите обесправени, без оглед на вера и нација да застанат заедно пред знамето на востанието. Формирањето на Крушевската Република претставува аманет да не заборавиме кои сме и што сме, рече Јаковлевски.

Аманетот на првиот Илинден, нагласи, беше исполнет со вториот Илинден 1944 година.

- Ако во 1903 година на првиот Илинден македонскиот народ во Крушево ја формира првата демократска Република на балканот, ако на вториот Илинден во манастирот „Прохор Пчински“ ги положи темелите на македонската државност, тогаш на 8 септември 1991 година македонскиот народ се стекна со целосна самостојност, независност и сувереност, рече Јаковлевски.

Тој им порача на крушевчани во наредните 10 дена да бидат добри домаќини.

- Пречекајте ги гостите со насмевка, покажете им дека во ова славно Крушево разликите меѓу луѓето не се проблем, туку предност за дружење и хармонија, рече Јаковлевски, прогласувајќи ги Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“ за отворени.

На отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ беше прочитан Манифестот на Републиката, а потоа на столбот на Крушевската Република на Гумење беше издигнат бајракот на Републиката.

На Гумење настапија и Ѓоко Таневски, музичката група „Црешово топче“ и групата „Нова бенд“. Отворањето на Манифестацијата заврши со огномет и со импровизирано пукање од црешовото топче./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

Снимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил.

За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“.

Фановите се прашуваат дали сè е во ред

„Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“.

Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици.

„Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет.

Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“.

Што го предизвика тоа?

„Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување.

Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура.

Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки.

„Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот.

Кој беше засегнат?

Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот.

Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта.

Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции.

Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Француската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците.

22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“.

Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти.

Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот.

Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите.

Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер