ЕвропаОтворени избирачките места во УнгаријаИзбирачките места во Унгарија ги отворија вратите утрово за парламентарните избори во земјата, кои ќе го одредат составот на 199-членото Национално собрание.Гласањето се одвива во целата земја, при што се очекува милиони гласачи да го искористат своето право на глас во рамките на изборниот ден. Унгарците ги избираат своите народни претставници за десеттиот состав на парламент по демократските промени од 1990 година. Гласањето се одвива во услови на тесна трка меѓу владејачката партија ФИДЕС на премиерот Виктор Орбан и опозициската формација ТИСА на Петер Маѓар, при што изборите се сметаат за клучни за политичката иднина на земјата. Изборниот процес во Унгарија е целосно со хартиени ливчиња, при што гласовите се пребројуваат на место во избирачките места, а резултатите се внесуваат во официјални протоколи. Се очекува гласањето да продолжи до 19:00 часот навечер, а првите официјални резултати ќе започнат да се објавуваат кратко по затворањето на гласачките места. Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победатаЗаврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ За 21 часот државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор кјруг за градоначалник во Брвеница.. ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Жешка одбојкаркаАтрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм. Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа. Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм. Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами. На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок. Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата. За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил. Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАлта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter