Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ
1Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ
МакедонијаОтворени до 7 октомври годинава апликациите за Чивнинг стипендии за едногодишни постдипломски студии на Владата на ОКАпликациите за престижните стипендии Чивнинг за едногодишни постдипломски студии во Обединетото Кралство се отворени од денеска до 7 октомври 2025 година. Заинтересираните кандидати апликациите можат да ги поднесат преку онлајн формуларот за аплицирање на www.chevening.org/apply. Како што информираат од Британската амбасада, програмата нуди целосно финансирани магистерски студии на универзитети во Обединетото Кралство за поединци кои се подготвени да предводат позитивни промени во своите матични земји и во светот. Чивнинг стипендиите се дел од глобалната програма на Владата на Обединетото Кралство, финансирана од Министерството за надворешни работи, комонвелт и развој. Стипендиите поддржуваат студирање на британски универзитети за едногодишни магистерски студии за индивидуалци кои покажуваат потенцијал да станат идни лидери, носители на одлуки, и креатори на мислење. Посочуваат дека стипендијата овозможува целосна финансиска поддршка за едно годишни магистерски студии на било кој универзитет во Обединетото Кралство и притоа овозможува да се стекнете со ексклузивни академски, професионални и културолошки искуства. Повеќе од 40 години, Чивнинг привлекува стотици илјади апликации низ целиот свет. Успешните кандидати се поединци кои јасно можат да демонстрираат извонредни лидерски способности, како и способности за влијание и вмрежување преку убедливи примери кои се поткрепени со докази. Метју Лосон, британски амбасадор во Северна Македонија потенцираше дека високо конкурентниот процес на селекција на Чивнинг гарантира дека оние кои се избрани да станат стипендисти на Чивнинг се најпаметните и најмотивираните поединци од целиот свет.“ -Алумните на Чивнинг го користат своето образование од светска класа, глобалните мрежи и самодовербата стекната во Обединетото Кралство за да создадат значајна, трајна промена по нивното враќање дома, без разлика дали тоа го прават преку справување со глобалните предизвици или преку остварување на реално влијание во сопствените заедници. Доколку јасно можете да покажете дека ги поседувате потребните вештините за да им се придружите - извонредни лидерски способности, како и способности за влијание и вмрежување - ве охрабрувам да аплицирате. Доколку сè уште не сте стигнале до тоа ниво, ве охрабрувам да одвоите време за да го изградите искуството што ќе ја направи вашата апликација конкурентна. Постојано сум инспириран од посветеноста и мотивацијата на заедницата на Чивнинг и со нетрпение очекувам да видам што ќе донесе следната генерација лидери, посочува Лосон. Потенцијалните кандидати можат да ги поднесат своите апликации преку chevening.org/apply. Пред да аплицираат, кандидатите се охрабруваат да ги разгледаат достапните ресурси на chevening.org/guidance и да проценат дали се подготвени да поднесат конкурентна апликација. Од почетокот на програмата во 1983 година, над 60.000 професионалци ги унапредиле своите кариери преку Чивнинг, што е показател на посветеноста на Обединетото Кралство за развој на лидерите на утрешнината. За детални информации во врска со критериумите за подобност и спецификите за стипендиите, посетете ја страницата chevening.org.Тагови: стипендии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСерафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГДодека Давор Мацура седи во притвор во Србија за изнесени близу 400 милиони евра и сомнежи за печатење лажни банкноти од 500 евра, во Македонија ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја бранат Алта банка. Латас, Бетмен и други квази-експерти излегуваат да ја бранат Вучиќевата пералница на пари. Да го бранат банкарот на Мицкоски. Сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ. Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка. Тоа е целосна манипулација. Станува збор за пакет од 7.213 акции (околу 1,85% од капиталот на Стопанска банка АД Битола) што државата ги конфискуваше од Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ со правосилната пресуда за случајот „Империја“. Одлуката од 6 јуни 2023 година е само редовна законска процедура според Законот за управување со конфискуван имот — формална согласност Агенцијата за управување со одземен имот да ги продаде запленетите акции за да влезат пари во буџетот. Истиот ден се дадени идентични согласности и за други запленети акции. Овие акции воопшто не беа продадени во мандатот на СДСМ. Алта банка тогаш воопшто не беше присутна во државата. Влезот на српската Алта банка и преземањето на Стопанска банка се случија во есента 2025 година со одлука на Мицкоски и неговата власт. Запленетиот пакет беше продаден на Алта банка во јануари 2026 година за околу 375.000 евра. Повторно фатени во лага. Мицкоски ја внесе Вучиќевата Алта банка во Македонија. Трајко Славески му даде дозвола, јавно призна, во консултација со Мицкоски. Парите на јавните претпријатија и на граѓаните завршија таму исто така со одлука на владата на Мицкоски. Сега кога во Србија се отвораат истрагите, ВМРО-ОКГ се обидува да го заташка скандалот. Нема да помине. СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот и против сите инволвирани. Следува одговорност! Затоа ВМРО, Латас и Мицкоски ги бранат Вучиќ и Мацура — својот шеф и својот банкар. Така изгледа кога власта е дел од мафијашки синдикат, дел од балканскиот картел. Вистината излегува. Бандата ќе одговара. Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан Тагови: Маја Серафимовска -Борозан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрама на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багажДвегодишно дете накратко исчезна на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Израел откако се качило на лента за багаж и пешачело неколку метри до местото каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.Инцидентот се случил во четврток, кога семејство кое се подготвувало за лет за Ларнака, Кипар, се соочило со исчезнувањето на своето дете, објави денес Канал 12. Откако родителите не успеале да го пронајдат детето, ја известиле полицијата, која започнала потрага по исчезнатото дете на аеродромот. Двегодишното дете било пронајдено неколку минути подоцна на лента за багаж, каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони. Аеродромските власти соопштија дека детето е пронајдено неповредено и во добра состојба, откако пешачело само неколку метри на лентата. Во соопштението се наведува и дека детето не било под надзор на своите родители во времето на инцидентот. Израелските аеродромски власти започнале истрага за да ги утврдат околностите на инцидентот, а според извештаите на медиумите, полицијата ја разгледува и можноста за покренување истрага. Извор: Б92Тагови: аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕОТоварен авион на „UPS“ и авион на „Copa Airlines“ се судрија на пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во текот на ноќта, при што беа повредени две лица.Во судирот учествуваа „Boeing 767“ на „UPS“ и „Boeing 737“ на „Copa Airlines“, објави „CBS“. „Околу 21:15 часот, авион што пристигнуваше и се повлекуваше се судрија на раскрсницата на две писти“, вели Грег Чин, директор за комуникации на меѓународниот аеродром во Мајами. 🚨 JUST IN: First video of the damage following a tarmac collision between a UPS 767 and Copa Airlines 737 at Miami International Several injuries reported on the Copa 737 But thank God this wasn’t more severe 🙏🏻 https://t.co/dAootpX9Hm — Nick Sortor (@nicksortor) November 15, 2026 Чин вели дека противпожарната служба на Мајами им пружила помош на двајца пациенти на местото на настанот за полесни повреди и дека не им бил потребен медицински превоз, како и дека летовите биле пренасочени кон други писти, па судирот не влијаел врз работењето на аеродромот. Карго авионот на „UPS“ требало да полета од Мајами до Богота, Колумбија, а авионот на „Copa Airlines“ слетал од Панама Сити, Панама.Тагови: авион Мајами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter