Отворени четири интернет-изложби за древната кинеска култура и писменост - Канал 5

Отворени четири интернет-изложби за древната кинеска култура и писменост

Музејот „Гансу Џијанду“ во северозападната кинеска покраина Гансу отвори четири интернет-изложби поврзани со древната Џијанду-култура.

Отворени четири интернет-изложби за древната кинеска култура и писменост

Називот „Џијанду“ се однесува на бамбусовите или дрвени листови на коишто Старите Кинези пишувале со четки и мастило пред да се измисли хартијата.

- Експонатите вклучуваат слики со висока резолуција од артефакти во музејот, придружени со подробни пишани и гласовни објаснувања што ќе ѝ помогнат на јавноста подобро да ги разбере изложените предмети, појасни Су Руи, заменик-кустос на Музејот.

Ова дигитално искуство нуди и предизвици со загатки и игри со Џијанду, чија цел е привлекување млади посетители.

Ова е единствениот кинески провинциски музеј со нагласка на древната писменост и старите начини на запишување. Има збирка од речиси 40.000 дрвени и бамбусови листови од времето на династијата Ќин (221 - 207 г. п.н.е.) до Сима Јин (265 - 317 г. н.е.), а исто така и над 10.000 други артефакти - папирус, текстил, дрвени и лакирани садови и железен прибор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во Гостивар

Кризата со водата во Гостивар премина во здравствена катастрофа.

СДСМ: Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во Гостивар

Пациентите од Гостивар се пренесуваат во Тетово за операции и породување.

Стерилизаторите не работат поради загадената вода.

Операции, ортопедија, гинекологија, урологија - сѐ е блокирано.

Здравјето и животите на граѓаните се директно загрозени.

Мицкоски и Клековски сѐ уште одбиваат да ја кажат вистина.

Нема официјален документ со кој се потврдува дека водата е чиста - затоа што никој не сака да потпише и да преземе кривична одговорност.

Водата беше прогласена за „технички исправна“ само затоа што Мицкоски тоа го рече.

Сакаше да изгледа како спасител.

Резултатот: граѓаните се капеа и ги миеја садовите со вода во која има опасна бактерија.

Три цистерни вода за град од 50.000 жители.

Тоа е сѐ што понудија.

Сега ја отруја и болницата.

Го загрозија целото население.

Одговорноста е јасна: Христијан Мицкоски и министерот Клековски.

Обвинителството мора веднаш да реагира.

Ова повеќе не е само неспособност.

Ова е загрозување на здравјето и животите на илјадници граѓани.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албански „Топ ченел“: Двајца државјани на Македонија прогласени за „персона нон грата“ во Албанија

Министерството за внатрешни работи на Албанија прогласи за „персона нон грата“ двајца Албанци од Македонија, поради сомневања дека вршеле активности спротивни на интересите на албанската држава.

Албански „Топ ченел“: Двајца државјани на Македонија прогласени за „персона нон грата“ во Албанија

Станува збор за имамот Бекир Халими и Ваљон Белја. Според информациите објавени од албански Топ ченел, одлуката за нивното прогласување за „нон грата“ следувала по информации на антитерористичките служби дека тие претставуваат закана за безбедноста на земјата и граѓаните на албанија. Наредбата на министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, била испратена до државната полиција и граничните структури за спроведување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај на Западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба

Нов сомнителен случај на западно-нилска треска е пријавен на Клиниката за инфективни болести во Скопје. 

Нов случај на Западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојба

Во моментов на инфективна се хоспитализирани десет пациенти кај кои е потврдено присуство на вирусот западен нил, и уште седум пациенти кои се водат како клинички суспектни иако резултатите од ПСР тестовите се негативни, информира директорот на Инфективна, Фадил Цана.

Инкубацијата на болеста, како што информира инфектологот Цана трае до 14 дена, и тешко е да се предвиди како ќе се одвива болеста. Но според досегашното искуство помладите и здрави луѓе каснувањето од комарецот го поминуваат без никакви симптоми.

Тројцата пациенти се уште се во критична состојба, со воспаление на мозокот и се приклучени на машина за механичка вентилација. Најголем дел од нив се на возраст околу 60 години и не патувале надвор од државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер