3Иран до земјите од заливот: Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војната
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
1Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
КултураОтворени 59-тите Струшки вечери на поезијатаСо читање на антологиската „Т'га за југ" на македонски, албански, англиски и француски, синоќа во хотелот Дрим во Струга започнаа 59-тите Струшки вечери на поезијата. Во услови на пандемија, со максимално почитување на протоколите, најстариот поетски фестивал во светот ја продолжи традицијата, преку видоизменето или хибридно издание. Оваа година на фестивалот учествуваат 20 странски поети со видео читања и 20-тина домашни поети. „ Т`га за југ“ создадена во само-изолација станува препознатлив белег на Фестивал што во светски рамки ја остварува идејата за соборност и заедништво преку поезијата. И во времето на Студената војна и блоковската поделеност кога Струшките вечери беа место каде што и најлутите непријатели ги испраќаа поетите како емисари на мирот, и сега, во време на глобална пандемија кога поетите од странство принудно не се физички присутни, но се присутни со помош на современата технологија. Затоа сме ние тука, да го одржиме пламенот на Фестивалот и надежта дека следната година Струшките вечери ќе продолжат со својата вообичаена и препознатлива програма “ – рече Богомил Ѓузел упатувајќи ја поетската порака до светот. Поздравувајќи ги присутните, директорот на фестивалот Тодорче Тасевски истакна: „На оваа изнудена дистанца ќе и се спротивставиме со моќта на поезијата, уште од самите почетоци, да нѐ собере околу едно заедничко средиште од кое Поетот со неговата дарба ги преобразува зборовите во орудија на Убавината . Но, ќе се спротивставиме и со моќта на современата технологија да ја совлада оддалеченоста и да ни ги приближи и поетите што вечерва се спречени да присуствуваат физички. Па сите заедно, да го почувствуваме одново восхитот пред моќта на Зборот да го исполни со смисла Просторот што се протега меѓу нас и најоддалечените соѕвездија“ – рече Тасевски. Денешниот втор ден на СВП започна со претставувањето на минатогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ – Јовица Ивановски за стихозбирката „Човек“. За него и неговата поетика говореше проф.д-р Соња Стојменска Елзесер, а стиховите на англиски јазик ги читаше неговиот препејувач Зоран Анчевски. Терминот за наградата „Браќа Миладиновци“ продолжи со претставувањето на петмината кандидати кои влегоа во најтесниот годинашен избор: Пајо Авировиќ за стихозбирката „На погрешната страна“, Андреј Ал-Асади за „Небесна геометрија“, Долорес Атанасова-Лори „Небо во кафез, Ива Дамјановски „Двоумење“ и Јосип Коцев „Музеј на чувствата“. Добитникот на најпрестижното поетско признание за најдобра поетска книга меѓу два фестивала ќе биде соопштен утре, недела во 10 часот и 30 минути. Традиционално, СВП во соработката со Агенцијата за иселеништво ја доделуваат и наградата „Стојан Христив“за најдобар поет од дијаспората. Годинашен добитник е Тања Кармзова Костиглоа од Франција за нејзината збирка „Дваесет и еден грам“. За наградата одлучуваше жири во состав: Христо Петрески (претседател), Митко Гогов и Драгана Евтимова – членови. Вечер во 20.30 е претставувањето на годинашниот добитник на „Златен венец“, израелскиот поет Амир Ор. Во неможност да присуствува на фестивалот лауреатот и вечерва ќе има видео обраќање и поетско читање. Стиховите на македонски јазик ќе ги интерпретира Зоран Анчевски кој е автор и на препевот за ексклузивното издание на поезијата на Ор. Вечерта ќе биде заокружена со видео претставување на поети од европската поетска платформа Версополис, чиј член е и СВП, а потоа следи и поетски слем со петмина македонски поети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПтица – комарец – човек – како западно нилската треска доби епидемиски размери? Птиците одсекогаш биле резервоар за болеста нилска треска, од која и заболуваат. Посебно од нилска треска се подложни грабливите птици, најчесто чавка и гаврани, објаснува специјалист по птици Методија Велевски од Македонското еколошко друштво. Она што посебно е важно е да се знае дека вирусот не минува од заразена птица на човек туку само посредник е комарцот. „Потребни се комарци, за да практично преку крвта на овие болни птици го пренесат вирусот понатаму. Причина е повеќе опстојувањето на комарците во оние застојани води каде што се размоножуваат во голем број и веќе се чуствуваат последиците од климатските промени. Порано се размножуваат тигристите комарци и поуспешно ги поминуваат зимите и остануваат во летото каде се во контакт со луѓето“, објаснува за Канал 5, Методија Велевски оринтолог македонско еколошко друштво. Велевски ги истражува птиците нивниот живот но и преселби во преспанскиот регион. Тој вели дека климатските промени не се иднина, тоа реалниот живот и причина за дел од птиците преселници кои се хранат со комарци остануваат на јужната хемисфера заради климатските промени и можно е во иднина комарците да се ги има во поголем број. Прскањето е можеби едно решение, но поважно е да се делува на места со застојана вода и чистење на каналите на време и едукација за заштита од комарци кај граѓаните. „Некои птици посебно се тука ластовичките и пиштарките се природни регулатори на бројноста на комораците. Меѓутоа и многу други организми посебно виленските кончиња се одлични ловци на комарци и тие прскања се меч со две острици“, вели Велевски. Од АХВ објаснуваат дека имаат стотини пријави за умрени птици од граѓани и апелираат да не се прави паника. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населениетоДваесет и четиригодишник од Центар што планинарел и најверојатно е каснат од инфициран комарец со западно нилска треска на повисоките предели е најмладиот пациент задржан на лекување на Инфективната клиника со воспаление на мозокот.Дваесет и четиригодишник од Центар што планинарел и најверојатно е каснат од инфициран комарец со западно нилска треска на повисоките предели е најмладиот пациент задржан на лекување на Инфективната клиника со воспаление на мозокот предизвикан од вирус. Кај него нема посериозни компликации како што има кај петмината пациенти кои се повозрасни и имаат придружни болести, а се приклучени на апарати за дишење. Здравствените власти велат дека само во последната недела регистрирани се 12 нови случаи на западно нилска треска. Од регистрираните 38 случаи, од кои во моментов 2 се водат како веројатни, 28 се машки, а 10 се женски, во просек на 67 годишна возраст, засега нема регистрирано заразени деца. Додека во општина Петровец и Гази Баба, поточно жаришта каде што е прогласена епидемија на жителите кои имаат над 60 години веќе им стигнуваат СМС пораки со насоки како да се заштитат, од здравство тврдат дека освен Студеничани, сите општини прскале против комарци. Најмногу и најрано е прскано во Илинден, каде што досега има три случаи, а во Студеничани каде дезинсекција годинава не се ни спровела има 2. Клековски не гледа проблем во ефективноста на сретствата што се употребуваат. Додека водените површини како езерцето во парк и Смилковското деновиве се таргет на прскање против комарци, Клековски упати и апел до сите општини да ги проверат хидрантите и да внимаваат на површините каде што може да има задржување на вода што може да придонесе за размножување на комарците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСтрашна несреќа во Бразил: Најмалку 22 мртвиНајмалку 22 лица загинаа во судир помеѓу минибус и камион на автопат во бразилската држава Парана, соопшти денес Федералната сообраќајна полиција.Уште пет лица се повредени во несреќата, која се случи рано утрово, објави „CNN“. Повеќето од загинатите биле патници во минибус кој припаѓал на здравствената служба на општината Имбитува. Возачот на камионот, исто така, починал. Повредените се однесени во болниците во Понта Гроса. Минибусот патувал од Имбитува до болниците во пошироката област Куритиба, додека камионот патувал од Карамбеј до Прудентополис. Acidente entre ônibus da Saúde e caminhão deixa 22 mortos na BR-373, em Ipiranga Um grave acidente envolvendo um micro-ônibus da Secretaria de Saúde de Imbituva e um caminhão deixou ao menos 22 pessoas mortas na madrugada desta quarta-feira (19), na BR-373, em Ipiranga Pr pic.twitter.com/r6T6hdDp2p — São José Alerta (@saojosealerta) August 19, 2026 На местото на несреќата интервенирале членови на Федералната сообраќајна полиција, цивилната полиција, брзата помош, противпожарната служба и екипи од концесионерот Виа Араукарија, кој управува со делницата. Фото: XТагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook