Отворeни 45. Мајски оперски вечери со премиера на Вердиевата „Травијата“ - Канал 5

Отворeни 45. Мајски оперски вечери со премиера на Вердиевата „Травијата“

Со премиера на „Травијата“ од Верди, нова постановка во режија на Верена Штојбер од Германија и со сопранистката Ана Дурловски во насловната улога вечерва беа отворени 45. Мајски оперски вечери. Претставата ќе биде репризирана на 11 мај.

Отворeни 45. Мајски оперски вечери со премиера на Вердиевата „Травијата“
Фестивалскиот оган на 45. Мајски оперски вечери го запали првенецот-тенор Ѓорѓи Цуцковски.

На отворањето присуствуваа претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, и други личности од јавниот живот во земјата.

На фестивалската програма годинава се пет оперски и три балетски претстави, два солистички рецитали и две изведби на мјузиклот „Тајно моја“, а покрај македонски изведувачи, ќе настапат и гости од повеќе земји.

„Травијата“ е најавена како ново читање на најпопуларната и најизведувана опера во МОБ. Овојпат е во режија на Верена Штојбер од Германија, сценограф и костимограф е Софија Шнајдер, кореограф е Саша Евтимова, а диригент Џанлука Мартиненги од Италија.

Режисерката Штојбер на прес-конференција по повод премиерата рече дека идејата и била на сцената да прикаже „нормални“ луѓе, не кралеви и бајковни ликови, и да ги пренесе нивните емоции и вистинската приказна.

Според неа, Ведри е еден од најголемите раскажувачи на сите времиња кој со „Травијата“ ги крши табуата и дозволува главниот карактер во операта да биде жена со низок морал, љубовница.

- Јас не го оправдувам лицемерието на патријархалното општество во кое не е проблем мажите да имаат жени и девојки на страна, но е проблем кога некој, а во случајот на „Травијата“ тоа е Алфредо, ги прекршува правилата и се вљубува во една од љубовниците, и дури и полошо – решава да живее со неа, смета Штојбер, која приказната ја осовременува затоа што, како што рече, таа соодветстува и денес, на пример во политиката, каде некои мажи имаат семејства, но и ескорт дами.

Сценографката и костимографка Шнајдер додаде дека направила сцена која би била актуелна и денес, иако операта е од средината на 19 век. - Сцената се врти и се прикажуваат разни простори кои отсликуваат различни аспекти на општеството, рече Шнајдер.

Сопранот Ана Дурловски истакна дека со новата „Травијата“ публиката во Скопје ќе може да види повисока оперска класа и театар каков што се прави во Германија, каде ликовите и нивните релации се подлабоки. Таа соработувала со режисерката Штојбер во ист ансамбл во Германија, меѓу другите и за операта „Травијата“.

- Посебно ме радува што во лет го фативме тимот на Штојбер која е добитник на „Ring Award“ - една од најголемите награди за режија во светот. Ме радува и тоа што во кастингот се македонски солисти, рече Дурловски која ќе го игра ликот на Виолета Валери.

Покрај неа ќе настапат и: Дарко Нешовски (Алфред Жермон), Борис Трајанов (Жорж Жермон - во оваа улога во репризата на 11 мај ќе настапи Марјан Јованоски), Николина Јаневска (Флора), Александра Лазаровска-Василевски (Анина), Владимир Саздовски (Барон Дуфол), Драган Ампов (Маркиз Д’Обињи), Дамјан Попоски (Гастон), Борко Биџовски (Гренвил), Игор Гиновски (Џузепе), Ернес Ибраимовски (Комесарио), како и оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на МОБ.

По репризата на „Травијата“ на 11 мај, следен фестивалски термин е 13 мај и операта „Севилскиот бербер“ на Росини во изведба на Српско народно позориште од Нови Сад, а следниот ден (14 мај) ќе гостува Опера Нова од Киев со операта „Јов“.

На 28 мај е „Мадам Батерфлај“ од Пучини во изведба на Националниот театар на операта и балетот од Тирана и на 31 мај Мајските оперски вечери традиционално ќе завршат со Вердиевата „Аида“, а оваа година во главните улоги ќе бидат солисти од Турската државна опера од Истанбул.

Балетските изведби ќе почнат утревечер (10 мај) со претставата „На пат“ на Хрватско народно казалиште од Сплит, по музика на Јохан Себастијан Бах на македонскиот кореограф Игор Киров. На 20 мај е балетот „Лебедово езеро“ на музика на Чајковски, на кој со солистите и балетскиот ансамбл на МОБ ќе настапи Оркестарот на Државната опера од Пловдив, а на 26 мај ќе биде изведен балетот „Клеопатра“.

По шесте прикажувања на „Тајно моја“, во март и во април, мјузиклот посветен на Тоше ќе има две изведби и во рамки на Мајските оперски вечери - на 16-ти и на 17 мај.

На фестивалот ќе бидат одржани и два солистички рецитала со првенци на МОБ - на 18 мај е сопранот Весна Ѓиновска-Илкова во придружба на пијанистката Кристина Светиева, и на 23 мај - басот Игор Дурловски придружен од пијанистот Дино Имери. Од МОБ најавија и настан за најмладите - претставата „Пролетна приказна“ на музика од Стојан Стојков и настап на детскиот хор „Фалсето“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер