Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
КултураОтворена Меѓународната ликовна манифестација „Зимски Салон“ на ДЛУМ Mеѓународната ликовна манифестација „Зимски Салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) е отворена вечерва во Национална галерија Чифте амам. Со годинашниот „Зимски салон“ почнува одбележувањето на 70-годишниот јубилеј на ДЛУМ.- Оваа најстара ликовна асоцијација во нашата земја чиј прв и долгогодишен претседател беше основоположникот на македонската уметност, Никола Мартиноски, е навистина исклучителна појава во македонската култура, рече министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на отворањето на манифестацијата. Низ своето седумдецениско постоење, посочи министерката, Друштвото на ликовните уметници одигра значајна улога во обединувањето на македонските ликовни автори и нивното профилирање како и во трасирањето на развојните правци на македонската ликовна мисла. - Денеска Друштвото на ликовните уметници е релеватен фактор во македонската култура, професионална асоцијација која обединува повеќе од 400-тини уметници на цртежот, скулптурата, графиката и применетите уметности, етаблирани автори, добитници на домашни и меѓународни признанија кои го градат достоинството на македонската уметност, рече Канческа Милевска. Потенцира дека 16. по ред биенална меѓународна ликовна манифестација „Зимски салон“, веќе две децении е афирматор на творечкиот потенцијал кој го поседуваат македонските автори и уметници. - „Зимскиот салон“ е нерасклинлив сегмент од активностите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, и со својата физиономија и иновативниот идеен спектограм тој секогаш го предизвикува вниманието на културната јавност кај нас. Оваа манифестација дава слоевита слика на нагласената тенденција за негување на слободниот ликовен израз на македонските автори кои преферираат традиционални ликовни форми но, и на авторите кои внесуваат современи тенденции во ликовното творештво, рече Канческа Милевска. Според неа, изборот на просторот и темата на годишната изложба „Нивоа на нашата свест“ не се случајни, тие овозможуваат преку делата на 47-те автори претставници на помладата и средната генерација македонски уметници, како и на авторите од Чешка, Словенија, Србија и Хрватска, да проникнеме меѓу локалното и глобалното, националното и универзалното, меѓу потребата да се зачува сопствениот идентитет и потребата да се биде дел од големата културна синтеза. Посочи дека е уверена оти оваа изложба и делата на авторите Јана Манева – Чуповска, Слободан Милошевски, Дороти Пачкова, Шќипе Мехмети, Маријета Сидовски, Стефан Хаџи-Николов, но, и на странските уметници како Маер Ева, Маја Гецич, Ирена Гајатри-Хорват и многу други ќе наидат на голем интерес од посетителите кои ќе имаат можност да се запознаат со новите влијанија во современата ликовна уметност. Министерството за култура, нагласи Канческа Милевска, како досега така и во иднина ќе продолжи да ги поддржува активностите и проектите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. - Ќе потсетам дека во изминатите неколку години, ние покажавме една нова димензија во нашите определби да ја стимулираме работата на ова здружение преку обезбедувањето на просторот за делување на Друштвото на ликовните уметници како и доделувањето на три ателјеа за користење во објектот Покриена чаршија-Безистен, рече Канческа Милевска и на сите членови на ДЛУМ им го честиташе седумдеценискиот јубилеј. На настанот се обратија и амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија, Мирослав Рамеш, директорот на Националната Галерија на Македонија, Дита Старова-Ќерими и претседателот на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, Христијан Санев. Беше соопштен и добитникот на Гран-при признанието, кое традиционално се доделува на „Зимскиот Салон“, а тоа е ликовниот уметник Катерина Таневска, на која министерката Канческа Милевска и посака продуктивен престој во атељето на уметностите во Париз кое го финансира Министерството за култура. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГраѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртваПоследниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ. За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5. Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените. Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаПад од 14 отсто на продажбата на станови во третиот квартал годинаваСе помалку се купуваат, а се повеќе се изнајмуваат станови. Пазарот на недвижности во земјава во третиот квартал бележи пад на купопродажбите, а значителен раст на изнајмувањето. Продажбата на станови е намалена за 14 % додека бројот на станови дадени под закуп е зголемен за 45%. Пад од 6 проценти бележи и вкупната финансиска вредност на продадените станови, додека месечниот износ на закупнините за станови е повисок за 31%. Ова го покажува извештајот на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од јули до септември годинава. Но, дали ова значи дека граѓаните се почесто се откажуваат од купување стан и се одлучуваат да живеат под кирија? Од Градежната комора велат дека растот на изнајмувањето е резултат на сезонски фактори, МЕГУ НИВ почетокот на академската година, но и привремените работни ангажмани и туристичките престои.. --Значи тука има момент на изразено издавање на закуп за време на студии, за време на среднообразованија коишто доаѓаат од другите градови од државата, така да може да бидат повеќе симптоми, а делот дека од за постојано живеење, мислам дека тој тренд уште не е достигнат, да ние имаме земање на стан под закуп за долгорочен престој,- Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора при ССК. Дополнително, извештајот покажува дека во третиот квартал највисока постигната цена за продажба на стан во новоградба изнесувала над 199.000 евра или околу 3.160 евра за м2. Станува збор за стан во О.Центар од 63м2. Јакимовски смета дека недостигаат станови по пристапни цени. Посочува дека квадрат од околу 3.000 евра не може да си го дозволи секој граѓанин и дека е потребна поголема понуда на станови со цени до 2.000 евра за квадратен метар.. -Затоа е потребно да имаме поголема понуда на недвижност со помала вредност која би се движела околу 2.000 евра, 1.900, којашто ќе биде околу централно градско подрачје и периферно на општините коишто се – Аеродром, Кисела Вода, Карпош, за да имаме стабилен пазар на недвижности,- Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора при ССК. И покрај намалениот број купопродажби, становите остануваат најзастапена категорија на пазарот на недвижности. Во третиот квартал учествуваат со 34 проценти од сите купопродажби. На второ место е земјоделското земјиште и шумите со 29 проценти, а потоа куќите со 15 и градежното земјиште со 13 проценти. Над 7.600 трансакции биле регистрирани во овој период, со вкупна финансиска вредност од 339 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook