Отворена меѓународната ликовна колонија „Крапино 2014“

Четиринаесет уметници од Македонија, Бугарија, Србија и Белгија учествуваат на Дванаесеттата меѓународна ликовна колонија „Карпино 2014“ што денеска официјално беше отворена.

И оваа година како и претходните две, уметниците ќе творат во населбата „Капрош“, наместо на автентичната локација во манастирскиот комплекс „Каприно“, лоцирана во атарот на селото Сув Орах.

- Условите за работа во манастирскиот комплекс „Карпино“ не се на завидно ниво. Десниот конак е паднат и постои опасност за безбедноста на уметниците. Сепак, енергијата што ја има Карпинскиот манастир уметниците ќе може да ја почуствуваат и да добијат инцспирација за делата, бидејќи е планирана посета на манастирот, изјави Зоран Павловски, претседателот на здружението Мултимедијален центар „Карпино“.

Колонијата ќе трае осум дена, а уметниците ќе ги посетат и манастирите и културно-историските објекти лоцирани во општините Куманово и Старо Нагоричане.

Уметниците кои учествуваа на годинашнава колонија очекуваат плодна продукција.

Мирјана Крстева-Масети од Гевгелија, првпат учествува на колонијата Карпино. Графичарката Крстева вели дека ќе го задржи својот циклус на работа и при творењето на оваа колонија.

Академскиот сликар Женија Адамова од Бугарија очекува дека на колонијата ќе размени искуства и концепти со уметниците од регионот.

Организаторите, пак, очекуваат дека уметниците ќе создадат 40-тина дела кои ќе бидат презентирани пред граѓаните на Куманово на изложба што традиционално се отвара во ноември, по повод Денот на ослободувањето на градот. Делата од колонијата ќе бидат презентирани и во други градови од државата.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер