КултураОтворена меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр"Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј"-Битола во предвечерието на патрониот празник ја отвори меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр" која годинава се одржува само еден ден и без присуство на деца од светот.Според традицијата, отворена е изложба на слики кои пристигнаа од сите меријани, но младите ликовни уметници останаа дома, во своите држави заради пандемијата предизвикана од Ковид-19. Годинешен добитник на наградата Гран-при е Мариа Дума од Букурешт, а статуетката ја прифати почесниот конзул на Романија во Битола, Александру Мамакис. – Мал битолски Монмартр е манифестација, исклучително значајна за нашиот град, манифестација која што ја отвора Битола кон светот, меѓутоа и светот го носи во Битола. Бројот на цртежи кои што пристигнаа годинава, покажува дека така било и во изминатите години. За жал, годинава го немаме џагорот на децата низ нашите сокаци, меѓутоа она што го имаме се нивните цртежи, за што им сме бескрајно благодарни. Оваа манифетација, затоа што е навистина траен белег за Битола и за битолчани, истакна Наташа Петровска, градоначалник на Битола. Годинава на адреса на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј" пристигнаа над 15.000 творби од целиот свет, а на изложбата во Битола денес беа претставени 717 најдобри цртежи. /MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗапочнува преместувањето на мигрантите во СеутаШпанската национална полиција и Цивилната гарда денес започнаа операција за преместување на мигрантите од плажата Ел Трамполин во Сеута во прифатните центри што ги основа шпанската влада.Владата подготви два објекта за сместување на 1.800 лица, со планови за проширување на овој капацитет наскоро. Први што ќе бидат преместени ќе бидат мигрантите што моментално се наоѓаат на плажата Ел Трамполин и во областа Лома Колменар, пишува Паис. Во соопштението од шпанското Министерство за инклузија се наведува дека во координирана акција на безбедносните сили, владата на Сеута спроведува доброволно преместување на мигрантите во овие објекти. Претседателот на регионалната влада на Андалузија, Хуан Мануел Морено, објави дека денес ќе пристигне во Сеута. Извор: Б92Тагови: Сеута Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Мицкоски живее во свој свет - граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидериВладата на Христијан Мицкоски ја започна третата година од мандатот без резултати во клучните области, додека премиерот се обидува со статистички бројки само од неговиот личен свет .Владата на Христијан Мицкоски ја започна третата година од мандатот без резултати во клучните области, додека премиерот се обидува со статистички бројки само од неговиот личен свет да ги убеди граѓаните дека живеат подобро граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Не гледаме резултати на полето на економијата, во здравството, во образованието, во земјоделството. Имаме најлош извештај од Европската Унија, нема владеење на правото, нема реформи во правосудството, нема слобода на медиумите“, рече Филипче. Тој посочи дека Мицкоски продолжува да им се обраќа на граѓаните со потсмев и потценување и дека бројките што премиерот ги презентира немаат допир со реалниот живот на луѓето. „Вчера го слушам на интервјуто, платите растеле 70 пати или проценти, што и да сакаше да каже, побрзо, пензиите, замислете, 325 проценти, се споредува со времето на владите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Меѓутоа, граѓаните не можат да се излажат“, рече Филипче. Филипче нагласи дека статистиката што ја презентира Мицкоски постои само во светот на премиерот и на малата група луѓе околу него, додека реалноста на огромното мнозинство граѓани е сосема поинаква. „Тие бројки кои што премиерот ги кажува, очигледно од светот во кој што само тој и неговата мала група на луѓе околу него живеат, граѓаните не ги чувствуваат. Тие ги гледаат празните паричници и празните фрижидери“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ повторно ќе го поднесе во Собранието предлог-законот за 600 евра минимална плата. Филипче посочи дека и покрај фалењето на премиерот Мицкоски со наводни економски успеси и раст на платите, граѓаните реално не ги чувствуваат тие бројки, туку се соочуваат со растечки трошоци и се потешко ги покриваат основните потреби. „Граѓаните не можат да се прелажат, тие бројките кои што примерот ги кажува очигледно од светот во кој што само тој и неговата мала група на луѓе околу него живеат, граѓаните не ги чувствуваат, тие ги гледаат празните паричници и празните фрижидери. Ако е така како што кажува, дека сме трета, четврта економија во светот, ако добро и успешно се справуваат со инфлацијата, ако добро ги менеџираат финансите, еве прва мерка, повторно, на почетокот на септември, откако ќе почне со работа Собранието, ќе го дадеме законот во Собранието и минималната плата ќе побараме да биде 600 евро“, рече Филипче. Тој нагласи дека со минимална плата од 600 евра ќе им се овозможи на работниците да ги покријат основните трошоци, особено во период кога почнува учебната година и растат семејните расходи. „Не 26.000 денари како што е сега, туку толку колку што им е потребно на луѓето да ги закрпат основните потреби, основните трошоци, посебно кога почнува школската година и кога трошоците за живот, за функционирање многу растат“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ, посочи дека паралелно мора да се зголемат и платите во повеќе сектори, по примерот на мерките што, кои Владата на СДСМ ги реализираше во првите две години од својата Влада. „Освен тоа што ќе го бараме зголемување на минималната плата на 600 евра, ќе побараме, а согласно тоа што ние го работевме и го остваривме во нашата Влада, и тоа во првите две години, зголемување на платите во повеќе сектори, да основните плати на специјалистите, лекари во здравството, се зголеми за 40% и исто толку проценти за вработените во образованието“, рече Филипче. Филипче рече дека ова е конкретниот одговор на СДСМ на економските политики на премиерот на Мицкоски и Владата на ВМРО, кои се фалат со статистики додека граѓаните се соочуваат со реално поскапување на животот. „Владата предводена од Христијан Мицкоски веќе ја започна третата година од својата работа и на ниту едно поле, ние не гледаме никакви резултати. Не гледаме резултати на полето на економијата, во здравството, во образованието, во земјоделството“, рече Филипче. Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=j2GyCvCdn08 Скопје, 20.8.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМерц во минус, постојано ја губи поддршкатаГерманскиот канцелар Фридрих Мерц постојано ја губи поддршката кај граѓаните, според резултатите од анкетата за телевизијата „ZDF“. На скала од +5 до -5, Мерц доби рејтинг од минус 1,9 од испитаниците - неговиот најлош резултат досега. На крајот на јули, канцеларот, кој е и лидер на Христијанските демократи (CDU), имаше рејтинг од минус 1,5 во анкетата спроведена од Институтот Вален. На врвот на листата сè уште е министерот за одбрана на социјалдемократите (SPD) Борис Писториус, со рејтинг од 1,3. Лидерот на социјалдемократите и вицеканцелар Ларс Клингбајл останува во негативната зона, со непроменет минус 0,6. На дното на листата од 10-те најважни политичари е копретседателката на Алтернатива за Германија (AfD) Алис Вајдел со рејтинг од минус 2,5. Анкетата, исто така, укажува на големи сомнежи за поддршката за Мерц во рамките на неговата сопствена партија. Дури 80 проценти од испитаниците, вклучувајќи 67 проценти од поддржувачите на ЦДУ, рекле дека партијата не го поддржува целосно својот лидер. Доколку изборите се одржат следната недела, АфД би освоила 27 проценти од гласовите, според анкетата, и би останала далеку пред ЦДУ, која би добила 22 проценти. Двете партии изгубиле еден процентен поен од анкетата кон крајот на јули. СПД останува на 12 проценти, додека Зелените се зголемија за еден процентен поен на 14 проценти. Левичарската партија остана на 12 проценти. Институтот Вален ја спроведе анкетата од 17 до 19 август, преку телефон и преку интернет, на примерок од 1.319 гласачи. Извор: Б92Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook