Отворена канцеларија за адвокати во рамки на Основниот кривичен суд Скопје - Канал 5

Отворена канцеларија за адвокати во рамки на Основниот кривичен суд Скопје

Основниот кривичен суд Скопје во соработка со Адвокатската комора на РСМ отвори Канцеларија за адвокати во рамки на Кривичниот суд која, како што информираат, може да ја користат сите адвокати кои ги извршуваат своите службени обврски во рамки на су

Отворена канцеларија за адвокати во рамки на Основниот кривичен суд Скопје

Канцеларијата се наоѓа на 4 – тиот кат во холот каде што се наоѓаат и дел од судниците односно, со цел да се овозможи влез на сите адвокати кои во моментот се во судот, а воедно одвоен од службените канцеларии на судиите и судската служба.

-Канцеларијата е опремена од страна на Адвокатската комора на РСМ со соодветен канцелариски мебел и е со цел да овозможи простор на адвокатите за кратки пауза меѓу насрочените расправи како и подготовка за рочиште, воедно истата може да се користи и за состаноци и координација на бранителите. Ова е прва ваква канцеларија која ја овозможува Основниот кривичен суд Скопје која може да се користи од адвокатите, а во финална фаза на подготовка е и просторија која ќе може да ја користат Јавните обвинители, по примерот на Медиа центарот наменет за претставниците на медиумите кои известуваат од судските расправи како и просторијата за Судии поротници, се вели во соопштението од Кривичен.

Со тоа, Кривичниот суд, како што посочуваат, се обидува да овозможи просторни услови за работа не само за вработените и за непречено одвивање на судските рочишта, туку и соодветни услови за работа на сите чинители кои се јавуваат како странки ,но и јавност во судските расправи во правец на поголема отвореност и транспарентност на судот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Со 77 гласа против, 58 за и 17 воздржани во Собранието не беше изгласана интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

На гласањето му претходеше жестока расправа во Собранието. Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти...

Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Вработените во јавната установа Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Од установата на Фејсбук објавија дека малата срна ја спасил раководителот на помошно-техничкото одделение и ренџер во установата.

По спасувањето, вработените презеле дополнителни активности за срната повторно да биде вратена во својата природна средина. Со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ посочуваат од Националнот парк Пелистер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер