Отворена кампања на донаторскиот фонд на Конект за справување со последиците од трагедијата - Канал 5

Отворена кампања на донаторскиот фонд на Конект за справување со последиците од трагедијата

Донаторскиот фонд на Конект прибира донации од граѓани и бизниси за справување со последиците кај засегнатите сограѓани од пожарот во дискотеката во Кочани. 

Отворена кампања на донаторскиот фонд на Конект за справување со последиците од трагедијата

До сега, од поставената кампања на интернет платформата за групно донирање Оп- оп, се прибрани 119.000 денари од граѓани.

Во овој период, сите се солидаризираат со потреба да им дадеме помош и поддршка на семејствата на загинатите и повредените од пожарот кој изби во дискотеката во Кочани и го одзеде животот на најмалку 59 лица меѓу кои деца, а повреди над 155 сограѓани од Кочани, Штип, Берово, Виница, Пробиштип, Струмица, Скопје и пошироко. Здружението Конект во рамки на донаторскиот фонд отвори линија за поддршка на семејствата на загинатите и засегнатите од пожарот во дискотеката во Кочани. Фондот и Оп-Оп работат по високи стандарди на сигурност и отчетност.

Во зависност од големината на прибраните донации и анализата на потребите ќе се димензионира и обемот на поддршка што ќе се реализира во соработка со локални граѓански организации. Собраните средства ќе бидат наменети за итните потреби за коишто нема тековни извори на финансирање (лекување, правна помош, патување и сл.); психо-социјална поддршка од стручни лица за справување со траумата (за семејства, ученици, студенти, младински заедници, наставници); мерки за справување со последиците во пошироките заедници.

На платформата за групно донирање Оп-оп поставена е кампања каде што граѓаните и компаниите можат брзо, лесно и безбедно да ја дадат поддршката со употреба на банкарски картички од земјата, но и директно од странство. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани, бизниси и субјекти да донираат директно преку Оп-оп или да се обратат во Конект на тел. 02/3224 198 или на [email protected] , да го споделат овој повик за донирање со своите мрежи на соработници и пријатели од земјата и странство.

„Ќе бидат потребни многу ресурси, време и соработка на сите чинители за да се лекуваат последиците на оваа колективна траума. Граѓанските организации имаат важна улога во ублажување на последиците кои дополнително ќе се почувствуваат. Ги повикуваме граѓаните и компаниите солидарноста да ја покажат на дело и да донираат.“ изјави Виктор Мирчевски, програмски директор во Конект организација којашто 17 години работи во полето на филантропијата и општествената одговорност.

Донаторскиот фонд на Конект е механизам кој има капацитет да отвора и следи грантова поддршка во поголем обем за полезната работа на граѓанските организации на терен. Фондот работи по критериуми на одлучување на доделување поддршка, активно се следат примателите и транспарентно и отчетно се известува за нивните постигнувања.

Здружение Конект - Скопје

Мицкоски: Истрагата за трагедијата во Кочани ја води јавниот обвинител а не Владата

Ние како извршна власт ќе постапуваме по налог на Јавното обвинителството, а во координација со судот. Истрагата ја води јавниот обвинител, не јас.

Мицкоски: Истрагата за трагедијата во Кочани ја води јавниот обвинител а не Владата

Јавното обвинителството, заедно со судот одредуваат какви мерки и кои лица ќе бидат опфатени, и дали треба да се приведуваат високи владини функционери, порача денеска од собраниската говорница премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на пратеничкото прашање до каде е истрагата за трагедичниот настан во Кочани.

На денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, упати прашање до Мицкоски, кое се однесуваше на трагедијата во Кочани. Тој постави прашање до каде е истрагата и дали ќе има морална одговорност во однос на трагедијата која однесе 62 млади животи и над 100 повредени.

-После повеќе од еден месец можеме јасно да заклучиме дека кај највисоките владини функционери не постои морална вертикала, не постои чувство на морална одговорност и затоа денес немаме ниту една оставка од морални причини. Ова е поразително за една влада после несреќа од вакви размери и со толкав број на изгубени човечки животи. Но за моралот не се дискутира, човек или го има или го нема. Вториот заклучок е водење на селективна истрага која во суштина треба да ги заштити сегашните носители на високи позиции во Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат и други институции од нивната одговорност. Моето прашање е дали свесното и тенденциозно разводнување на истрагата е со цел да се попречи правдата и да се заштитат актуелни функционери кои се директно виновни за непосредните причини за пожарот, рече Трајчулески.

Премиерот Мицкоски одговори дека истрагата за трагедијата во Кочани ја води јавниот обвинител, а не Владата.

-За пет месеци од денеска ќе почне кампањата за локалните избори. Граѓаните ќе кажат чија политичка кариера завршува, чија политичка кариера продолжува и во каков формат ќе продолжи. Истрагата ја води јавниот обвинител. Не јас, и не Владата. Ако јавниот обвинител одлучи дека мене треба да ме приведат, нека ме приведат во истиот момент. Ако јавниот обвинител одлучи дека треба да одам во затвор, ќе одам, рече Мицкоски.

Како што додаде, не знае кои лица ќе бидат опфатени во истрагата, тоа е прашање кое треба да се постави до јавниот обвинител.

-Вкупно 68 лица досега се опфатени во истрагата, од страна на јавниот обвинител. За разлика од Модуларната болница, кога гореа живи луѓе, Ласкарци, Беса транс, каде што починаа 75 наши сограѓани. Тогаш имаше нула обвинети. Дали ќе останат 68 или ќе бидат 168 не знам, тоа ќе го каже Обвинителството, не јас. Не кажувам јас, не кажува министерот за внатрешни работи. Обвинителството, заедно со судот, одредуваат какви мерки и кои лица ќе бидат опфатени. Ако обвинител каже дека треба да апси и приведува високи владини функционери од оваа Влада, ќе се слушне тоа. На крајот од денот, еден член на Владата е во притвор. Во ваше време, тоа беше невозможна мисија, додаде Мицкоски.

Тој напомена дека постапуваат истите оние обвинители и судии кои се бирани од СДСМ.

-Во однос на тоа е должен да знае дали локалот има лиценца или не, тоа треба да го знае органот кој што го издава, поточно Министерството за економија. Имале лиценца, но тоа што не била легална е друго, како што не биле важечки и легални други лиценци издавани од овој орган. Околу постапувањето по налог на Обвинителството и судот, актуелен градоначалник е во притвор. Кога зборуваме за морал, етика и водење на истраги и постапување на истие, најмалку вие имате право да зборувате. Треба да ги оставиме семејствата и родителите, затоа што кај нив болката и тагата е огромна, напомена Мицкоски.

УХМР: Утре и викендот променливо облачно време со повремен дожд и грмежи

 Утре и во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. 

УХМР: Утре и викендот променливо облачно време со повремен дожд и грмежи

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.

Од УХМР најавуваат дека денеска во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

МЗ ќе набави 100 амбулантски возила, ќе се распределат низ болниците во Македонија

 Министерството за здравство планира да набави 100 амбулантски возила за болниците во државата, планот треба да помине на Влада, изјави денеска во Куманово министерот за здравство Арбен Таравари, кој очекува наскоро да почне процедурата.

МЗ ќе набави 100 амбулантски возила, ќе се распределат низ болниците во Македонија

Модерните возила, како што соопшти, ќе се распределат низ болниците во државата, поголемите и онаму каде што има најголем недостаток.

- Инаку од 2014-та година, за жал, не се набавени возила мислам од Министерството за здравство. Има возила коишто ги набавиле на пример, самите болници или пак донации од општествено-одговорни компании, како што денеска е случајот со „Балкан Груп“, изјави Таравари.

Нагласи дека има недостаток на доктори, средномедицински и технички персонал насекаде во државата, но, како што рече, 1.800 вработувања во здравствениот сектор е „инфузија“.

- Сите болници имаме недостаток на кадар, каде и да одите во Македонија од Гевгелија до Гостивар, од Охрид до Куманово, од Велес до Штип, секаде до Кичево, секаде има недостаток на кадар. Знаете дека сме започнале, веќе 250 специјализанти се вработуваат, за средномедицинскиот кадар, тече постапката да се трансформираат работните места од договор во решенија. 1.800 вработувања за една година, никогаш не се случило во Македонија во здравствениот систем, рече Таравари.

притисни ентер