Отворена изложбата „Украина се сеќава, светот признава!“ - Канал 5

Отворена изложбата „Украина се сеќава, светот признава!“

Отворена изложбата „Украина се сеќава, светот признава!“ по повод Денот на сеќавање на Гладоморот – 26 ноември.

Отворена изложбата „Украина се сеќава, светот признава!“

Во Собранието денеска беше отворена изложбата „Украина се сеќава, светот признава!“ по повод Денот на сеќавање на Гладоморот – 26 Ноември, на која беа претставени информативни материјали од вештачки создадениот глад од страна на советските власти во Украина во 1932/33, познат како Гладомор.

Материјалите на изложбата покриваат речиси половина век и таа почнува со тоа каква била Украина пред оваа трагедија, а завршува со приказна за одржување на сеќавањето на Гладоморот во модерната украинска држава.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на отворањето на изложбата истакна дека во принцип, секогаш е потежок патот што го поминува борбата на доброто против злото, но дека тоа што не разликува и ни дава сила да истраеме на тој трновит пат е цврстата волја, верба и надеж дека сме извлекле поука од минатото и сме се бореле на сите можни начини да не се повторат тие грешки и во иднина.

– За жал, историјата се повторува. Сега се други средствата, меѓутоа во принцип, намерата е иста и таа не е воопшто хумана – да се покорат на сите можни начини Украина и Украинците, а и агресорот е ист. Што е уште понелогично, се работи за земја членка на Советот за безбедност, кој што е еден од шесте тела на Обединетите нации и е конкретно задолжен за обезбедување на светскиот мир и безбедност, истакна Џафери.

Тој потсети дека на светот му требаа цели 90 години да признае на ниво на влади или парламенти во голем број на држави од демократскиот свет дека Гладоморот е акт на геноцид, а Европскиот парламент на 23 октомври 2008 година усвои Резолуција со која се признава Гладоморот како злосторство против човештвото.

– Тоа не е доволно. Злосторство или геноцид, тоа мора да се именува и да се викне толку гласно за да одекне и остави белег во сечиј ум и разум, во сечија совест и одговорност дека се посегнува по највредното, по најскапоценото – по животот. На деца, жени, стари и млади – без разлика, со сите однапред испланирани и спроведени систематски начини на истребување на еден народ и една држава. Толку системски што дури не се знае, ниту точната бројка на жртви која според различни извори се движи од 4 до 15 милиони жртви. Тоа не се зрна песок, тоа се живи семејства, широки насмевки, успеси и солзи, тоа се човечки судбини, додаде Џафери.

Претседателот на Собранието апелираше да не дозволиме сè да се претвори во пепел, бидејќи премногу сме вложиле и сме жртвувале и ние и нашите предци и нивните предци.

– Да не дозволиме злото да затропа и на наша врата, затоа што на овој или на оној начин, ефектот се рефлектира на сиот свет, без разлика, порача Џафери.

Амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир потенцира дека Гладоморот е геноцид на украинскиот народ, кој беше предизвикан од „намерно организираните дејствија на сталинистичкото комунистичко раководство, со цел да се создаде вештачки глад во 1932-1933 година во Украина, како резултат на кој загинаа милиони и милиони луѓе“.

– Поминаа 90 години од геноцидот наречен Гладомор, но сега – Ирпин, Буча, Лиман, Изум, Мариупол – се посебни симболи на геноцидот извршен од постојана членка на Советот за безбедност на ОН. Вршејќи геноцид во Украина, членка на Советот за безбедност на ОН го истребува цивилното население на Украина, убива, мачи, предизвикува тешки телесни повреди, насилно пренесува деца во Руската Федерација, намерно уништува станови, болници, училишта, цивилна енергетска инфраструктура во предзимскиот период, изјави Дир.

Таа потенцира дека сегашниот геноцид продолжува токму затоа што претходниот геноцид не беше казнет.

– Само постепено, со текот на времето, почнавме да ја дознаваме вистината за злосторството Гладомор. Сега, повеќе извори ни ги покажуваат злосторствата што руската армија ги прави во Украина речиси во реално време, рече Дир.

Таа посочи дека украинската Врховна рада апелираше до странските парламенти и влади да ги признаат злосторствата што Русија во моментов ги врши на територијата на Украина, како „геноцид врз украинската нација“.

– Украина, исто така, повикува за признавање на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина, како геноцид врз украинскиот народ. Признавањето би претставувало неверојатно силна поддршка и би додало духовна сила на оние кои се наоѓаат на првата линија на фронтот и се борат за правото на живот, рече украинската амбасадорка.

Заменик народниот правобранител Јован Андоновски нагласи дека човековите права се права кои што ги имаме единствено само заради тоа што постоиме како луѓе, посочувајќи дека тие не се дадени од некоја држава, но државите и надлежните се должни да ги заштитат и да ги поддржат.

Првиот човек на ЦИВИЛ, новинарот Џабир Дерала истакна дека „геноцидната војна“ што ја води Русија, негирањето на украинската нација, јазик и идентитет, анексијата на делови од територијата на суверената држава Украина и систематското спроведување на терор против цивилното население, целосно го уриваат меѓународниот поредок.

– Војните за освојување територии и претворањето на енергенсите и храната во оружје сега се реалност за светот. Исправени сме пред новата мрачна реалност – секојдневни конфликти, нови жестоки воени жаришта и бранови на терористички напади, нуклеарни закани, кибер војни, глад, несигурност и брутални насилства насекаде во светот, рече Дерала, кој упати и апел до пратениците во Собранието да го прогласат Гладоморот за геноцид и да продолжат со благородната поддршка на украинската борба за слобода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и Мршевци

Општина Илинден продолжува со интензивна реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа и создавање побезбедни услови за сообраќај. 

Општина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и Мршевци

Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започнаа градежни активности за реконструкција на две улици во населените места Илинден и Мршевци.

Со предвидените активности е опфатена улица „4“ во населеното место Мршевци, во должина од околу 200 метри, како и крак на улица „8“ во населеното место Илинден, во должина од околу 130 метри, при што на улицата „8“ претходно е изведена фекална канализациска мрежа, со што се создадени услови за целосно уредување на патната инфраструктура на оваа локација.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во почетокот на градежните активности, при што ја истакна важноста на овие инфраструктурни зафати за локалното население. Тој посочи дека реконструкцијата на улиците ќе овозможи поквалитетно и побезбедно одвивање на сообраќајот, подобра пристапност и унапредување на секојдневните услови за живот на жителите.

Општина Илинден останува посветена на континуирано модернизирање на локалната инфраструктура, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во реконструкција и санација на локалните улици и патишта, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗТ Скопје брка прва европска победа во 21 век – се подготвува„пекол“за Естонците!

Макеоднскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денес (14 октомври) со почеток во 18:30 часот ќе го пречека естонскиот состав Тарту во спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на ФИБА Еврокупот. 

МЗТ Скопје брка прва европска победа во 21 век – се подготвува„пекол“за Естонците!

Македонскиот претставник се наоѓа пред историска можност на овој натпревар да стигне до својата прва европска победа во 21 век, поради што управата на клубот најавува уште еден голем кошаркарски спектакл.

Како вистинска увертира за овој значаен предизвик, клубот организира специјална фан-зона на платото пред СЦ „Јане Сандански“, која ќе биде отворена од 17:00 часот. Присутните навивачи ќе имаат можност да се загреваат за натпреварот во опуштена атмосфера, придружувана со одлична музичка програма за која ќе биде задолжен Диџеј Ален, надополнета со богата понуда на храна и пијалаци. Преднатпреварувачката програма нуди забавни содржини за сите генерации, вклучително и специјална програма за најмладите, како и натпревар во слободни фрлања преку кој фановите ќе можат да освојат вредни награди.

Од раководството на клубот апелираат до сите симпатизери по завршувањето на дружењето масовно да се преселат на трибините, потенцирајќи дека нивната силна и континуирана поддршка е клучна за остварување на зацртаната историска цел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интер и Баерн Минхен изненадени во Лигата на шампионите

Неколку изненадувачки резулати во синоќешната програма во  Лигата на шампионите. 

Интер и Баерн Минхен изненадени во Лигата на шампионите

Секако најголемо внимание привлекоа неочекуваните резулати на фаворитите Баерн Минхен и Интер Милано.

Баерн Минхен одигра нерешено 3:3 на гостувањето кај Викинг во Норвешка. Викинг приреди вистинско шоу вечерва и по 38 минути водеше со 2:0, иако во натпреварот влезе како апсолутен аутсајдер.

Тимот на Винсент Компани некако успеа да се „врати во игра“ и да изведе „блицкриг“ – во периодот од 54-тата до 71-вата минута беа постигнати три гола (два на Кејн и еден на Дијас) за целосен пресврт.

Но, тука не заврши драмата.

Олисе успеа да добие два жолти картони еден по друг во 73. минута и да го остави својот тим со играч помалку, што Хауген го искористи во 90. минута и сепак им донесе (барем) еден бод на „Викинзите“.

Сепак нејголемото изненадување синоќа го направи тимот на Интер ов Милано кој на Џузепе меаце претрпе пораз од Бриж.

Интер доживеа еден од најстудените тушеви во поново време, откако Бриж победи во Милано со 4:3!

Гостите поведоа преку Тресолди од пенал во 30-тата минута, а Лаутаро Мартинез израмни во 44-тата. Потоа Тресолди продолжи со својата одлична игра – со уште два гола до 74-тата минута го комплетираше хет-трикот и го одведе Бриж до голема предност од 3:1. Мартинез потоа го намали заостанувањето, но во 87-мата минута Вермант зголеми на 4:2.

Бони успеа повторно да го намали резултатот во 93-тата минута, по асистенција на Александар Станковиќ, но немаше време за чудо.

Лига на шампиони,

2. коло вторник

Ленс - Спортинг 0:2 (0:1) Суарез 22, Думбија 74

Сабах - Славија Прага 2:0 (0:0) Перис 49, Микелс 88

Арсенал - Лил 3:0 (0:0) Тимбер 64, Езе 67, Сака 71

Атлетико - М. Јунајтед 2:0 (1:0) Бариос 1, Лукман 79

Галатасарај - Барселона 1:4 (1:1) Батраков 28 – Кансело 43, Фермин 50, Гордон 53, Адејеми 65

Интер - Клуб Бриж 3:4 (1:1) Мартинез 44, 81, Бони 90+3 – Тресолди 30п, 63, 74, Вермант 87

Лајпциг - ПСВ 1:0 (0:0) Грутка 75

Викинг - Баерн Минхен 3:3 (2:0) Стенс 2, Кристијансен 38, Хауген 90 – Кејн 54п, 60, Диас 71

Виљареал – Наполи 3:1 (2:1) Микаутадзе 23, Мурињо 26, Олувасеји 86 – Рахмани 8

среда 18.45

Феенорд - Комо

18.45

ЛАСК - Ливерпул

21:00

Рома - Реал Мадрид

Астон Вила - Фенербахче

Бетис - Порто

Боде/Глимт – Борусија Дортмунд

Ман. Сити - ПСЖ 21.00 Шахтјор - АЕК

Слован - Штутгарт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер