Отворена изложбата „Од Скопје до небесата“ во чест на Мајка Тереза во Романија - Канал 5

Отворена изложбата „Од Скопје до небесата“ во чест на Мајка Тереза во Романија

На колажите е претставено нејзиното раѓање во Скопје, потоа заминувањето за Ирска, работата во Калкута, оформувањето на Мисионерки на милосрдието, нејзината хуманитарна работа низ светот, па се до нејзиното прогласување за светица.

Отворена изложбата „Од Скопје до небесата“ во чест на Мајка Тереза во Романија

НУ Спомен куќа на Мајка Тереза-Скопје, во понеделникот, ја отвори изложбата „Од Скопје до небесата“ во Темишвар, Романија. Изложбата е поставена во холот на Советот на округот Тимиш (Consiliul Județean Timiș) и истата се состои од 20 колажи на кои е претставен животниот пат на Мајка Тереза.

- На колажите е претставено нејзиното раѓање во Скопје, потоа заминувањето за Ирска, работата во Калкута, оформувањето на Мисионерки на милосрдието, нејзината хуманитарна работа низ светот, па се до нејзиното прогласување за светица, информираат од НУ Спомен куќа на Мајка Тереза-Скопје.

Изложбата ја отворил почесниот конзул на РМ во Темишвар, Романија, Павел Ернест Дупта, кој пак, му отстапил збор на Насер Цури, директор на Спомен куќата, кој ја истакна долгогодишната соработка помеѓу двете земји како производ на културната размена која продолжува да гради мостови.

- Тој исто така ја потенцираше главната мисија на Мајка Тереза: „да правиме мали работи но со голема љубов“, која треба да ни биде основно начело во секојдневниот живот, известуваат од НУ Спомен куќа на Мајка Тереза-Скопје.

На изложбата говореле и Кристиан Алин Мос, потпретседател на Советот на округот Тимиш, Космин Габриел Табара Амунар, заменик градоначалник на градот Темишвар, Овидиу Меган, извршен директор на „Темишвар – Европска престолнина на културата 2023“ и Цветанка Вучковска-Митовска, комесар на изложбата.

- Директорот на Спомен куќата, Насер Цури, на сите говорници им врачи медалјони со ликот на Мајка Тереза. На отворањето меѓу поважните гости присуствуваа и Силвиу Софроние, почесен конзул на Молдавија во Романија, Сегундо Р. Ф. Монтенегро, почесен конзул на Перу во Романија, претседателката на еврејската заедница во Темишвар Луцијана Фридман како и претставници на повеќе верски заедници во округот Тимиш, известуваат организаторите.

Изложбата е финансиски поддржана од Министерството на култура на РСМ во рамки на Годишната програма за 2023 година.

- Целиот проект беше под покровителство на Конзулатот на РМ во Темишвар, како и несебичното залагање на Амбасадата на РСМ во Романија од страна на в.д амбасадорот Муахрем Меџити, информираат од НУ Спомен куќа на Мајка Тереза-Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?

Пратеникот Филипче да каже зошто до сега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра? 

Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?

Дали распукувањето на калимерата меѓу овие двајца пратеници од редовите на СДС, воедно и поранешни владини функционери, го натера пратеникот Филипче да прозбори за како што вели тој, скандал вреден 37 милиони евра на пратеничката Славјанка Петровска, додека ја извршувала функцијата министерка за одбрана.

Доколку Филипче знаел за ова, а не пријавил, тој по којзнае кој пат прави кривично дело.

Имено, непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Френсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика

Добитник на Нобеловата награда за физика е Френсис Халзен од Универзитетот во Висконсин. 

Френсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика

Наградата му е доделена „за неговиот клучен придонес кон Опсерваторијата за неутрина ’Ајс-кјуб‘ (IceCube) и откривањето на неутрина со висока енергија од астрофизичко потекло“, соопшти организацијата што ја доделува наградата, пренесува „Гардијан“.

Опсерваторијата за неутрина „Ајс-кјуб“ се наоѓа во станицата „Амундсен-Скот“ на Јужниот пол на Антарктикот и располага со мрежа од сензори поставени под антарктичкиот мраз.

Нобеловата награда за медицина вчера им беше доделена на Карл Дајсерот (54), Петер Хегеман (71) и Георг Нагел (73) за истражување на мозочната активност, кое опфаќа проучување на јонски канали контролирани со светлина и оптогенетика.

Нобеловата награда за хемија ќе биде доделена утре, онаа за литература – ​​задутре, а Нобеловата награда за мир – во петок.

Наградата на Шведската банка за економски науки во спомен на Алфред Нобел ќе биде доделена на 12 октомври. Паричниот износ на овогодишната награда изнесува 12 милиони шведски круни, што е околу 1,2 милиони американски долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Инспекцијата на терен

Општина Карпош продолжува со редовните инспекциски контроли на терен, согласно утврдениот план за работа на инспекциските служби. 

О. Карпош: Инспекцијата на терен

Во текот на изминатата недела, контролите се реализираа во попладневните и вечерните часови, во повеќе групи и на критични точки на територијата на општината.

Покрај изречените опомени до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина.

Општина Карпош апелира до граѓаните совесно и соодветно да го одлагаат отпадот и да придонесат за почиста и поуредна животна средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер