Отворена изложбата на дела од палатата Фарнезина - Канал 5

Отворена изложбата на дела од палатата Фарнезина

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам вечерва е отворена изложбата „Кон почетоците на Европската унија - италијанска архитектура и уметност за палатата Фарнезина“.

Отворена изложбата на дела од палатата Фарнезина
Изложбата на која се претставени дела од најпознатите сликари на италијанскиот модернизам и архитектонски скици од палатата Фарнезина, е дел од културната програма со која беше одбележано претседателството на Република Италија со ЕУ. Со неа завршува презентацијата на италијанската култура во Македонија која годинава беше поддржана и од Министерството за култура.

- Италијанската култура е двигател на многу развојни процеси во европската уметност и во таа смисла, настаните кои ни ја презентираат италијанската традиција се секогаш со задоволство и големо внимание проследени од нашата културна јавност, истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска пред отворањето на изложбата.

„Кон почетоците на Европската унија - италијанска архитектура и уметност за палатата Фарнезина“, како што рече, е приказ на клучните, историски моменти на италијанското општество и Европа во 20-тиот век. Воедно претставува дел од раскошната колекција на палатата Фарнезина која е во сопственост на Министерството за надворешни работи на Република Италија.

- Колекцијата на 22 дела од најпознатите сликари на италијанскиот модернизам и 16-те архитектонски скици ни ја раскажуваат историјата на ова уникатно здание изградено во далечната 1935 година кое има репутација на екслузивен културен простор во кој се сместени врвните дела на авторите кои се синоним за италијанската уметност денес, посочи Канческа-Милевска.

Оваа репрезентативна изложба, додаде, е одлична можност македонската јавност да се запознае со архивскиот материјал за внатрешниот дизајн на палатата кој е дело на архитектот Енрико Дел Дебио но, и со современите уметнички креации на Афро Басалдела, Џани Бертини, Карла Акарди, Пиетро Дорацио, Карло Баталја, Антонио Санфилипо, Антонио Скордиа, Алберто Бевилаква, Америго Тот, Арналдо Помодоро и многу други кои во текот на 50-тите и 60-тите години на минатиот век, кога се поставуваа темелите на ЕУ, одиграа значајна улога во развојот и во афирмацијата на новите ликовни стилови во европската и во светската историја на уметноста.

- Република Италија е наш долгогодишен пријател со кој негуваме традиционално одлични односи во областа на културата. По катастрофалниот земјотрес во Скопје, Италија донираше повеќе од 300 уметнички дела од современи италијански уметници кои денеска се дел од италијанската колекција на Музејот на современата уметност во Скопје. Радува податокот што дел од овие автори кои ни ја пренесуваат раскошната творечка експресија на италијанската уметност се застапени токму и во изложбата од Фарнезина, нагласи министерката.

Подвлекувајќи дека Македонија и Италија имаат интензивни релации во областа на културата, Канческа-Милевска изрази уверување за натамошно негување на успешната соработка и заедничко реализирање многу проекти како траен доказ за цврството пријателство помеѓу двете земји.

- Да продолжиме и во иднина заеднички да го освојуваме европскиот културен простор, да ја потврдуваме космополитската димензија на културата и уметноста и нејзината моќ да ги обединува земјите и народите, порача министерката Канческа-Милевска.

На изложбата поддржана од Министерството за култура во соработка со Амбасадата на Република Италија во Република Македонија, чиј куратор е проф. д-р Давиде Лакањина, присуствуваа претседателот на државата Ѓорге Иванов, италијанскиот амбасадор Ернесто Масимино Белели и директорката на Националната галерија на Македонија Маја Неделковска Брзанова. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 20. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 20. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 20. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во она што вие би го сакале , владее голема мешаница. Нема да бидете јасни ниту за себе, а уште помалку за другите.

Кариера

Надредените ќе ве наведуваат на делување речиси во шаховски стил, а вие ќе ја предвидите нивната шема.

Здравје и совет

Подобро да останете пасивни.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе бидете настроени да ја идеализирате саканата личност и да и припишувате особини кои таа ги нема во реалноста.

Кариера

Она што тргна , веќе е во подем , а на вас останува да ја следите зацртаната насока без премногу коментари.

Здравје и совет

Бидете економични.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Следува преоден пад на самодовербата , поради што малку ќе се повлечете во себе. Општо земено , односите ви се добри.

Кариера

Ќе препознаете финансики нестабилности , со кои ќе може да се изборите со помош на знаење. Ќе поработите на тоа.

Здравје и совет

Не сонувајте неможни работи.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ни денеска нема да бидете целосно сигурни што е тоа што го очекувате од љубовта или од личноста што ви е драга.

Кариера

Кршејќи ги правилата , мислите дека напредувате, додека другите во тоа гледаат непочитување на луѓето околу вас.

Здравје и совет

Чувствителност на грлото.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Доколку се впуштите во мали промени во односот , нема да бидете ниту доследни , ниту упорни до крај. Одржете ја сегашната состојба.

Кариера

Необични предлози во делот на финансиите ќе направат да се замислите за нив . Не се реални.

Здравје и совет

Чувствителност на нервите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Конфузијата што ќе зрачи од вас нема само да ја збуни саканата личност , туку и вас самите. Денеска бидете мирни.

Кариера

Тешко ќе соработувате со другите , зашто постојано ќе мислите дека се груби кон вас. Мора да останете професионални.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашиот партнер ќе замисли едно , а вие друго. Тешко ќе се усогласите , па затоа е добро да не очекувате премногу. Мирувајте.

Кариера

Разумот ќе ве однесе напред и со негова помош ќе надминете мала напнатост на работното место.

Здравје и совет

Емотивни фрустрации.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Чувствителноста на партнерот поврзана со вашето неразбирање , па дури и грубост , ќе го направи овој ден доста неизвесен.

Кариера

Ќе се трудите ништо да не биде ниту премногу , ниту премалку , но тоа ќе ви одземе голем дел од енергијата.

Здравје и совет

Одморете се попладне.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе ви биде важен сексуалниот живот. Ќе се обидете да го изненадите партнерот со некој новитет.

Кариера

Ќе контактирате со финансиски експерти за правилно да ги поставите работите и да ги свртите во своја полза.

Здравје и совет

Некои ќе имаат болки во стопалата.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе ви изгледа како што повеќе се трудите , работите стануваат се полоши. Обрнете внимание на спонтаноста.

Кариера

Многумина ќе се чувствуваат несигурно. За да ви биде подобро , концентрирајте се на своето стручно знаење.

Здравје и совет

Чувајте се од настинки.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Некои ќе се преобразат во вистински поети. Нивниот стил на изразување ќе ги стопи и најстудените срца.

Кариера

Можно е да одите на кусо службено патување на место каде што има вода. Ќе бидете реални и добро ќес е снајдете.

Здравје и совет

Не инсистирајте на детали.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашето однесување и денеска ќе биде такво што лицата од спротивниот пол со задоволство ќе ве прифаќаат во нивното друштво.

Кариера

Немојте во ништо да претерувате. Ситуацијата ќе ви оди во прилог , ако го следите природниот тек.

Здравје и совет

Мали нервози.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Солза Грчева и Иван Анастасовски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Солза Грчева и Иван Анастасовски

Солза Грчева и Иван Анастасовски во  „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Последици од растењето покрај родители зависни од мобилен телефон

Родители на кои мобилниот телефон им го одвлекува вниманието додека се со децата, стана вообичаена глетка, но таквото однесување не е без последици.

 Последици од растењето покрај родители зависни од мобилен телефон

Истражувачи анализирале 21 студија која опфатила речиси 15.000 деца на возраст под пет години, со цел да го утврдат колку е штетно да се расте покрај родител кој постојано е со својот телефон.

Тие ги испитувале ефектите од таканаречената „родителска употреба на технологија“ во присуство на дете. Резултатите покажаа дека влијанието врз децата, иако суптилно, сепак е мерливо. Според *YourTango*, децата кои морале да се „натпреваруваат“ за внимание со мобилниот телефон, може да ги развијат овие навики во зрелоста.

Послаби когнитивни вештини

Децата кои се борат за внимание со мобилниот телефон може да покажат послаби когнитивни вештини. Кендра Чери, експерт по образовна психологија, објаснува дека поимот „когнитивно“ се однесува на менталните процеси неопходни за стекнување знаење и разбирање, кои ги опфаќаат размислувањето, помнењето, расудувањето и решавањето проблеми.

Кога вниманието на родителот е насочено на мобилниот телефон, веројатно е дека тој помалку ќе реагира на потребите на детето; ова може да биде штетно, со оглед на тоа што когнитивните вештини се развиваат во рана возраст. Родителите кои ги игнорираат своите деца за сметка на екраните, всушност го попречуваат нивниот развој.

Склоност кон повлекување во себе

Децата кои за внимание се натпреваруваат со мобилниот телефон може да бидат помалку склони кон просоцијално однесување. Ова е однесување насочено кон помагање на другите. Во суштина, тоа опфаќа постапки што поттикнуваат поврзаност, како што се емпатија и пријателство. Децата на кои им недостасува вакво однесување, би можеле поретко да им помагаат на другите.

Децата го учат просоцијалното однесување од своите родители. Тие треба да видат пример од лицето кои се грижи за нив за и самите да станат повнимателни кон другите. Ако родителите сакаат нивните деца да развијат здрави социјални навики, тие мора да бидат присутни и да го демонстрираат таквото однесување преку сопствените постапки.

Емоционална оддалеченост од најблиските

Намалената поврзаност во овој контекст не значи дека децата се помалку зависни од своите родители; туку се однесува на квалитетот на нивната емоционална врска. Детето на кое му недостасува цврста врска со едниот или со двајцата родители, може да се повлече во себе.

Ова е логично, со оглед на тоа што раната поврзаност со родителите влијае врз односите подоцна во животот. Емоционалната поврзаност е клучна за децата да научат како да градат здрави односи, а доколку детето мора да се натпреварува со мобилниот телефон за внимание, тоа природно влијае врз неговиот однос со родителите.

Премногу време поминато на мобилни телефони

Можеби најочигледна последица е тоа што децата кои морале да се натпреваруваат со мобилниот телефон за внимание, веројатно и самите ќе поминуваат повеќе време пред екраните. Децата ги имитираат примерите што ги гледаат, особено оние што ги даваат луѓето најблиски до нив. Ако родителите постојано ги користат своите телефони, веројатно и децата ќе го прават истото.

Иако едно петгодишно дете можеби нема мобилен телефон, другите форми на време поминато пред екран – како што се таблетите, компјутерите и телевизорите – можат да бидат исто толку штетни. Светската здравствена организација препорачува децата на возраст од две до пет години да поминуваат помалку од еден час дневно пред екран.

Иако ова може да изгледа тешко остварливо, важно е да се обидеме заради развојот на детето. Како што растат, децата ќе поминуваат сè повеќе време пред екраните, што може да прерасне во доживотна навика која влијае врз нивната продуктивност и менталното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер