Отворена изложбата „100 години театар во Скопје“ - Канал 5

Отворена изложбата „100 години театар во Скопје“

Во МНТ вечерва е отворена изложбата „100 години театар во Скопје“ на Музејот на театарски уметности на Србија од Белград.

Отворена изложбата „100 години театар во Скопје“
Изложбата, која е дел од програмата за одбележување 10 години од Форумот на словенски култури, ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа Милевска. Таа оцени дека постановката е скапоцен документ и приказ за развојот на институцијата, која е театарска гордост на Македонија, но и потврда за одличните односи помеѓу Република Србија и Република Македонија, како и за меѓуинституционалната соработка помеѓу двата театарски музеи: српскиот и нашиот, новоформираниот Музеј на македонскиот народен театар.

- Оваа сериозно конципирана изложба за македонскиот театар, која минатата година прв пат беше презентирана во српската метропола, преку фотографии, документи, плакати и други вредни експонати, ги тематизира почетоците на професионалниот театар во Скопје, го документира создавањето на првата театарска институција и ги проследува првите 28 години од нејзиниот развој во периодот помеѓу 1913 и 1941 години.
На самиот почеток на оваа возбудлива театарска приказна ја наоѓаме, се разбира, интегративната фигура на основачот и првиот управник на Народниот театар во Скопје, еминентниот српски автор Бранислав Нушиќ чија идеја да го поттикне културниот живот во македонската престолнина, несомнено вроди со плод, рече Канческа Милевска.

Таа истакна дека изложбата „100 години театар во Скопје“ има исклучително културолошко значење, бидејќи преку неа секој посетител низ вредните примероци може одблизу да се запознае со еден важен сегмент од богатата театарска традиција на Република Македонија. Токму низ овие впечатливи фотографии од претстави, прикази од раскошниот ентериер, од сцената, од надворешноста која беше симбол на тогашно Скопје, секој може да се потсети на, како што вели, една од најубавите градби во нашата држава, зградата на Македонскиот народен театар која денеска ја живее својата ренесанса.

Денеска, додаде таа, Република Македонија е навистина среќна театарска земја во која што се градат нови театри, која поседува силен уметнички потенцијал, врвни уметници кои создадоа и создаваат големи театарски претстави и освојуваат врвни признанија и награди.

- Изложбата „100 години театар во Скопје“ е уште еден од моќните творечки аргументи кои ја потврдуваат и ја верифицираат вистината за важноста на врските помеѓу словенските народи и нивните култури. Тие врски низ минатото останувале живи и интензивни секогаш, дури и кога одделни словенски земји и народи се соочувале со сериозни предизвици од различен карактер. Во турбулентите декади и векови, низ кои се создавала нашата историја, токму културните и творечките релации многупати се потврдувале како вистински мостови на меѓусебно разбирање и соработка, како подадени раце кон иднината, порача Канческа Милевска.

Министерката за култура Канческа Милевска, која е и актуелен претседател на Управниот одбор на Форумот на слове3нски култути, вечерва ја врачи наградата „Жива“ за најдобар словенски музеј на галеријата на Матица српска од Нови Сад, Србија.

Галеријата е формирана во 1849 година и денес е еден од музеите со најбогата колекција на националното богатство кое датира од 16 до 21 век. За јавноста во сегашната зграда била отворена 1985 годона.

За наградата на конкурсот аплицирале 14 музеи (освен од Полска и Хрватска), а 11-члено жири од секоја држава одлучува за наградата според утврдени критериуми. Во конкуренција за награта беше и македонскиот музеј од Крива Паланка.

Галеријата на Матица српска е прва која се стекна со наградата „Жива“ воведена по повод 10 години од постоењето на Форумот на словенските култури.

Одбележувањето на 10-годишниот јубилеј беше збогатено со концерт „Претставување на нематеријалното културно наследство на словенските земји“.

Форумот на словенските култури обединува 13 држави и над 300 милиони нивни жители (Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија, Бугарија, Украина, Русија, Белорусија, Полска, Чешка и Словачка), кои соработуваат и разменуваат знаења и искуства за проекти што треба да ги зачуваат и негуваат нивните култури.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела Вода

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела Вода

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје

Град Скопје со свечена манифестација вчеравечер го одбележа „13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје“.

Одбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје

По тој повод Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски свечено им ги додели признанијата на годинешните добитници на наградата „13 Ноември“, луѓе кои со своето знаење, творештво, труд и човечност го збогатуваат Скопје и го издигнуваат неговиот углед.

- Денот што ја носи гордоста на нашиот град и споменот на хероите на кои вечно ќе им бидеме благодарни. Пред 82 години, на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно. Нашите ослободители го дале својот одговор. Со храброст. Со непоколеблива решителност. Со сопствените животи. Затоа денес стоиме исправени. Затоа денес живееме слободни. Затоа нивното дело има вечно место во срцето на Скопје. Слободата што ја живееме била платена со најскапоценото. Со млади животи, со неостварени соништа, со празни места во домовите во кои некој никогаш не се вратил. Нашата благодарност кон нив е вечна обврска да паметиме, да ја чуваме вистината за нивната борба и да создаваме град достоен за нивната жртва. Ви благодарам што му давате толку многу на нашиот град и што со вашиот пример ги охрабрувате младите да веруваат во сопствените можности. Носете го ова признание со гордост – рече Ѓорѓиевски во своето обраќање.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека нашата борба денес е различна, но суштината е иста, да им оставиме подобра иднина на генерациите што доаѓаат, како и дека негова главна заложба како градоначалник е да изградиме уредно, зелено, безбедно и современо Скопје, град во кој децата ќе растат со можности, секое населено место ќе добива внимание, а секој човек заслужена почит.

- Секоја генерација има своја одговорност пред Скопје. Затоа ги откочивме проектите што со децении стоеја како неми сведоци на неодговорноста. Ги презедовме најтешките обврски и работиме да го завршиме она што предолго било одложувано. Денес, големите капитални проекти се во завршна фаза. Она што со години било ветување, добива облик пред очите на скопјани. Ова е одговорноста што ја презедов. Ќе ја носам со целосна посветеност, за Скопје да оди напред, а граѓаните да ја чувствуваат промената во својот живот. На овој голем ден, ја наведнуваме главата пред жртвата на ослободителите, а ја креваме со решителност пред обврските што ни ги носи иднината. Нивната храброст нека нè води. Нивната љубов кон Скопје нека нè обединува. Нашите дела нека покажат дека сме достојни за слободата што ни ја оставија. Нека е честит 13 Ноември. Вечна слава на ослободителите. Да живее слободно Скопје – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес променливо облачно со повремени врнежи

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Денес променливо облачно со повремени врнежи

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер