КултураОтворена изложба на ликовни дела од проектот „Уметноста не познава граници“Изложба на дела на учесниците во партнерскиот проект „Уметноста не познава граници“ меѓу ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје, ООУ Рајко Жинзифов - Чаир, ООУ Аврам Писевски – населба Бардовци и Дневниот центар за лица со церебрална парализа од Скопје, e отворена денеска на Филозофскиот факултет во Скопје. Директорката на ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје, Анета Стефановска истакна дека проектот е финансиран и поддржан од Мисијата на ОБСЕ, од Министерството за образование и наука и Швајцарската амбасада во рамки на програмата „Градиме мостови“. - Нашиот проект се фокусираше на уметноста како едно средство за надминување на стереотипите, на предрасудите и спојување на различностите - ученици со различна етничка, верска припадност, со различна интелектуална моторна можност и способност. Проектот се реализираше три месеци. Програмата содржеше седум креативни ликовни работилници на кои модератор беше Македонското Монтесори здружение, рече Стефановска. Посочи дека на секоја работилница се обработувал еден од најпознатите светски познати уметници, со тоа што таа била составена од неколку дела и се обработувал начинот на кој тој уметник творел и живеел. - Вториот дел од работилницата се однесуваше на искажување на својата креативност. Формиравме различни групи. Дел од работилницата беше дека секој индивидуално ќе работи, инспириран од тоа што го видел од претходниот дел од работилницата и од делата на уметникот, а дел од работилницата беше заеднички комбиниран и во групна работа секој му помагаше на останатиот. Самото дело почнуваше од еден ученик, а завршуваше кај друг, истакна Стефановска. Појасни целта им била на пошироката јавност да и го претстават заокружувањето на проектот. - Тука сме на Филозофскиот факултет, бидејќи сите ние стручни работници призлегуваме од оваа институција како матична, но и како поттик за идните студенти. Изложбата денеска е отворена на Филозофскиот факултет, а ќе организираме една недела да биде поставена во холот на Заводот за рехабилитација на деца и младинци, а потоа и во ООУ Рајко Жинзифов - Чаир, ООУ Аврам Писевски – населба Бардовци и Дневниот центар за лица со церебрална парализа, додаде Стефановска. Изработена е и брошура на македонски, албански и ромски јазик и видео презентација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Црна хроникаУапсен е 62- годишен педофил од тетовско, кој силувал дете помало од 15 години Лишено од слобода лице од тетовско поради сомнение за силување на дете кое не наполнило 15 години, следува соодветна пријава.На 25.09.2026 во 21:45 часот, по претходно објавено видео на социјалните мрежи, во Полициската станица Тетово сам се пријавил Р.Н.(62) од тетовско село. По насоки на јавен обвинител од ОЈО Тетово, лицето е лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и целосно расчистување и документирање на случајот, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаИздрогиран возач влета меѓу учесници на протестен марш во Франција- имал причина (ВИДЕО)Триесет и седумгодишен маж со автомобилот удрил во толпа демонстранти во Клермон-Феран, Франција, при што повредил четири лица, соопшти обвинителството за BFM TV.- Во оваа фаза од истрагата не се пронајдени докази за напад, а повредите што ги здобиле повредените се чинат полесни - изјави обвинителот Ерик Серфас. Инцидентот се случил денес околу 11 часот, а според обвинителството, возачот очигледно бил нетрпелив поради бавниот сообраќај и сакал насилно да се пробие и покрај присуството на голем број пешаци кои учествувале во мирниот протест. Une voiture fonce sur le cortège : quatre blessés et une garde à vue à la marche pour le climat, le vivant, la paix et la justice sociale organisée ce samedi 26 septembre à Clermont-Ferrand. ➡️ https://t.co/PXP4jTIBox https://t.co/NM3CNALvHb — La Montagne (@lamontagne_fr) September 26, 2026 Мажот бил веднаш уапсен и приведен за „вооружено насилство“, а бил и тестиран за дрога. CLERMONT-FERRAND : Un individu a foncé sur la foule avec sa voiture lors de la marche pour le climat, faisait cinq blessés. Le conducteur, sous l'emprise de stupéfiant, a été interpellé (procureur de la république / La Montagne). https://t.co/sWLkuBWQZc — Infos Françaises (@InfosFrancaises) September 26, 2026 Обвинителството не прецизираше за која дрога станува збор.Тагови: Франција возач Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
ЕвропаНад 700.000 верници во Париз присуствуваа на мисата на папата Лав XIV, Макрон не дојде Папата Лав XIV денес служеше миса на Плоштадот Конкорд во Париз пред околу 700.000 верници, за време на вториот ден од неговата посета на Франција.Мисата на отворено започна кратко по 15 часот, откако Папата помина низ Шанзелизе, каде што беше пречекан од голем број верници. Забележливо беше отстуството на францускиот претседател Емануел Макрон на овој настан. Лав XIV пристигна на Плоштадот Конкорд по 40-минутно возење и благословување на верниците по Шанзелизе, а организаторите претходно изјавија дека неколку стотици илјади луѓе се собрале во областа околу плоштадот и по должината на авенијата. Изведбата на свечената химна „Слава“ на самиот почеток на мисата привлече особено внимание, и покрај фактот дека, според литургиското правило, таа се пее само во неделите и за време на големите празници, пренесува Фигаро. Свештеникот Антоан Бариер од заедницата Свети Мартин објасни дека „во одредени прилики, за да се нагласи свеченоста, може да се додаде и Слава“. За време на мисата, папата Лав XIV носел палиум во грчка форма, на кој се наоѓаат пет крста на Христос. Исто така, прикажува игли што ги симболизираат ноктите на Христос. Литургиските одежди, исто така, прикажуваат лисја што „никогаш не венеат“, како потсетник на темите од животот и изворите дискутирани во литургиските текстови. Проповедта на папата Лав XIV се одржа на француски јазик, како и неговите говори за време на претходниот дел од неговата посета на Франција. Мисата на Плоштадот Конкорд е централниот настан на вториот ден од посетата на папата на Франција и првата папска посета на Париз од посетата на папата Бенедикт XVI во 2008 година. Пред почетокот на мисата, речиси 1.000 пејачи од 34 хорови од регионот Ил де Франс изведоа литании посветени на Дева Марија. По мисата, папата Лав XIV треба да го напушти Париз и да се упати кон аеродромот Орли, од каде што е планиран лет до Лурд, следната дестинација на неговата посета на Франција.Тагови: Папата Париз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05