Туристи плаќале за влезници, а парите завршиле во туѓи џебови- измамата на Малта е откриена со две ливчиња
Вооружени и маскирани разбојници ограбија златарница во центарот на Париз- однесоа плен од стотици илјади евра (ВИДЕО)
1Туристи плаќале за влезници, а парите завршиле во туѓи џебови- измамата на Малта е откриена со две ливчиња
2Вооружени и маскирани разбојници ограбија златарница во центарот на Париз- однесоа плен од стотици илјади евра (ВИДЕО)
Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)
1Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)
ЗдравјеОтворена хибридна сала на Универзитетската клиника за државна кардиохирургијаДенеска правиме еден голем успешен исчекор во следење на современите медицински трендови Здравјето на граѓаните е најважно, изјави премиерот Димитар Ковачевски, при денешното отворање на хибридна сала на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија. Кардиохирурзите започнаа да работат во хибридна операциона сала, која е прва ваква сала во државата. -Денеска правиме еден голем успешен исчекор во следење на современите медицински трендови, што само говори за нашата сериозност како Влада, дека во наш фокус е зајакнување на јавното здравство, инвестирање во човечки ресурси, модернизирање на болниците, посочи премиерот. Во центарот на здравствените реформи, нагласи тој, секако, се пациентите, „тие заслужуваат најдобар, најсовремен, болнички третман, навремено лекување и рана дијагностика“. - Јас утрово го посетив пациентот на кој вчера му беа извршени интервенции во хибридната сала и тој се чувствува добро, набрзо ќе замине дома и многу скоро ќе се врати на неговото секојдневие, информираше Ковачевски. Тој потсети дека хибридната операциона сала овозможува хирургија со малку компликации, брз опоравок, кратка рехабилитација, таканаречена минимално инвазивна хирургија. Ваквите процедури, додаде, покрај медицинската оправданост, секогаш се преферираат од страна на пациентот. На тој начин тој побрзо се враќа на секојдневниот живот и истовремено, државата троши помалку средства во неговата рехабилитација. Со оваа хибридна кардио-васкуларна сала, рече, се има можност да се направи многу голем исчекор во следењето на медицинските трендови и медицината базирана на докази, а најголемиот бенефит од овој проект, го имаат пациентите. -Нивното задоволство е мерило на сѐ она што како Влада, како Министерство за здравство и како Клиника се залагаме да го реализираме. Здравјето на нашите граѓани е најважно, ништо не е повредно од тоа и затоа ништо нема да нѐ поколеба да останеме посветени да овозможиме најсовремени услови за лекување. Тимот на хирурзи, лекари, целокупниот медицински персонал, овде во овој Универзитетски центар - Клиниката за кардиохирургија, досега во многу наврати нѐ направиле горди и среќни со нивната стручна експертиза, посветеност во работата, заштитата на пациентите, грижата за нив, подвлече премиерот. Ковачевски потсети дека среде корона-кризата, на оваа Клиника се испиша историја за македонското здравство, се направи првата кадаверична трансплантација на срце во земјата, односно трансплантација од починат донор. Сега со новата хибридна операциона сала, Ковачевски верува во многу успешни операции и многу задоволни пацинети. - Како Влада имаме одговорност да се грижиме за пациентите и за здравствените работници и ние ќе продолжиме да го правиме тоа. Повеќе од 40 години, здравствениот систем во Република Северна Македонија беше во клиничка кома. Со сите овие залагања, од реновирање на клиники и болници ширум државата, од купување на современа апаратура, реновирање и комплетна реконструкција на операциони сали, по светски стандарди, реконструкција и опремување на цели болнички оддели, ја покажуваме нашата цврста определба за развој на здравствениот систем во Северна Македонија, рече Ковачевски. Тој истакна дека пријателската поддршка е од голема помош во зајакнување на капацитетите во јавно-здравствените установи. Премиерот упати благодарност до амбасадата на Јапонија и до амбасадорот Оцука Казуја, за донацијата на бронхоскоп, апарат што на Клиниката за кардиохирургија ќе се користи и во операциона сала и во интензивна нега. - На целиот медицински персонал овде на Клиниката им посакувам успешна работа, што повеќе успешни операции и што поголем број излекувани пациенти. Тие не се херои само за своите пациенти, тие се херои на македонското здравство, додаде премиерот. Директорот на клиниката, професор доктор Сашко Јовев, рече дека им е чест што се домаќини при отворањето на прва ваква сала во државата и пошироко и ставањето во употреба на апаратот за долготрајна вонтелесна срцева и белодробна поддршка. Тој нагласи дека работат сѐ што се работи во моментов во светот од областа на нивната субспецијалист, имаат знаење, искуство, тимска работа, најсофистицирана опрема. - Нашиот народ добива нови модалитети за третман на најтешките и најчестите заболувања. Клиничкиот кампус поголема сигурност. А државата, ултрамодерна клиника, нагласи тој, осврнувајќи се и на други програми што ги работат и упатувајќи благодарност до стручниот тим на клиниката, Светска банка и Фондот за здравствено осигурување, министерот за здравство. Задоволство од отворањето на првата хибридна сала во државава, изрази и јапонскиот амбасадор. - Мило ми е што бронхоскопот, донација од народот на Јапонија, ќе се користи тука, додаде Оцука Казуја, осврнувајќи се на поддршката што континуирано ја даваат низ годините. Кристијан Бундовски, специјализант по васкуларна хирургија, во изјава за МИА истакна дека ова е прва ваква сала во државата. Многу е значајна, бидејќи кардиоваскуларните заболувања се водечки по смртност во светот, неопходно е нивно брзо решавање, без да се губи време. Во оваа сала, ќе работи заедно со професорот Сашко Јовев, директорот, кардиохирург и со доктор Никола Лазовски, васкуларен хирург. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЖивотМаж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)Одгледувањето шафран обично се поврзува со постудена клима и природна средина, но еден пар од индиската држава Махараштра пронашол начин да го произведе овој скап зачин во својот стан-гарсониера.Наместо традиционалните земјоделски методи, тие решиле да се потпрат на технологијата и да претворат простор од само 37 квадратни метри во мала фарма, објавува Observator News. Специфични услови за одгледување Акшај Холи и неговата сопруга Дивја Лохакаре развиле бизнис базиран на аеропоника. На овој начин, тие успеале да создадат средина во која шафранот може да расте, и покрај високите температури во градот каде што живеат. Нивниот потфат им донел значајни финансиски резултати. Според Акшај, бизнисот им донел годишен приход од приближно 38.000 до 47.500 евра. Акшај дипломирал на Факултетот за бизнис администрација, додека неговата сопруга Дивја претходно работела во банкарскиот сектор. Двајцата почнале да ја истражуваат можноста за одгледување шафран во 2020 година, препознавајќи можност на пазар каде што побарувачката за зачинот е голема, додека домашното производство е релативно ограничено. Причината за ова се специфичните услови потребни за негово одгледување. Шафранот генерално успева во области со соодветна клима, па затоа неговото одгледување може да биде многу тешко во региони со екстремни температури. 🚨 Nagpur couple earns over Rs 4 lakh per month from a 400 sqft room business that has a profit margin of 80% https://t.co/jkVW7cf80W — India Live (@IndiaLiveIN) November 12, 2026 Првичните обиди не донесоа резултати Наместо да се потпираат на традиционалното земјоделство, Акшај и Дивја решија прво да ја совладаат технологијата што ќе им овозможи да произведуваат во затворен простор. Во текот на две години, тие поминаа три месеци во неколку наврати учејќи од одгледувачи кои произведуваат шафран во контролирани услови. Нивните почетни обиди не ги донесоа очекуваните резултати. Во почетниот експеримент, тие користеа 100 единици саден материјал, со вкупна тежина од еден килограм, а првата жетва даде само неколку грама од зачинот. Сепак, тие не се откажаа. Подоцна, тие пробаа поголема количина и успеаја да произведат 1.600 грама шафран. Овој резултат ги охрабри да го прошират својот бизнис и да продолжат да инвестираат во производството. Клучот за нивниот бизнис е аеропонскиот систем, во кој растенијата не се садат во земја. Наместо тоа, нивните корени ја добиваат потребната влага и хранливи материи преку контролирано прскање или фина магла што содржи хранлив раствор. Берба од август до декември На овој начин, можно е прецизно да се контролираат условите за раст на растенијата и да се прилагодат на нивните потреби, без оглед на надворешната клима. Токму оваа технологија им овозможила да одгледуваат шафран во град каде што високите температури инаку се сериозна пречка. Тие организирале производство во просторија од 37 квадратни метри, но планираат дополнително да го прошират бизнисот. Поради досегашните резултати, двојката подготвува нова производствена единица со површина од дури 480 квадратни метри. Бербата на шафран трае од август до декември, додека преостанатите месеци се користат за одгледување и одржување на садници за следните сезони. Според Акшај, тие продаваат шафран по цена од приближно шест евра за грам, што значи дека килограм од овој зачин достигнува вредност од околу 6.000 евра. Голем дел од работата ја работат сами. Дополнителна предност е издржливоста на опремата што ја користат, бидејќи машините во нивниот систем, според нив, можат да работат помеѓу 20 и 25 години.Тагови: гарсониера Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаТуристи плаќале за влезници, а парите завршиле во туѓи џебови- измамата на Малта е откриена со две ливчиња Четворица вработени во малтешката институција за културно наследство „Херитиџ Малта“ се изведени пред суд под сомнение дека продавале дупликати билети на посетители и ги задржувале парите за себе. Случајот покрена прашања за злоупотреба на системот за плаќање на туристичките места откако беше откриено како вработените наводно заработувале дополнителни пари. Според „Малта Хабер“, вработените наводно искористиле дупка во системот за билетарница за да испечатат повеќе копии од истиот важечки билет. Откриена организирана измама со камери Снимките од надзорните камери наводно покажуваат дека некои билети биле испечатени дури осум пати, по што дополнителни копии биле скриени во промотивни брошури. Кога туристите дошле на билетарницата и платиле во готово, вработените наводно им дале претходно подготвени копии наместо да издадат нови билети. На овој начин, парите од продажбата не завршиле кај институцијата на која ѝ припаѓале. Според информациите презентирани за време на судската постапка, снимката од камерата наводно покажува и како вработените земаат готовина од касите и ги ставаат во своите паричници. Неправилности забележани и претходно Сомневањата за неправилности се појавија уште во мај, кога два идентични билети беа пронајдени во историскиот комплекс „Форт Сент Анџело“. Овој навидум ситен детал предизвика истрага која откри можна злоупотреба на системот за плаќање. Последователните проверки открија дека слични неправилности, според истрагата, се случиле и на други локации управувани од „Херитиџ Малта“. Четворица вработени беа обвинети за нелегално стекнување пари на сметка на институцијата со користење на можноста за дуплирање билети. Случајот стигна до судска завршница Случајот заврши на суд, каде што беа презентирани наодите од истрагата и снимките од надзорните камери. Иако станува збор за сериозни обвинувања, одговорноста на вработените сè уште не е утврдена во судска постапка. Овој случај покажува како дури и навидум едноставен систем за продажба на туристички билети може да стане предмет на злоупотреба кога има пропусти во евиденцијата за контрола и наплата. И целата приказна започна со само два билети кои изгледале потполно исто.Тагови: Малта туристи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Шоу бизНикол Кидман е добитничка на почесен „Цезар“ на 52. церемонија на доделување филмски награди Австралиско-американската актерка Никол Кидман ќе ја добие почесната награда Цезар на 52-та церемонија на доделување на наградите Цезар, која ќе се одржи на 25 февруари 2027 година, во театарот Олимпија во Париз.Австралиско-американската актерка Никол Кидман ќе ја добие почесната награда Цезар на 52-та церемонија на доделување на наградите Цезар, која ќе се одржи на 25 февруари 2027 година, во театарот Олимпија во Париз, објави денес Академијата за филмски уметности и науки, позната како Академија Цезар. Кидман глумеше во голем број значајни филмови во текот на својата кариера, вклучувајќи ги „Мулен Руж“, „Очи широко затворени“, „Другите“ и „Догвил“. Таа го освои Оскарот за најдобра актерка во 2003 година за улогата на писателката Вирџинија Вулф во „Часовите“. Покрај нејзината актерска кариера, Кидман е и продуцент и коосновач на „Блосом Филмс“, продуцентската компанија зад телевизиските серии „Големи мали лаги“, „Развршување“ и „Девет совршени странци“. Во 2006 година, Кидман ја доби титулата Придружник на Редот на Австралија, додека во 2017 година ѝ беше доделена награда на Канскиот филмски фестивал по повод 70-годишнината од тој фестивал.Тагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter