Отворена „Галерија 22" во штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов" - Канал 5

Отворена „Галерија 22" во штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов"

Свечено отворена е „Галерија 22" при Центарот за култура „Ацо Шопов" – Штип. 

Отворена „Галерија 22" во штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов"

Некогашното фоаје на Домот на културата сега е реновирано и модернизирано. За денешното отворање подготвена е целодневна програма, а директорот Горан Трајков истакна дека галеријата ќе им служи на сите уметници за организирање на своите настани.

– Галеријата е реконструирана од сопствени средства на Центарот за култура. Она што ме радува е дека при реконструкцијата се искористени сите вредности и капацитети од човечкиот потенцијал коишто ги имаме на располагање. Сето тоа го ставивме на едно место и тука може да се види колку знаење е акумулирано преку кадарот кој е вработен во Центарот за култура. Она што е важно при отворањето е дека денеска по 40 години се реконструира. Зошто е важно тоа? Затоа што далечната 1982 година е именуван и Центарот за култура по името Ацо Шопов. Затоа оваа година ќе биде година на промени, ќе го обновиме сјајот, вели Трајков.

Прв настан во „Галерија 22' беше изложбата на ликовната уметница Валентина Илиевска од Куманово, која првпат има своја изложба во Штип, но истата се изложува по десетти пат во повеќе градови низ државата. Станува збор за циклус со кој таа одамна се претставува, а кој содржи трансформација на квадратот, провлечен низ цртежи, графики, слики и различни тематики.

– Самиот мотив е синиот квадрат или сината коцка, зависно во кои медиуми и во кои дела таа се претставува. Таа е симбол на човечноста. Ја обработувам уште од факултетските денови, бидејќи колку што може да видиме, современиот човек ги има заборавено оние егзистенцијални пориви и самите вредности коишто ги имаме, па затоа ова е еден симболичен порив за враќање на природата, на човештвото и кон самата наша интуитивност. Така би се одржал развојот на човештвото и самиот развој што ќе може да го издигнеме на пиедестал, како и културата и уметноста, рече Илиевска.

Освен изложбата, дел од дневната програма беше и промоција на наградената поема „Цветко" на Трајче Кацаров, изложба на носии, како и промоција на списанието за уметност на националната установа. Дел од вечерната програма, пак, е изложбата на жени уметници од три градови, Штип, Кочани и Виница, а за најмладите ќе има забава во вечерните часови. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Шпанските спасувачи трагаат по најмалку 23 исчезнати во големиот шумски пожар во шпанскиот регион Андалузија, во кој досега загинаа 12 лица.

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Пожарот сè уште се шири поради неповолните временски услови и тешките временски услови, а досега зафати околу 4.000 хектари вегетација. Во битката со огнот, учествуваат повеќе од 500 служби за итни случаи, со поддршка на 32 авиона. Илјадници жители се евакуирани од погодените области, а повеќе од 1.400 луѓе моментално се наоѓаат во привремени засолништа првичните истраги покажуваат дека паднат далновод бил причина за пожарот. Властите стравуваат дека пожарот би можел да стане еден од најсмртоносните во Андалузија и еден од најкатастрофалните во Шпанија во последните децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше на затворањето на шестиот „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“, што се одржува под нејзино покровителство, а во организација на „Македонија 2025“.

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Таа оцени дека ваквите иницијативи не само што придонесуваат за стекнување напредни знаења и вештини во областа на роботиката, програмирањето, инженерството и иновациите, туку ги подготвуваат младите да бидат активни актери во обликувањето на иднината, наместо пасивни набљудувачи на промените.

Според неа, особено важно е младите да размислуваат критички, да создаваат иновативни решенија и да ги користат современите технологии како средство за општествен напредок, одржлив развој и подобар квалитет на животот.

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката.

Потсетувајќи на роботот Протеус, кој се свртел против својот творец, таа нагласи дека човештвото мора мудро да се однесува кон новите технологии, оти тие треба да останат во служба на човекот, а не да станат причина за губење на човечката димензија.

Учесниците ги споделија своите искуства од кампот, истакнувајќи дека програмата им овозможила да стекнат нови знаења и вештини, да работат на иновативни проекти и да воспостават пријателства со врсници од различни земји.

Тие ги презентираа проектите изработени за време на кампот, по што претседателката, во својство на покровителка, им ги врачи сертификатите за успешно завршување на програмата.

Годинава, кампот обедини 24 млади на возраст од 11 до 15 години од македонската дијаспора во САД, Малта, Србија, ОАЕ, Германија и од неколку градови низ државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бешлиовска: Во 15 установи потребни се најмалку 210 нови медицински сестри

Само во 15 здравствени установи недостигаат повеќе од 200 медицински сестри, алармираат од Здружението на сестри и техничари.

Бешлиовска: Во 15 установи потребни се најмалку 210 нови медицински сестри

Според претседателка Гордана Бешлиовска, недостигот е реалност која не смее да се решава со паушални барања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер