Отворена е традиционалната изложба „Цвеќиња на мирот“ на Живко А. Поповски – Цветин - Канал 5

Отворена е традиционалната изложба „Цвеќиња на мирот“ на Живко А. Поповски – Цветин

Изложбата е отворена од денеска, 11 декември - Денот на УНИЦЕФ, па се до петок, 15 декември во Кинотека.

Отворена е традиционалната изложба „Цвеќиња на мирот“ на Живко А. Поповски – Цветин

Со Цвеќињата на мирот на познатиот уметник и хуманист Живко А. Поповски – Цветин отворена е и неговата овогодишна изложба по повод 77 години постоење на УНИЦЕФ и 78 години од донесување на Универзалната декларација за човекови права од страна на Генералното Собрание на Обединетите нации.

Изложбата е отворена од денеска, 11 декември - Денот на УНИЦЕФ, па се до петок, 15 декември во Кинотека.

- На оваа изложба изложив Цвеќиња на мирот кои симболизираат една универзалност, да има разбирање и соживот меѓу децата, истакна авторот на изложбата, Живко А. Поповски – Цветин.

Цветин нагласи дека децата и цвеќињата имаат големо значење за него.

- Денот на детето многу значи за мене затоа што децата се нашата иднина и токму поради тоа треба да се обезбедат нивните права и да им се овозможат услови за правилен развој, за образование, сите деца да имаат топол дом и здрава храна, рече тој.

Цветин со оваа дејност се занимава уште од многу одамна. Во 1986 година имал изложба посветена на 40 годишнината на УНИЦЕФ на која подари 40 слики за Центарот за здравјето на детето во Варшава, потоа наредната година имал изложба посветена на младите спортисти во Загреб, на којашто подарил 30 Цвеќиња на мирот за најуспешните спортисти, како и изложбата во 1991 година во Домот на градежните работници која исто беше посветена на децата со порака за мир.

-Во 1998 година еден карван Цвеќе на мирот одеше низ градовите Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Штип, Кратово, Гостивар, Тетово и Скопје за Унијата на средношколци, исто така истата година одеше и една изложба низ 130 училишта во нашата земја како карван, каде што се читаше поезија и се сликаа цвеќиња на мирот, истакна Цветин.

Тој ги спомена и изложбите посветени на децата во 2006 година која започна на 11 декември од градинката „Корчагин“ во Скопје, и заврши наредната година на истиот датум, како и сите изложби што ги имаше во декадата на културата на мирот, од 2000 до 2010, меѓу кои е и Карван изложбата која започна од Зрењан а заврши во Врање.

- Верувам дека овие Цвеќиња на мирот ќе продолжат, како и ова денешна мисија што ја организирам преку оваа изложба. Овие цвеќиња ќе продолжат да ја шират оваа убава порака за децата, да имама мир и леб, истакна Цветин.

На изложбата, покрај цвеќињата кои, како што рече, се универзален симбол на убавината, љубовта, почитта и радоста, имаше и векна леб како симбол на мирот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија.

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка.

Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? Зошто тогаш Филипче беше тивок, а денес толку гласен?

Одговорот е јасен. Затоа што си ја ишка мувата од капата. Филипче е човек полн со багаж од минатото.

Филипче и СДС се ставија во одбрана на ДУИ и Али Ахмети. Жално е да се гледа до кое дно дојде СДС со Филипче.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ

Додека Давор Мацура седи во притвор во Србија за изнесени близу 400 милиони евра и сомнежи за печатење лажни банкноти од 500 евра, во Македонија ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја бранат Алта банка. 

Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ

Латас, Бетмен и други квази-експерти излегуваат да ја бранат Вучиќевата пералница на пари. Да го бранат банкарот на Мицкоски.

Сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ.

Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка.

Тоа е целосна манипулација.

Станува збор за пакет од 7.213 акции (околу 1,85% од капиталот на Стопанска банка АД Битола) што државата ги конфискуваше од Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ со правосилната пресуда за случајот „Империја“.

Одлуката од 6 јуни 2023 година е само редовна законска процедура според Законот за управување со конфискуван имот — формална согласност Агенцијата за управување со одземен имот да ги продаде запленетите акции за да влезат пари во буџетот. Истиот ден се дадени идентични согласности и за други запленети акции.

Овие акции воопшто не беа продадени во мандатот на СДСМ. Алта банка тогаш воопшто не беше присутна во државата. Влезот на српската Алта банка и преземањето на Стопанска банка се случија во есента 2025 година со одлука на Мицкоски и неговата власт.

Запленетиот пакет беше продаден на Алта банка во јануари 2026 година за околу 375.000 евра.

Повторно фатени во лага. Мицкоски ја внесе Вучиќевата Алта банка во Македонија.

Трајко Славески му даде дозвола, јавно призна, во консултација со Мицкоски. Парите на јавните претпријатија и на граѓаните завршија таму исто така со одлука на владата на Мицкоски.

Сега кога во Србија се отвораат истрагите, ВМРО-ОКГ се обидува да го заташка скандалот.

Нема да помине. СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот и против сите инволвирани. Следува одговорност!

Затоа ВМРО, Латас и Мицкоски ги бранат Вучиќ и Мацура — својот шеф и својот банкар. Така изгледа кога власта е дел од мафијашки синдикат, дел од балканскиот картел.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багаж

Двегодишно дете накратко исчезна на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Израел откако се качило на лента за багаж и пешачело неколку метри до местото каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.

Драма на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багаж

Инцидентот се случил во четврток, кога семејство кое се подготвувало за лет за Ларнака, Кипар, се соочило со исчезнувањето на своето дете, објави денес Канал 12. Откако родителите не успеале да го пронајдат детето, ја известиле полицијата, која започнала потрага по исчезнатото дете на аеродромот.

Двегодишното дете било пронајдено неколку минути подоцна на лента за багаж, каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.

Аеродромските власти соопштија дека детето е пронајдено неповредено и во добра состојба, откако пешачело само неколку метри на лентата.

Во соопштението се наведува и дека детето не било под надзор на своите родители во времето на инцидентот. Израелските аеродромски власти започнале истрага за да ги утврдат околностите на инцидентот, а според извештаите на медиумите, полицијата ја разгледува и можноста за покренување истрага.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер