КултураОтворена 56. Летна школа на Меѓународниот семинар по македонски јазик, литература и култура Отворена 56. Летна школа на Меѓународниот семинар по македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Охрид.Како исполнување на аманетот на Крсте Петков Мисирков, неговиот сон, но и сон на неговите потомци, да се работи за зачувување на македонскиот јазик, во Охрид по 56-ти пат се одржува Летната школа на Меѓународниот семинар по македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Ректорот на Универзитетот, Никола Јанкуловски, потсетувајќи на заложбите на Мисирков, дека „милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право, а ние сме должни да го милуваме затоа што тој е наш, како што е наша и татковината“, во обраќањето пред семинаристите ја истакна важноста на секој од досегашните учесници на Летната школа да ги пренесува низ светот македонскиот збор, мисла и вистина. - И оние кои сте веќе години посветени на македонистиката, вклучително универзитетски професори, истражувачи и докажани преведувачи кои при исклучителни предизвици останавте доследни на ставовите на македониистиката и меѓународно ги афирмиравте. И оние кои сте од новите генерации странски македонисти и сте на почетно или средно рамниште на познавање на македонскиот јазик сте иднината, рече Јанкуловски. Тој забележа дека во ниту една друга земја во регионот нема меѓународна научна конференција на која толку интензивно и без прекин се посветува внимание на еден јазик и на една национална литература и култура. - Токму од Летната школа се изнедрија и дел од странските истражувачи кои изминативе децении на оваа научна конференција ги презентираа резултатите на своите научни истражувања. Ова и не обврзува и годинава и во годините пред нас да се настојува Летната школа да се организира на ниво кое ќе овозможи од неа да произлезат такви посветени кадри, со големи познавања, но пред се со голема љубов кон македонистиката. Затоа и за оваа година конципирана е програма која сигурен сум дека ќе ги зголеми и познавањата и љубовта кон македонистиката на семинаристите, а со дел од нив ќе одбележиме и дел од големите јубилеи за 2023 година, рече Јанкуловски. Ректорот нагласи дека мисијата за посветеност за странската македонистика е центгрална точка на залоѓбите за афирмацијата на македонскиот јазик, литеруатура и култура на УКИМ, но и потврда од колкава важност е влогот во работата и посветеноста на странските македонисти. - Неспорен факт е дека изминативе години и децении, и нашите претходници и ние сме се соочиле со предзивици, негирања, напади упатени кон македонистиката. Ама клучно и во таквите моменти, ставовите и заклучоците на странската македонистика, на балканистиката и на славистиката ја повтдуваат македонската вистина, благодарение на влогот што го остварувале и го остваруваат странските македонисти и слависти, истакна Јанкуловски искаќувајжи благодарснот кон нив во нивната решеност и посветеност за афирмација на македонистиката, истата да одекнува низ континентите. Директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, Весна Мојсова Чепишевска, од своја страна посочи дека на 56-тата Летна школа се седумдесеттина македонсти и слависти од НР Кина, САД, Република Кореја, Италија, Франција, Грција, Турција, Полска, Словачка, Унгарија, Украина, Романија, Руската Федерација, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија и Чешката Република ќе учествуваат на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура што од 18 до крајот на август ќе се одржува во Охрид. Цитирајќи избрани стихови на песни од Рацин, Шопов, таа Летната школа ја спореди со куќа што ја гради 56 години, куќа со силни издржливи темели поставени од нашите претходници. - Ама и куќа со силни ѕидови кои постојано ги доѕидуваме заедно со странските македонисти, балканисти и слависти, и во кои се заѕидани научните вистини за маедонскиот јазик, литература и култура. Нејзините високи шимшир порти постојано се отворени, оти во неа и навистина го збира целиот свет, што се потврдува и годинава кога овде се посветеници на македонистиката од различни страни на целиот свет, рече таа. За семинаристите, меѓу кои универзитетски професори, значајни истражувачи од славистичкиот свет – лингвисти, книжевници и културолози и книжевни преведувачи, но и голем број млади кадри, подготвена е програма што покрај лекторската настава и предавања, вклучува и низа настани кои имаат за цел на странските македонисти да им овозможат и нови видици за македонскиот јазик, литература и култура. Во рамки на свеченото отворање на годинешното издание, денеска беше промовиран Зборникот од предавања од минатата година, чиј промотор беше проф. д-р Гордана Алексова, долгогодишна лекторка на школите на Семинарот. Школата ќе биде затворена со завршна средба на 31 август, а за потоа се најавува и јубилејната 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ, којашто ќе е одржи од 1 до 3 септември 2023 во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
АвтомобилизамСпортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење. Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите. Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“. Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле. Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени. И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили. Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот. Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент. Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“. Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч. Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек. Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека. Извор: Б92Тагови: Sanrivatti One Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНасилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото. Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници. Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел . Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци. Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви. Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти. Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат. The police in Berlin have had enough of those who create chaos in Germany. https://t.co/MOhad35F3m — RadioGenoa (@RadioGenoa) November 15, 2026 Обид за пробивање на полицискиот кордон Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат. Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници. На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење. На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата. Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти. Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам. Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам. Најавен е европски штрајк на младите Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување. На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци. Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин. Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаАмерикански министер: Наследникот на Хуанг треба да биде надвор од „Nvidia“Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, во неделата изјави дека „Nvidia“ треба да бара нов извршен директор надвор од компанијата. Неговата изјава доаѓа откако основачот Јенсен Хуанг поднесе оставка минатата недела. „Одборот на директори треба да гледа надвор од компанијата кога бара ново раководство. Со оглед на сè што се случи, потребни се фундаментални промени“, изјави Бесент за „Fox News“. По заминувањето на Хуанг, американскиот претседател Доналд Трамп го препорача Тим Кук, за нов извршен директор на американскиот производител на чипови. Регулаторни пропусти Бесент го пофали Хуанг како иноватор, но нагласи дека технолошкото водство не може да биде изговор за непочитување на прописите. Тој, исто така, истакна дека федералните регулатори од Канцеларијата на контролорот на валутата (OCC), која ги надгледува националните банки, ќе ги отстранат директорите во финансискиот сектор без одлагање поради слични пропусти во надзорот. Министерот праша дали „Nvidia“ ги игнорира предупредувањата поврзани со фиктивните компании во Сингапур. Тој истакна дека компанијата престанала да објавува одредени регионални бројки за продажба откако приходите во Кина паднаа, додека продажбата во Сингапур нагло се зголеми. Тој цитираше извештаи дека само 1 процент од чиповите што се продаваат во земјата останале таму. Позадина на оставката Јенсен Хуанг поднесе оставка на 12 ноември откако ја водеше „Nvidia“ повеќе од три децении. На неговата оставка ѝ претходеше признание за вонбрачна афера со Алис Хуанг. Таа е поранешна извршна директорка на сингапурската компанија „Megaspeed“ и медиумите ја поврзуваат со кинеската разузнавачка служба. Бесент ги отфрли шпекулациите за шпионажа како „измислици“. Тој рече дека негова примарна загриженост е дали корпоративната култура на „Nvidia“ охрабрува „очигледно нелегална продажба“ за вештачко зголемување на профитот. Тој побара од одборот и надворешниот правен советник да му дадат одговори во рок од 10 дена. Извор: Индекс.хрТагови: Nvidia Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter