3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
КултураОтворена 21. Интернационална Кичевска ликовна колонијаВо куќата на уметноста во Кнежино близу Кичево, денеска, во присуство на председателот на Република Македонија Ѓорге Иванов отворена е 21. Интернационална Кичевска ликовна колонија. Манифестацијата за отворена ја прогласи директорот на колонијата Владо Талески, кој на учесниците им посака успешна работа. - Тука 21 година по ред се сретнуваат и престојуваат ликовни творци од целиот свет за да нивниот творечки дух го преточат во ликовни дела блиски на нашето опкружубање. Тоа е душата на Кичевската ликовна колонија, а ликовните творци од година во година дојдени од различни страни на светот, целосно се вградија во просторот и времето во овој питом предел, даруван од Бога, кој со својата убавина им помага на уметниците да создадат убави и совршени дела, рече Талески. На годинашната Ликовна колонија учевствуваат 35 ликовни уметници од 19 земји, а ќе трае до 19 јули. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтудентите бараат зголемен студентски оброк, бесплатен превоз и подобри услови во домовитеСтудентските права се загарантирани на хартија, но во пракса проблемите остануваат нерешени. Лоши услови во студентските домови, проблеми со јавниот и меѓуградскиот превозот, недоволен студентски оброк и сомнежи за фаворизирање при оценувањето – ова се дел од проблемите со кои се соочуваат студентите. Едно од главните барања на студентите е зголемување на дневниот надоместок за субвенциониран студентски оброк, од сегашните 140 на 200 денари. Според нив, постојниот износ не е доволен за покривање на трошоците за исхрана. ,,Од 2023 година до денес износот на оброкот не е зголемен ниту еднаш... спротивно на Законот за студентски оброк кој го има донесено Собранието на нашата држава. Она што студентите можеле пред 3 години да го купат за 140 денари дневно, денес таканаречено можат да ,,сонуваат,, Тоа е првиот проблем за кој студентите најмногу пријавуваа.“ – Основач на „СТУДЕНТАРИЈА“- Гоше Николов Покрај студентскиот оброк, прашањето за бесплатниот јавен превоз е само уште еден од шесте проблеми што денеска беа посочени. ,,Дискриминаторски е студентите во Скопје да имаат превоз, а студентите од Тетово,Охрид,Битола,Прилеп... кадешто постои градски превоз и каде има државни па и приватни универзитети да го немаат тоа право.“ – претставник на„ СТУДЕНТАРИЈА“ - Александар Николовски За само шест месеци, преку платформата „Студентарија“ пристигнале над 700 пријави, а повеќе од 1.200 студенти гласале за пријавените проблеми. Бројките покажуваат дека студентскиот глас е сè погласен, но сега се очекуваат и конкретни решенија од надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Сања БожиновскаНе помина интерпелацијата во Собранието за министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска- 19 пратеници гласаа за, а 63 дадоа глас против. Во тричасовната дискусија за струјата, долговите, рудниците, подносителите од Левица и пратениците од СДСМ ја оспоруваа нејзината работа со критики дека во две години се создало енергетско безредие. Божиновска кажа дека со интерпелацијата добила можност да каже што сработила, но потенцираше дека постои граница меѓу надлежностите на министерството и работењето на ЕСМ и РКЕ за кои добива забелешки од нив. Пратениците продолжија и со меѓусебни обвинувања за тоа која власт донела поголеми трошоци и долгови за граѓаните. Се дебатираше и за потенцијалот на Чебрен и Галиште, за кои СДСМ критикува дека се уште нема напредок ниту финансиска конструкција. Од Владата неодамна најавија дека следната година се очекува да биде поставен камен темелник за двете хидроцентрали, а државата ќе биде инвеститор на проектот за кој имало интерес за финансирање од американска финансиска корпорација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаМанасиевски: Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејачВенко Филипче си ја ишка мувата од капата.Тој и Зоран Заев му се извинуваа на Вучиќ, правеа пактови со него и се пијанчеа до раните утрински часови. Впрочем, Венко Филипче, Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ имаат ист пејач кој им пее на приватни журки. Еве го Венко Филипче на приватна журка во Дубаи каде што слави со Харис Џиновиќ, а еве ја Ана Брнабиќ на приватна журка исто со Харис Џиновиќ и со други министри на Вучиќ, а еве и уште едно видео како самиот Вучиќ ужива во песните на Џиновиќ. Ако Филипче мисли дека една иста лага повторена 1000 пати ќе стане вистина тоа не може да биде така. Врските на Филипче и Вучиќ не може да се избришат ни со 1000 прес-конференции против Вучиќ. Кога Филипче зборува против Вучиќ, на народот му текнува како седеа и пиеја до рани зори, како го пречекуваше на граница, како марихуаната одеше за Србија, како за директор на ЕСМ со Заев ставија човек на Вучиќ, како за ПР шеф во партија го ставија токму неговиот кум Башановиќ и многу други поврзаности за кои допрва ќе се дознава. Венко Филипче и Александар Вучиќ се едно те исто. Впрочем ако сакате да ја погледнете реалноста прво паднаа Заев и Филипче, а по нив тргна бранот. Сестринската партија на СДС во Унгарија доживеа изборен дебакл и остана надвор од унгарскиот парламент. Сестринската партија на СДС во Србија е на 9-тото место. А СДС пак во Македонија има слични резултати, на последните предвремени локални избори во Брвеница се 4-та партија, во општина Куманово се 4-та партија, а во главниот град, во Скопје се 5-та партија. СДС бега од предвремени избори како ѓавол од темјан. СДС со Филипче се феномен. Тие се единствената партија во политичката историја, која не бара предвремени избори од опозиција. Венко Филипче доколку сака да опстане уште некој месец во политиката до избори треба да си го гледа сопствениот двор, а не да мисли дека со лаги може да ја изврти реалноста. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59