Отворен пунктот за масовна имунизација во Прилеп - Канал 5

Отворен пунктот за масовна имунизација во Прилеп

Од 10 часот денеска е отворен пунктот за масовна имунизација во спортската сала на медицинското училиште во Прилеп. 

Отворен пунктот за масовна имунизација во Прилеп

Прилепчанката Драга Маркоска беше првата што се вакциниаше и веднаш порача – вакцинацијата ни е спасот од невидливиот непријател.

– Се чувствувам добро. Ова е потребно и им порачувам на сите што побрзо да се вакцинираат зашто ова ни е единствен спас од болеста, од корона-вирусот, рече Маркоска.

Според Кети Смилеска, директорка на градската болница со општа надлежност, првите два дена ќе се вакцинираат по 500 граѓани, а можноста е до 1000 на 15-те пункта, во зависност од добиените термини.

– Добивме 1000 вакцини на „Астра Зенека". Првите два дена ќе се вакцинираат по 100 повозрасни граѓани зашто е хумано и наша обврска е прво да се вакцинираат ранливите категории. Денеска пунктот ќе работи од 10 до 16, а од утре од 8 до 20 часот. Можноста е да се вакцинираат по околу 1000 граѓани дневно, затоа е битно граѓаните да се пријавуваат, ќе добиајт порака за терминот и ние сме тука за да се вакцинираат, вели Смилеска.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски апелираше до граѓаните да се пријават за вакцинација.

– Секој термин ќе биде проследен за пунктот за вакцинација и уверен сум дека наредните два до три месеца сите пријавнеи ќе се имунизираат. Тоа е единствениот спас да излеземе од пандемијата, рече Јованоски.

Пунктот што функционираше во здравствениот дом за повозрасните граѓани е затворен и сите ќе се вакцинираат на пунктот отворен денеска, во спортската сала на прилепското медицинско училиште.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кети Пери и Трудо уживаат на Јадран

Светската музичка ѕвезда Кети Пери и нејзиното момче, екс канадскиот премиер Џастин Трудо по луксузниот одмор во Сен Тропе, Кети Пери и Џастин Трудо пристигнаа во Котор, каде што го привлекоа вниманието на минувачите и обожавателите.

Кети Пери и Трудо уживаат на Јадран

Американската музичка ѕвезда Кети Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо го продолжија својот одмор на Јадранот.

По посетата на луксузниот Сен Тропе, тие пристигнаа во Котор, каде што сепак не успеаја да поминат целосно незабележани. Снимки од познатиот пар беа споделени на социјалните мрежи, а според корисниците, Кети Пери се обидела да избегне внимание носејќи марама и очила за сонце, за случајните минувачи веднаш да не ја препознаат.

Сепак, нивното пристигнување брзо привлече внимание, а снимката предизвика бројни реакции во јавноста. „Реално, никој не би ја препознал“ и „Станавме атрактивна дестинација“ се само дел од коментарите на корисниците на социјалните мрежи кои реагираа на нивното пристигнување во Котор.

Кети Пери и Џастин Трудо претходно беа забележани во Сен Тропе, Франција, а нивниот однос со месеци го привлекува вниманието на светските медиуми.

https://www.instagram.com/reel/DboGSEsMQN9/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

Гласините за нивната врска почнаа да кружат во јули 2025 година, кога првпат беа видени заедно на вечера во Монтреал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви

Светската музичка ѕвезда Ријана повторно блесна на карневалот во нејзиниот роден Барбадос, појавувајќи се во спектакуларен костим украсен со скапоцени камења и пердуви.

Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви

Креацијата е дело на нејзината долгогодишна соработничка, Лорен Остин. Иако во последно време ретко се појавува на црвениот тепих, 38-годишната пејачка привлече големо внимание на парадата „Гранд Кадумент“ (Grand Kadooment) во Барбадос, со која беше заокружен традиционалниот карипски фестивал „Кроп Овер“ (Crop Over).

Веднаш по нејзиното појавување, социјалните мрежи беа преплавени со видеа и фотографии од пејачката во раскошната креација, која беше специјално изработена за оваа прослава.

Ријана носеше впечатлив костим украсен со накит и реси, кој дополнително ја истакнуваше нејзината фигура.

Според списанието „Вог“, таа се придружи на групата на нејзиниот брат наречена „Аура“, а за нејзиниот изглед се погрижи локалниот дизајнер Лорен Остин.

Посебен впечаток оставија големиот украс за глава со шарени детали и накит, како и раскошната опашка од пердуви што се спушташе сè до земјата.

Лорен Остин, кој уште од 2013 година изработува карневалски костими за пејачката, претходно за „Вог“ изјави дека Ријана има смел и впечатлив моден стил. – Таа не се плаши да носи што сака и кога сака – рече дизајнерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реките во Хрватска на историски ниски нивоа

Хрватска е зафатена од силен топлотен бран кој, во комбинација со долготрајната суша, ги спушти водостоите на реките на историски ниски нивоа и почна да предизвикува проблеми во енергетскиот сектор, пловидбата и водоснабдувањето. 

Реките во Хрватска на историски ниски нивоа

Поради високите температури на реката Сава, Нуклеарната централа „Кршко“ ќе го намали производството на електрична енергија за 20 проценти.

На истокот од земјата, реките Дунав и Драва достигнаа рекордно ниски водостои.

„Хрватски води“ предупредуваат дека реките Орљава кај Пожега и Плитвица кај Вараждин би можеле да пресушат во наредните денови.

Ниските водостои веќе ја попречуваат пловидбата, го запреа фериботскиот сообраќај кај Оборово и предизвикуваат проблеми за рибниците и за делови од системот за водоснабдување во Славонија и Далмација.

ДХМЗ издаде црвено предупредување за екстремни горештини за цела Хрватска за денес и утре, додека метеоролошката служба „Severe Weather Europe“ предвидува дека температурите на истокот од земјата до утре би можеле да достигнат и до 42°C.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер