Отворен повик за учество на македонски, албански и грчки уметници на Меѓународниот културен фестивал во Преспа, Грција - Канал 5

Отворен повик за учество на македонски, албански и грчки уметници на Меѓународниот културен фестивал во Преспа, Грција

Отворен повик до македонски, албански и грчки уметници да учествуваат во двомесечна уметничка инсталација на островот Свети Ахил во Малото Преспанско езеро.

Отворен повик за учество на македонски, албански и грчки уметници на Меѓународниот културен фестивал во Преспа, Грција

Отворен повик до македонски, албански и грчки уметници да учествуваат во двомесечна уметничка инсталација на островот Свети Ахил во Малото Преспанско езеро, упатуваат организаторите на Меѓународниот културен фестивал „Триетнес“ (TRIETHNÉS) што се одржува во Преспа, Грција, во соработка со грчката општина Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

„Триетнес“, што во превод значи три народи или Тромеѓа, оваа година ќе се одржи по втор пат, уметничката инсталација е инспирирана од темата на фестивалот „Враќање на почетокот“ и ќе се одржи во август и септември годинава, а проектот го истражува концептот на враќање, не како повторување, туку како трансформација.

- Повикот бара од уметниците од различни области да го истражат островот како место кое е и материјално и симболично, простор на враќање, премин и цикличност на времето. Преку внимателно организирана патека за пешачење низ островот, посетителите ќе се сретнат со серија уметнички инсталации кои ќе се развиваат како наративно искуство, заматувајќи ги границите помеѓу почетокот и крајот, соопштија организаторите.

Апликацијата за учество на фестивалот треба да вклучува детален уметнички предлог за ново или веќе постоечко дело, кандидатите треба јасно да ја образложат концептуалната рамка на предлогот и поврзаност со островот Свети Ахил, земајќи ги предвид просторните, историските и еколошките карактеристики на островот, како и концептот на делото.

Паралелно, секој предлог треба да биде за две избрани точки на островот, кои треба јасно да се дефинираат и објаснат, а предложените дела мора да бидат соодветни за изложба на отворено и да можат да останат поставени додека трае изложбата.

Уметничката комисија се состои од уметничкиот директор на фестивалот Георгиос Зиаврас, уметницата и архитект Димитра Марини и извршниот директор на фестивалот Џеј Рајси.

Крајниот рок за пријавување е 30 мај 2026 година, а повеќе информации за повикот и начинот на пријавување на: https://www.triethnesfest.eu/open-call/

Свети Ахил е остров во Малото Преспанско езеро и е познат по истоимената црква.

Меѓународниот фестивал Триетнес, што се реализира во поширокиот регион на Преспа лани се одржа од 28 до 31 август, во соработка со Општина Преспа и под покровителство на Министерството за култура на Грција, а на маргините беше и изложбата „По Материјата“ на македонски, грчки и албански уметници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изненадување од „Apple“: Еве што ќе биде поевтино

Се вели дека „Apple“ планира да претстави неколку нови модели на „iPad Pro“ и нов „MacBook Pro“ во првата половина од следната година.

Изненадување од „Apple“: Еве што ќе биде поевтино

Компанијата моментално работи на четири модели на новиот таблет со побрзи чипови, објави „Bloomberg“. Исто така, развива нов „MacBook Pro“ „од почетно ниво“, кој интерно го носи кодното име „K104“, објави медиумот. Компанијата, исто така, го таргетира истиот период за лансирање на својот прв „M7“ процесор.

Овие очигледни планови за производи доаѓаат среде гласини за други претстојни изданија (вклучувајќи, можеби, преклоплив телефон), додека компанијата се подготвува за ерата по Тим Кук, а истовремено се бори со проблеми со синџирот на снабдување за кои Кук вели дека ги принудиле да ги зголемат цените.

Зголемувањата на цените се значајни во некои случаи. На пример, „MacBook Pro“ од 1TB неодамна скокна од 1.699 долари на 1.999 долари. Значи, ако компанијата работи на попристапни лаптопи и таблети, ова би било вистинско време да ги претстави.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонските каратисти освоија 20 медали на 38. ЕТКФ Европски шампионат

Македонската репрезентација во традиционално карате на 38. ЕТКФ Европски шампионат за сениори, јуниори и кадети одржан на 5 јули 2026 освои вкупно 20 медали – 4 златни, 6 сребрени и 10 бронзени.

Македонските каратисти освоија 20 медали на 38. ЕТКФ Европски шампионат

Со тоа Македонија го освои третото место во генералниот пласман.

Најуспешен македонски натпреварувач беше Матеј Мангаровски, кој во јуниорска конкуренција освои 3 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал.

Одличен настап имаше и Матеј Јарчевски, кој освои 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали во младинска и сениорска конкуренција.

Камелија Недев освои 2 сребрени и 2 бронзени медали во јуниорска и сениорска конкуренција, Лика Билбилов се закити со 1 сребрен медал, Софија Јарчевска освои 3 бронзени медали, а Јана Милевска освои 2 бронзени медали во кати, поединечно и екипно, во сениорска конкуренција.

Во генералниот пласман, Италија го освои првото место, Полска второто, а Македонија третото место.

На Европскиот шампионат настапија 265 натпреварувачи од 12 земји.

Шампионатот свечено го отвори Дејан Недев, во својство на претседател на Европската федерација за традиционално карате (ЕТКФ).

Македонска традиционална карате федерација (МТКФ)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините

Вревен приоритет на владата на ВМРО ДПМНЕ се младите за кои се создаваат услови да ја градат својата иднина дома.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините

Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво -ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка која ќе донесе нов пристап во развојот на општините преку активното учество на младите.

Во текот на август и септември започнува програмата „Месеци на практикантство“, во соработка со државните универзитети преку која студентите директно ќе се вклучат во работата на општините. Наместо да бидат неми набљудувачи, младите ќе станат активни учесници во подобрувањето на локалната самоуправа.

Агенцијата ќе го координира вклучувањето на студентите, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и воспоставениот меморандум за соработка со државните универзитети, ќе ја организира и координира практична работа согласно реалните потреби на општинските администрации.

Додека СДС со години само зборуваа за младите, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори што отвораат можности и перспективи во Македонија.

Истовремено, преку грант-програмите на ИНОВА ќе се поддржат стартапи, иновативни компании и претприемачи кои ќе понудат конкретни решенија за проблемите на општините. Средствата ќе одат кај идеи што носат резултати, а не кај проекти што завршуваат во фиока.

Владата на ВМРО ДПМНЕ инвестира во младите, се создаваат реални можности за работа, развој и професионално усовршување.

Се креираат повеќе можности за младите, посилни општини и поквалитетни услуги за граѓаните. Државата конечно ги поврзува локалната самоуправа, универзитетите, иновативниот сектор и бизнис-заедницата во еден функционален систем.

Разликата е очигледна. СДС со години ја празнеше Македонија и ги тераа младите да ја бараат својата иднина надвор.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ создава услови младите да останат, да работат, да напредуваат и да ја градат својата иднина токму овде.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат мерливи резултати, наместо празни флоскули.

Целта на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е модерна, развиена Македонија во која младите ќе бидат двигател на промените, а не генерација што ќе биде принудена да замине.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер