Отворен повик за мобилност на млади таленти од Западен Балкан на филмски фестивали - Канал 5

Отворен повик за мобилност на млади таленти од Западен Балкан на филмски фестивали

Mрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts формирана во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, кој се спроведува со поддршка на „Британскиот совет“  распиша повик за мобилност на млади таленти. 

Отворен повик за мобилност на млади таленти од Западен Балкан на филмски фестивали

Ова е втор повик што мрежата го распишува, по успешниот повик за филмски работилници на кој се пријавија 40-ина млади од сите шест земји од Западен Балкан.

-Млади на возраст од 15 до 25 години, граѓани на една од земјите на Западен Балкан, може да учествуваат на едукативни и креативни работилници што се организираат во рамките на филмски фестивали од регионот, со цел да ги подобрат своето знаење и вештини. Тие треба да имаат потврда од конкретниот филмски фестивал или организација дека се примени за учество на работилници, се вели во денешното соопштение од Edu Cuts.

Учеството на работилниците, се додава во него, ќе подразбира едукација, креативност и интеракции со експерти и врсници од земјите од Западен Балкан, кои ќе ги споделат заедничките интереси во аудиовизуелната и филмска уметност со спремност за тимска работа под надзор на ментори.

Edu Cuts ќе ги покрие патните трошоци за минимум 20 млади таленти за да учествуваат на различни креативни работилници. Повикот е отворен до исцрпување на финансиските средства за таа намена, односно до крајот на годинава.

Мрежата Edu Cuts ги обединува филмските фестивали и организации што се фокусирани на промоцијата и имплементацијата на образованието и мобилноста на младите таленти. „Култура и креативност за Западен Балкан“ е финансниран од Европската Унија и целта е да го збогати дијалогот помеѓу земјите од Западен Балкан, со зацврстување на културните и креативните сектори за збогатување на општествено-економското влијание.

Едукацијата на млади таленти од областа на филмот се спроведува со поддршка Мрежата Edu Cuts. Иницијатор на мрежата е „Планет-М“ од Скопје, организатор на Филмскиот фестивал „Џифони Македонија“, а партнери се: „Филм арт“ од Пожега, Србија (организатор на фестивалот и кампот за документарни филмови Интеракција), Здружението на млади уметници од Сараево, БиХ (организатор на Telemach Omladinski Filmski Festival), PriFest од Приштина, Косово (Организатор на PriFest International Film Festival) и Подгорица филм фестивал од Црна Гора, (организатор на истоимениот фестивал).

Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и поддржан од British Council, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кремљ: Москва нема да поставува услови за европскиот преговарачки тим

Москва нема да поставува услови за составот на европскиот преговарачки тим, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не можеме и не сакаме да поставуваме услови за нивниот преговарачки тим.

Кремљ: Москва нема да поставува услови за европскиот преговарачки тим

Таквиот пристап е сосема погрешен“, рече Песков.

Европската унија веќе некое време дискутира за назначување на специјален пратеник за да се обезбеди директно европско претставување во идните мировни преговори. Песков, за потсетување, на 25 октомври изјави дека Русија ќе го поддржи назначувањето на преговарач на ЕУ, под услов пратеникот искрено да работи на постигнување мирно решение.

Неколку имиња

Финскиот претседател Александар Стуб и чешкиот претседател Петр Павел се споменуваат како можни кандидати. И покрај ова, Европската унија сè уште нема ниту договорен преговарач, ниту заеднички став за тоа кога треба да започнат директните преговори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во саботата дека Европа мора да биде на преговарачката маса во следната рунда преговори заедно со САД, Украина и Русија. Тој исто така рече дека Украина очекува одлука од своите европски партнери за тоа кој ќе ја претставува Европа до крајот на ноември.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници луѓе излегоа на улиците во Португалија: „Нема да ни ги украдете домовите“

Илјадници луѓе денес излегоа на улиците во 32 градови низ Португалија, барајќи итна акција од владата за решавање на влошената криза со домувањето во земјата.

Илјадници луѓе излегоа на улиците во Португалија: „Нема да ни ги украдете домовите“

Протестите беа организирани од платформата „Каса пара вивер“ (Дом за живеење) под слоганот „Тие нема да ни го украдат правото на дом“. Митинзите се одржаа во Лисабон, Порто, Фаро, Портимао, Коимбра, Брага и други градови.

Барање за контрола на киријата и поголема заштита на станарите

Демонстрантите бараат построга контрола на киријата, поголема заштита на станарите од иселувања и поголеми инвестиции во изградба на достапни јавни станови. Тие исто така бараат повлекување на предложените измени во законот за станови за изнајмување.

Рита Силва, портпаролка на платформата „Каса пара вивер“, изјави за новинската агенција Луса дека протестите низ целата земја покажуваат дека кризата со домувањето не ги погодува само големите градови, туку цела Португалија.

Платформата, која обединува околу 100 здруженија за домување и локални организации, исто така бара построги правила за договорите за изнајмување, празните имоти, краткорочните туристички изнајмувања и сузбивање на шпекулациите со имоти.

Владата предлага измени во законот за изнајмување

Протестите се случија откако парламентот во принцип го одобри предлогот на владата за измена на законот за изнајмување. Предложените измени би овозможиле поголема флексибилност во договорите за изнајмување и би ги забрзале процедурите за иселување.

Активистите за правата на домување предупредуваат дека промените би можеле дополнително да ја ослабат заштитата на закупците во време на зголемување на кириите и намалување на достапноста на станови.

Активистите го повикуваат премиерот на разговори

На националните протести им претходеше состанок меѓу португалскиот претседател Антонио Хозе Сегура и активистите за правата на домување во петокот.

Претставниците на платформата „Каса пара вивер“ го поздравија состанокот и го повикаа премиерот Луис Монтенегро лично да се вклучи во разговори со нивното движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно

Вечерва во Кочани родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ го одржаа 51-от Марш за ангелите.

51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви  во трагедиите што ја завија Македонија во црно

Во дел од своите обраќања порачаа дека денеска освен за 63-те ангели кои загинаа во дискотеката, маршираат и за сите невини жртви што ја завиле Македонија во црно, како трагедиите во модуларната болница, Ласкарци, автобусот на Беса Транс. Им оддадоа почит и на жените и девојките чии животи како што посочија, насилно биле прекинати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер