Отворен посебен шалтер за промена на контакт-податоците во ситемот „Сејф сити“ – ќе се казнува од 1-ви февруари - Канал 5

Отворен посебен шалтер за промена на контакт-податоците во ситемот „Сејф сити“ – ќе се казнува од 1-ви февруари

Без метеж и долги редици, од денеска профункционира новиот шалтер на „Сејф Сити“, првите возачи веќе утринава се одзваа на повикот на МВР да ги коригираат податоците кои ги дале при регистрација.

Отворен посебен шалтер за промена на контакт-податоците во ситемот „Сејф сити“ – ќе се казнува од 1-ви февруари

На овој начин возачите си овозможуваат веднаш да ги добијат известувањата од системот за нивниот прекршок, па во првите осум дена ќе имаат можност да си платат половина казна, наместо цела, а и да избегнат извршни постапки поради задоцнувања. Дополнително, од денеска функционира и меилот [email protected] каде граѓаните ќе можат да испратат писмена забелешка или дополнително да постават прашања и да си ги расчистат дел од нејаснотиите.

-Граѓаните ќе можат да направат промена на контакт податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување за неточни податоци. Истото ќе може да се изврши на станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР,- -Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

„Сејф Сити“ е борба на државата да заштити барем еден човек повеќе, непочитувањето на сообраќајните правила има последици врз животот и здравјето на граѓаните – порача на вчерашната седница за пратенички прашања министерот Панче Тошковски. Тој побара од пратениците заеднички да застанат позади законските измени бидејќи само полумесечниот тест-период веќе дал сериозни резултати и побезбедни улици.

-Јас само сакам да потенцирам една многу битна, многу важна работа која ја воочивме за време на овој тест-период од 15тина дена, половина месец, која е особено констатирана од докторите кои работат на траума, а тоа е дека драстично е намален бројот на тешки телесни повреди и бројот на повредени во рамки на сообраќајни незгоди и непочитување на сообраќајни правила отакако сме отпочнале дури и со тест фаза за имплементирање на овој безбеден град, што ми е многу мило и драго, особено, имајќи предвид дека просекот во МКД за жал, последниве 15 години, е 145 лица,- Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.

Според податоците, годишно во просек од милион жители, во земјава има 80 жртви во сообраќајни несреќи, што е највисока бројка во регионот, односно, како пример, во Хрватска и Словенија има за околу 20% помалку жртви. Во Австрија и Германија, која има преку 80 милиони жители, животот го губат 40 лица во просек на еден милион, а во скандинавските земји 20-ина од еден милион жители годишно.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер