Отворен поетски ден за 77 години постоење ДПМ - Канал 5

Отворен поетски ден за 77 години постоење ДПМ

Отворен поетски ден ќе се одржи денеска во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и ќе се одбележи 77-годишнината од неговото постоење со поетско читање и настап на повеќе македонски поети.

Отворен поетски ден за 77 години постоење ДПМ

Друштвото на писателите на Македонија било формирано на 13 февруари 1947 година, од страна на Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. За прв претседател на ДПМ бил избран Блаже Конески.

- Тринаесетти февруари е најголемиот празник на македонските писатели, зашто Друштвото на писателите на Македонија е најстарата, најмасовната и најреномираната писателска асоцијација кај нас. Пригодни беседи за поезијата на Блаже Конески, Ацо Шопов и Славко Јаневски - тројцата основачи и претседатели на Друштвото на писателите на Македонија, ќе одржат професор доктор Васил Дрвошанов и професор доктор Александар Прокопиев, се наведува во соопштението на ДПМ.

Макрон во посета на Гренланд: Порака за европско единство пред Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, во знак на поддршка за автономната територија.

Макрон во посета на Гренланд: Порака за европско единство пред Г7

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Гренланд заедно со данската премиерка Мете Фредериксен, во знак на поддршка за автономната територија и како одговор на интересот на САД за регионот, јави ДПА.

Двајцата лидери ќе разговараат со премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, за безбедноста во Северен Атлантик и Арктикот, како и за развојот на економијата, климатските промени и обновливите извори на енергија.

Посетата доаѓа неколку часа пред учеството на Макрон на Самитот на Г7 во Алберта, Канада, каде што ќе присуствува и претседателот Доналд Трамп.

Тензиите се зголемени откако Трамп повторно ја актуелизираше идејата за американско преземање на Гренланд. Данска и Гренланд тоа категорично го отфрлија.

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата се стабилизира и расте, раст на трговијата во индустријата од 6%

Економијата се стабилизира и расте, раст на трговијата во индустријата од 6%, и раст на преработувачката индустрија од 6,6 проценти.

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата се стабилизира и расте, раст на трговијата во индустријата од 6%

Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот кој го остави СДС после 7 години катастрофално менаџирање, лоши економски политики и отсуство на мерки и проекти.

После 7 години откако СДС ја уништи економијата и го срози стандардот на граѓаните, од голем минус стопанството и трговијата во индустријата се стабилизираа.

Индикаторите за првиот месец од вториот квартал се високи, што покажува дека состојбата е стабилизирана во рамките на нула.

Имаме раст на трговијата во индустријата од 6%, раст на преработувачката индустрија од 6,6%.

Раст на прометот со трговијата во индустријата на меѓународниот пазар, каде имаме многу повеќе раст од домашниот. Прометот во трговијата во индустријата надвор е околу 7,5 – 7,6 проценти.

За краток период Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ исто така успеа да ги стабилизира буџетските приходи, и енормно да ја зголеми довербата на инвеститорите.

Владата работи посветено со домаќински скроен буџет, се зголемија платите во клучни сектори како здравство, образование, полиција, се работи на конкретни мерки и проекти за намалување на невработеноста со цел подобар и поквалитетен живот на граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Израел издаде предупредување до Иранците да се држат подалеку од воени објекти

 Израелската војска преку објава на социјалните мрежи на фарси јазик издаде итно предупредување до граѓаните на Иран да се повлечат од близина на воени постројки и објекти поврзани со производство на оружје.

Израел издаде предупредување до Иранците да се држат подалеку од воени објекти

„Итно предупредување до сите ирански граѓани: Сите лица што моментално се наоѓаат или планираат да бидат во близина на фабрики за производство на оружје и нивните поддржувачки институции, нека ги напуштат овие области веднаш и да не се враќаат додека не добијат поинакви насоки“, се вели во пораката на официјалниот профил на израелската армија на фарси јазик.

притисни ентер