Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите
2Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите
ЖивотОтворен Октоберфест: Рекордни цени на пивото, милиони посетители и климатска агендаОвогодинешното издание на Октоберфест е 190-то по ред и ќе трае до 5 октомври.Традиционалниот Октоберфест во Минхен официјално беше отворен денеска напладне, кога градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, официјално го отвори првото буре пиво со само два удари со чекан, исто како и во претходните години во 2023 и 2024 година. Илјадници посетители со нетрпение го очекуваа почетокот на настанот, а шаторите беа полни со часови пред да се дозволи пивото да се точи, според германскиот „Билд“. Овогодинешното издание на Октоберфест е 190-то по ред и ќе трае до 5 октомври, со проценка дека ќе привлече помеѓу шест и седум милиони посетители, објави Дојче Веле. Цените на пивото достигнаа рекордни цени оваа година. „Мас“, или литар пиво во кригла, сега чини повеќе од 15 евра, а најскапото пиво во шаторот, „Минхнер Штубн“, достигнува цена од 15,8 евра за литар. Ова е значително зголемување во споредба со минатата година кога цената беше близу, но сепак пониска од 15 евра. Иако цените на пивото се зголемија, бројот на посетители е сè уште голем, бидејќи секоја година се консумираат околу седум милиони пинти пиво. Октоберфест е лесно достапен настан, до местото на одржување може лесно и брзо да се стигне со јавен превоз, додека „униформата“ за таа пригода е традиционалниот дирндл за жени и кожните панталони за мажи. Иако влезот на фестивалот е бесплатен, потребна е резервација однапред за да се влезе во големите фестивалски шатори поради големата побарувачка. Гастрономијата на Октоберфест не заостанува зад традицијата, но сега вклучува и нови трендови, како што се вегетаријанските и веганските јадења. Октоберфест е познат по тоа што сериозно ја сфаќа безбедноста на посетителите. Климатската неутралност станува клучна тема, бидејќи Октоберфест има за цел да стане целосно климатски неутрален настан до 2028 година. Од 2023 година, се користи само зелена електрична енергија, а многу практики, вклучително и рециклирање и намалување на пластиката, го направија фестивалот поеколошки. Тагови: Октоберфест пиво Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Стој за УСЈЕ“: Средбата со министерот за животна средина беше позитивнаОд иницијативата „Стоп за УСЈЕ“ попладнево беа на средба со министерот за животна средина Мухамет Хоџа.Средбата како што оценија потоа, била позитивна во насока на изнаоѓање на некакво решение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказитеНемало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на судијата РистовНемало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов и покажува совпаѓање со ДНК-профилот на обвинетиот. Ова денеска пред судот го истакна вештакот од МВР, Ана Лалевска, оценувајќи дека анализата е изработена согласно сите пропишани процедури и дека резултатите се веродостојни. Со ова практично и падна одбраната на обвинетите кои тврдеа дека додека се прибирале материјалните докази на вештаците им била скината ракавицата и со тоа бил контаминиран доказот, односно ДНК на Ѓоко Рисотв. -Добиваме брисеви подигнати од друго одделение, означени со баркодови и ги ставаме на ДНК анализата и на крајот исклучиво според ДНК профилот донесуваме стручно мислење. Заклучокот кој го добесовме е дека обезбедените траги го имаат профилот на Ѓоко Ристов- изјави Ана Лалевска, вешто лице за биолошки траги вработено во МВР. Расправата ја одбележаа и тензии меѓу обвинителката Искра Хаџи-Василева и бранителот на Ристов, Звонко Давидовиќ, поради честите приговори, по што судот ги предупреди дека ќе бидат отстранети од судницата доколку продолжат со меѓусебните расправии. Самото повикување на вештаците по наша оценка беше безпретметно бидејќи не добивме нови факти. Се што е нотирано во однос на овој доказ е нотирано во писмените извештаи кои овие вешти лица ги прават – изјави Хаџи-Василева. Одбраната пак, уште еднаш го оспори начинот на прибирањето, чувањето и вештачењето на доказите посочувајќи дека дополнително е спорно што се анализирани парчиња од алуминиумска фолија, а не самите пари, што како што истакна одбраната можно е да имало контаминација од трето лице на доказите. Вештакот може да каже дека не е компромитирано, ама во својот исказ кажа дека не знае каде е чувано. Сведоци сте. Не знае како е транспартирано и не знае начинот како е земен брисот, он работел само на брисот. Тоа покажува дека неговиот одговор и не е многу валиден – изјави адвокатот Давидовиќ. Ѓоко Ристов е обвинет за перење пари и прикривање имот, откако при претрес во семејната куќа во Неготино биле пронајдени 350.000 евра скриени зад кујнски плочки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО: Син осомничен за убиство на татко во СкопјеОсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, нанесувајќи му повеќе од 30 убоди во вратот и градниот кош. Таткото починал на лице место. Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе повеќе дејствија со цел прецизно утврдување на мотивите за настанот, а ќе биде извршено и психијатриско вештачење на осомничениот. Со цел негово обезбедување во текот на кривичната постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.Тагови: ОЈО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter