Отворен нов спортско-рекреативен центар во 11 Октомври – Бараки - Канал 5

Отворен нов спортско-рекреативен центар во 11 Октомври – Бараки

Синоќа, во присуство на бројни граѓани и спортски ентузијасти, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски свечено го отвори новиот спортско-рекреативен центар во населбата 11 Октомври – Бараки.

Отворен нов спортско-рекреативен центар во 11 Октомври – Бараки

Новиот парк претставува дел од поширокото парковско зеленило, заедно со уште два претходно изградени парка во околината, со што се заокружува вкупна зелена површина од 20.000 метри квадратни, само во оваа населба. На настанот, во употреба беше пуштено ново повеќенаменско игралиште, изградено со финансиска поддршка од компанијата ВЛТ, како и ново одбојкарско игралиште. Новото игралиште е посветено на прерано починатиот Драган Крстев , верен член на „Комити“, а теренот беше отворен симболично со натпревар помеѓу “Комити” од Драчево и од Кисела Вода.

- Вечерва заедно со жителите на населбата 11 Октомври – Бараки отвораме нов спортско-рекреативен центар, со што оваа урбана заедница добива ново зелено и мултифункционално јадро. Со овој парк, и со претходно изградените два парка во близина, општина Кисела Вода добива нови 20.000 квадратни метри парковска површина – инвестиција од огромно значење и за здравјето на жителите и за социјалната кохезија, бидејќи парковите се воедно и белите дробови на градот и простори за заедништво и активен живот.

Особено ми е драго што вечерва го отвораме и новото мултифункционално игралиште, изградено со поддршка од компанијата ВЛТ. Ним им упатувам голема благодарност за покажаната општествена одговорност и за вложувањето во заедницата. Ова игралиште го посветуваме на прерано починатиот Драган Крстев, како мал, но искрен симбол на сеќавање на него. Голема благодарност до неговото семејство што е вечерва со нас. Неговото име ќе живее преку детската игра, спортскиот дух и смеата што ќе одекнува од овде.

Дополнително, во непосредна близина изградивме и одбојкарско игралиште, со што се прошируваат можностите за спорт и рекреација за младите и сите жители.

Создавањето на вакви центри за спорт и рекреација, кои веќе ги имаме преку 20, е наша визија и заложба што ја реализираме веќе 3.5 години. Би потсетил дека во оваа населба, во рамки на мојот мандат, беа направени и 1450 метри фекална канализација, а целосно ги реконструиравме и улиците „Петар Драпшин“ со краците, „Ефтим Спространов”, “Лазар Димитров”, “Лав Tолстој“...

Голема благодарност до сите кои помогнаа проектот кој вечерва го промовираме да стане реалност, и посебно до комитите од Драчево и Кисела Вода кои ќе го отворат теренот со симболичен ревијален натпревар. Продолжуваме посветено, со уште поголема енергија-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдено тело на 38-годишен маж во близина на Смилковско езеро со прострелна рана на ногата

Тело на 38-годишен маж утрово е пронајдено на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци. 

Пронајдено тело на 38-годишен маж во близина на Смилковско езеро со прострелна рана на ногата

Според официјалните информации од МВР станува збор за лицето Е.Ш. од селото Љубин. Покрај телото во близина бил пронајден и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој го управувал починатиот.

При прегледот била забележана прострелна повреда во пределот на ногата а на лице место екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен утрово во 6 часот и 15 минути. Полициски екипи извршиле увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Засега нема информации како настанала прострелната повреда ниту дали станува збор за убиство. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.

Полицијата и обвинителството работат на расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои починал 38-годишникот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара

Со марш од градскиот плоштад, па до полицијата, охриѓани излегоа на мирен протест против фемицидот и насилството врз жени, поттикнати од последниот случај токму во Охрид кога 26-годишната Сара Ѓорѓиеска .

Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара

Со марш од градскиот плоштад, па до полицијата, охриѓани излегоа на мирен протест против фемицидот и насилството врз жени, поттикнати од последниот случај токму во Охрид кога 26-годишната Сара Ѓорѓиеска на 15 ноември беше брутално претепана од својот 31-годишен партнер Кристијан Корабоски и фрлена од автомобил на улица.

На протестот се појави и нејзиниот татко, Љупчо Ѓорѓиески кој покажа фотографии од неговата ќерка со модрици на лицето.

– Ова е ќерка ми Сара, сакам ниту еден родител да не го види ова повеќе, да не го доживее, само толку можам,-изјави Љупчо Ѓорѓиески, татко на Сара Ѓорѓиеска, жртва на насилство.

Со транспарент „Охрид Не молчит“ и ниту една повеќе, поголем број на граѓани преку минута молк им оддадоа почит на сите жртви од фемицид, а до институциите испратија барање за сериозно третирање на пријавите за насислтво врз жени.

Револтот кај охриѓани, но и кај целата македонска јавност ескалираше откако на Корабоски, кој на Ѓорѓиеска во својот автомобил под дејство на алкохол и нанел тешки телесни повреди, првично му беа одредени само мерки за претпазливост.

По притисокот од јавноста, Корабоски беше повторно повикан на распит, а против него е определен 30-дневен притвор и доби кривични пријави за три дела – Нанесување тешка телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Судењето против Корабоски ќе започне на 27 ноември во Основниот суд во Охрид.

Токму со пораки против родово-базираното насислтво и фемицидот граѓанската организација „ниту една повеќе“ и платформата за родова еднаквост, вчера го блокираа булеварот Илинденска пред влада и побараа конкретни мерки за заштита на жените кои се жртви на насилство.

Министрите за внатрешни работи и социјална политика Тошковски и Велковски пак, вчера на состанок со обвинителот Савески, договорија побрз институционален одговор и посилна меѓусебна координација при пријавите за семејно насилство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маск му зададе удар на Трамп: „Јас не сум MAGA“

 Американскиот милијардер, најбогатиот човек на светот, Илон Маск изјави дека не припаѓа на движењето MAGA на претседателот Доналд Трамп, иако со години јавно го поддржуваше.

Маск му зададе удар на Трамп: „Јас не сум MAGA“

Маск зборуваше за својот однос со движењето на Трамп во средата на самитот „Дилбук“ (DealBook Summit), организиран од „Њујорк тајмс“.

„Не сум сигурен што воопшто значи MAGA, но ако тоа подразбира некаква слепа лојалност кон политиката на Републиканската партија, тогаш тоа секако не е нешто што ме опишува мене“, рече Маск, објаснувајќи го својот однос со движењето на Трамп.

За време на претседателската кампања во 2024 година, Маск отворено го поддржа Трамп, учествуваше на неговите предизборни собири и носеше капи со натпис MAGA, што е кратенка за слоганот на Трамп: „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America Great Again).

На еден од предизборните собири на Трамп, тој изјави: „Јас не сум само MAGA, јас сум ’темен MAGA‘!“ Трамп му одговори Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше изјавите на Маск во интервју за NBC News.

Тој рече дека постојат различни толкувања на движењето MAGA, но исто така предупреди на последиците од отстапувањето од неговите принципи.

„Постојат многу дефиниции“, рече Трамп за значењето на движењето MAGA. Тој додаде дека ова политичко движење има многу конкретно значење за него и дека оние што отстапуваат од неговите принципи не поминуваат добро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер