Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје
1Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје
Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот
1Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот
КултураОтворен Меѓународен фестивал „Денови на комедија“ во КумановоСо изведба на претставата „Стјуардеси“ од скопскиот театар „Комедија“ во режија на Синиша Ефтимов, по седумнаесетти пат оживеаја театарските штици во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.Градот на Батко Ѓорѓија, ведриот дух на кумановецот постојано подготвен за шеги и досетки, со право му го отстапуваат местото на овој град да биде домаќин на интернационалниот театарски фестивал „Денови на комедија“, сметаат актерите. - Секогаш секоја претстава е фантастастично примена бидејќи публиката знае што очекува, публиката има фестивал на комедија, публиката е дојдена да лачи ендорфин, хормонот на среќа, изјави Јелена Жугиќ, актерка и директор на НУ Театар „Комеија“ Скопје. - Природно е што баш овде се отвори овој фестивал бидејќи ако шегата е попупарна меѓу народот, тоа е меѓу кумановци не водат на тоа поле, изјави Марија Кондовска, актерка. Кумановци се горди на ова несекојдневно доживување. Како што велат, ова е единствениот пат во годината кога посетуваат културни настани бидејќи ретко се организираат или пак не се информирани за културните случувања во овој град. - Уште многу манифестации треба да има и сами гледате колкав интерес има. Многу ретко се случува нешто од културните настани во Куманово, изјави посетител на фестивалот. - Се гордеам со Куманово што има ваква голема манифестација, изјави посетител на фестивалот. Министерството за култура и оваа година го поддржа Меѓународниот фестивал кој има национално значење. - Ќе се трудиме во наредниот период овој фестивал да прерасне во европски фестивал на комедијата, да ги надминеме другите фестивали на комедијата во регионот, изјави Драган Недељковиќ, заменик-министер за култура. Со изведби на комедии од театри од земјава и соседството следните две недели кумановци ќе ги наполнат батериите. Завесата на овогодинешниот фестивал на 12 октомври ќе ја спушти Сашко Коцев со стенд ап комедијата „1000 зошто, 1000 затоа“, која поради големиот интерес ќе има реприза на 15 октомври.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на СкопјеОпштина Центар ги поканува граѓаните во сабота, 13 јуни, со почеток во 19:30 часот, на „Плочник“ во Градски Ѕид (Клуб на новинари), на „Центарска симфонија“ , музички спектакл под отворено небо во срцето на Скопје.„Ќе имате можност да уживате во македонски шлагери инспирирани од домашната кинематографија од седумдесеттите години до денес, како и во безвременски мелодии од светските филмски класици, претставени во моќно и современо симфониско издание“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. На концертот ќе настапат Сонора Колектив оркестар и вокалните солисти Иван Наумовски и Елена Васова. Влезот е слободен. „Оваа манифестација стана традиција. Првото издание лани привлече голем инетерес, што покажува дека ваквите настани му се потребни на Скопје. Во летните денови тие го раздвижуваат градот и ги сплотуваат граѓаните. Се надевам дека и годинава ќе го имаме истото силно и емотивно доживување,“посочи Герасимовски. Проектот е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче на иста линија со Радев бара уставни измени како единствена реформаСамо Филипче на иста линија со Радев бара уставни измени како единствена реформа, додека ЕУ претставници и институции го признаваат напредокот на Македонија.Признанија и пофалби за работа на Владата и напредокот на државата доаѓаат од повеќе функционери и претставници на земји членки на Европската Унија. Европски претставници како што е Антонио Кошта, претседател на Европскиот Совет и институции како Европската Комисија кои потврдуваат дека Македонија се развива и напредува во Реформската агенда, за што доби и најмногу финансиски средства од Планот за раст од земјите во регионот. Унијата со внимание ги следи реформите на македонската влада и истите ги поздравува, велејќи дека сме лидери во регионот, а само Венко Филипче е на иста линија со Румен Радев и велат единствена реформа за Македонија се уставните измени. Со тоа Филипче ја продолжува веќе видената пракса на Зоран Заев, кој за власт се согласи на разни идентитетски отстапки и национални предавства, како што е промена на името, само за да дојде и подолго да остане на власт. По долго време коленичење и поданост од страна на властите предводени од СДС, сега европските претставници кај македонската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, гледаат државнички пристап и сигурен партнер за соработка. Голем дел европски претставници и на земји членки на ЕУ сметаат дека Македонија бележи видливи резултати и дека, после долги години чекање, заслужуваме гаранции и предвидливост на европскиот пат. Но, Филипче како пиун на Радев и специјален пратеник на Бугарија не смета така. Оваа генерација на СДС предводена од Венко Филипче, покажува дека е нај мекото ткиво на Македонија, надминувајќи го и тоа на Зоран Заев. Наместо да застанат заедно со Владата зад македонските национални и идентитетски интереси, тие се на иста линија до Радев во служба на Бугарија и спремаат уште едно поголемо предавство. Додека Бугарија се обединува во цврст став по однос на Македонија, Румен Радев во државава си најде пиун по негова мера, Венко Филипче кој е подготвен да исполни се што ќе му побара без никаков приговор. Затоа, го прашуваме Филипче и ова раководство на СДС, што уште сакаат да направат за да и наштетат на државата и да бидат запаметени како најголемите предавници во најновата историја на Македонија, веднаш после Заев и компанија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалДанската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренотПозната состојбата на данскиот фудбалер Ериксен во синоќешното колабирање на пријателската со Украина.Данската федерација издаде итно соопштение Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот, пејсмејкерот работи правилно. Отсуствуваше кратко време, но брзо се освести, изјави Мортен Боесен. Пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина во Одензе беше прекинат на средина од второто полувреме откако Кристијан Ериксен доживеа уште еден срцев удар. Искусниот фудбалер од средниот ред се онесвести во 65-тата минута, а бидејќи истиот проблем го имаше пред пет години на Европското првенство, селекторите и играчите на натпреварот решија веднаш да го завршат натпреварот. Во 65-тата минута, по лесно трчање, Ериксен се фати за градите и падна на тревата. Медицинскиот тим веднаш се упати на теренот, публиката и сите фудбалери воздивнаа по неколку минути кога Данецот се разбуди и стана на нозе. Данскиот „ТВ2“ објави дека Ериксен веднаш бил префрлен во најблиската болница, но дека е свесен. Веднаш по прекинот на натпреварот, пристигна кратко соопштение од Фудбалската асоцијација на Данска. Најважно од сè - искусниот фудбалер е во стабилна состојба, но ќе остане хоспитализиран, така што медицинскиот тим ќе го следи неговото здравје во текот на вечерта. „Ериксен е свесен и во добра состојба со оглед на сите околности“, се вели во краткото соопштение од Асоцијацијата, додавајќи дека натпреварот е официјално прекинат и дека нема да има продолжение. Потоа се огласи и главниот лекар на данската фудбалска репрезентација - Мортен Бозен - Ериксен е во стабилна состојба и неговиот дефибрилатор работи. - Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот, пејсмејкерот работи правилно. Беше отсутен кратко време, но брзо дојде да се смири и да стапи во контакт со нас. Сега ќе биде дополнително прегледан во болница за да се утврди што го предизвикало инцидентот. Во постојан контакт сме со лекарите, Ериксен ме замоли да ги поздравам сите и да кажам дека е добро - рече Бозен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16