Отворен конкурс за наградата за најдобар превод „ДРАГИ“ 2025 - Канал 5

Отворен конкурс за наградата за најдобар превод „ДРАГИ“ 2025

Издавачката куќа Антолог од Скопје со големо задоволство соопшти дека е отворен конкурс за наградата за најдобар превод „ДРАГИ“ 2025.

Отворен конкурс за наградата за најдобар превод „ДРАГИ“ 2025

За наградата може да се учествува со прозни книги во превод на македонски јазик објавени во периодот меѓу 1 јули 2024 година и 30 јуни 2025 година. Објавените книги мора да бидат преведени од оригинален јазик, а може да се конкурира со дела преведени од „живи“ и од класични јазици (арапски, старогрчки, санскрит и латински јазик). Конкурсот е отворен до 1 јули 2025 година.

Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е воспоставена за да се направи вреднување на преведувачката дејност во Македонија, како и да се истакне вредноста и важноста на преведувањето за нашиот културен простор.

-Наградата до минатата година се доделуваше за превод на дела од сите книжевно-уметнички видови: проза, поезија, книги за деца и драма. Со цел порамноправен мериторен систем и соодветно вреднување на различните предизвици што секој книжевен вид го поседува, од годинава ќе се воведе приоритетна категорија која ќе се менува секоја година. За 2025 приоритетна книжевна категорија ќе биде прозата (фикцијата) и ќе опфаќа: романи, збирки раскази, есеистика, дневници и сл. Следната година приоритетен вид ќе биде поезијата и ќе опфаќа поетски дела во превод објавени во периодот од 1 јули 2024 година до 30 јуни 2026 година. Во 2027 приоритетна категорија ќе биде книжевноста за деца и ќе може да се конкурира со книги за деца во превод (сликовници, раскази, поезија, романи за деца и млади) објавени во периодот од 1 јули 2024 година до 30 јуни 2027 година. Конечно во 2028 во фокус ќе биде драмата и ќе може да се конкурира со драми во превод објавени во периодот од 1 јули 2024 година до 30 јуни 2028 година, велат од издавачката куќа.

Право на номинација за наградата имаат издавачки куќи, здруженија на граѓани и преведувачи. Секоја издавачка куќа или здружение на граѓани имаат право да номинираат најмногу пет книги, а секој преведувач има право да номинира најмногу две книги.

Номинираните книги може да бидат објавени во хартиена форма или како електронски изданија и мора да имаат CIP-запис од Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје.

Книгите објавени во хартиена форма треба да се достават во четири примероци на адресата на издавачката куќа „Антолог“ (улица „Ѓорѓи Пулевски“ број 29, локал 1), а електронските изданија во електронска форма на имејлот [email protected].

Доставените преводи ќе ги оценува тричлена комисија составена од преведувачи, писатели или книжевни критичари.

Наградата се состои од плакета и статуетка „Драги“ и паричен дел кој изнесува 40.000 денари.

Годинашното издание на наградата „Драги“ е реализирана од страна на издавачката куќа „Антолог“ со поддршка на Министерството за култура и во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во Грција: Гром удри во директорка на гимназија пред учениците

50-годишна жена била пренесена во болница откако доживеала срцев удар во областа на полициската станица во Илиополи, предградие на Атина.

Трагедија во Грција: Гром удри во директорка на гимназија пред учениците

Директорката на Второто средно училиште во Илиополи, која наводно доживеала срцев удар пред училиште во областа, откако била удрена од гром, според неофицијални информации.

Според информациите, жената била преземена од екипата на Итната медицинска помош (EKAB), која веднаш започнала со кардиопулмонална реанимација (CPR) и ја продолжила постапката континуирано во текот на целиот нејзин транспорт. Пред да ја преземат Итните служби, медицински техничар од основното училиште ѝ обезбедил и CPR.

50-годишната жена немала витални знаци кога амбулантното возило пристигнало во болницата, но лекарите успеале да ја реанимираат. Според информациите, таа е интубирана во болницата.

Првичните извештаи дека срцев удар може да биде поврзан со удар од гром во областа не се потврдени. Околностите околу инцидентот се испитуваат. Жената се струполила на улицата пред училиштето, што ги натерало минувачите да повикаат помош, а екипа на брза помош веднаш пристигнала на местото на настанот, објавија грчките медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранети

Турскиот министер за правда, Акин Гурлек, изјави дека 11 ученици се повредени во вооружениот инцидент што утрово се случи пред средно училиште во Маниса, од кои двајца се тешко повредени.

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му.

Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина на Измир. Напаѓачот побегнал од местото на настанот, но брзо потоа бил фатен и уапсен од полицијата. Тој е снимен од камери за видеонадзор – облечен е во темна облека, а во раката држи пушка.

Мотивот за нападот сè уште е непознат, а за случајот е покрената истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

САД планираат повторно да воспостават воена база од времето на студената војна во јужен Гренланд и да отворат уште една на источниот брег, во рамките на договорот што треба да го потпишат со Данска и Гренланд денеска во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Текстот на договорот не е јавно објавен, а три лица запознати со него изјавија дека деталите нема да бидат финализирани сè додека договорот не се потпише.

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

Договорот доаѓа по повеќемесечниот притисок од Доналд Трамп, кој бараше САД да имаат контрола врз Гренланд и во одредени моменти не ја исклучуваше можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на оваа полуавтономна данска територија. Заканите на Трамп, кои го достигнаа својот врв во јануари, предизвикаа дипломатска криза во рамките на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер