Отворен јубилејниот 50. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Седумдесет и двајца студенти кои го изучуват македонскиот јазик низ лекторатите во 16 држави од целиот свет, заедно со истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странски универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници учествуваат на јубилејната 50. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура што се одржува во Охрид.

Прославуваме голем јубилеј, пет децении од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, собир значаен за Универзитетот, но и за Македонија, нејзината државност, самобитност, културата и најважното – македонскиот јазик, истакна на отворањето на Летната школа ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски.
Тој нагласи дека со македонистиката заедно одат и литературниот јазик, културата, историјата, обичаите и се она што ја дефинира Република Македонија.
- Сите овие елементи се само потврда на самобитноста на Македонија, а нивното постоење и негување се значајни за опстанокот на нашата земја, притоа нагласувајќи го јазикот како најзначајно оружје во одбраната на идентитетот, забележа Јанкуловски.
Ала Шишкин, професор по славистика и македонски јазик на Универзитетот „Ломоносов“ во Москва, го посочи Семинарот во Охрид како значајна можност за славистите од целиот свет на изворно тло да го слушнат и усовршат македонскиот јазик.
- Тоа е централната манифестација во Македонија задолжена да го негува и промовира македонскиот јазик, литературата и културата во светски рамки. Историјата на Македонија добро е опишана во романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски, дека ништо не може да го уништи еден народ кој се грижи за својот јазик, единственото оружје кое не стрела, а директно погодува в срце, рече таа.
Иван Доровски од Универзитетот во Брно кој како студент бил учесник на првата Летна школа за македонски јазик, од почетокот на 90-те години на минатиот век редовно испраќал свои студенти по славистика на Семинарот во Охрид.
- Не може да постои народ без јазик...Македонскиот, како литературен јазик кодифициран во 1945 година, е еден од најмладите словенски јазици, но истовремено и еден од најстарите оттаму што првото литературно дело на старите Словени е токму „Евенгелиумот“ што Константин Кирил Македонски го напишал на глаголица, а потоа преведен на кирилица, истакна тој.
На меѓународниот семинар се одржува и 44. Меѓународна научна конференција на која македонските и странските експерти пред учесниците на летната школа ќе ги презентираат своите најнови истражувања од областа на македонистиката.
Доследно почитувајќи ја традицијата, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ преку предвидените активности на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид - градот на древните цивилизации, духовната традиција и на изворот на словенската писменост, постепено прераснува во летен Универзитет по македонистика

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред

 Поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, утре јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред.

Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Од јавното претпријатие додаваат дека жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.

-Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, велат од ЈСП Скопје.

Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.

Лестер нов шампион во Чемпионшип

Лестер ја освои титулата во Чемпионшип на едно коло пред крајот на регуларниот дел од сезоната, откако синоќа го совлада Престон со 3:0 на гостински терен. 

„Лисиците“ сега имаат недостижни седум бода предност пред Лидс и Ипсвич.

Лестер официјално ќе го добие трофејот в сабота на гостувањето кај Блекбурн. Доколку Лестер победи и на овој натпревар, тимот ќе заврши со импресивни 100 бода. Со ваквиот развој на настаните, Лестер ќе го израмни и рекордот стар 104 години кој го постави Тотенхем во сезоната 1919/20 за најмногу победи во една сезона во второто по квалитет фудбалско натпреварување во Англија.

Лестер, исто така, може да стане првиот клуб кој двапати собрал 100 или повеќе бодови на првото место во Чемпионшип.

Интересно е да се напомене дека втора сезона по ред шампионската титула ја освојува екипа предводена од ученик на Хосеп Гвардиола. Пред една година ова го направи Винсент Компани со Барнли, а сега Енцо Мареска го постигна истиот успех со Лестер.

Триесет и седумгодишниот Џејми Варди веќе има 20 гола оваа сезона во сите натпреварувања.

Принцот Хари доаѓа во Лондон, кралот е презафатен за да го прими

Принцот Хари пристигнува во Лондон, но се чини, нема да се сретне со својот татко, британскиот крал Чарлс. 

Веројатноста за подолга средба е многу мала, како што пишуваат британските медиуми, наводно бидејќи распоредот на кралот Чарлс е прилично густ.

Хари патува за Велика Британија по повод свеченоста за 10-годишнината од „Инвиктус игрите“. Тој утре ќе биде на богослужбата на благодарност во лондонската катедрала „Сент Пол“, каде што се очекува и принцот да одржи говор.

„Телеграф“ пишува дека кралот најверојатно нема да го прими принцот бидејќи неговата посета се совпаѓа со враќањето на кралот на јавните должности. А, на денот кога Хари ќе дојде во Лондон, Чарлс има средба со премиерот на Англија.

Не се очекува, исто така, Хари да се сретне ниту со Вилијам и Кејт, која се лекува од рак. Инаку, иако е познато дека двајцата браќа се скарани со години, Хари и Меган јавно ѝ испратија поздрави и желби за побрзо оздравување на Кејт кога таа ја објави веста за болеста.

притисни ентер