КултураОтворен фестивалот „Пеце Атанасовски", гран-при за групата „Аманет"Седумдесетина учесници беа дел од синоќешната прва вечер на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски" кој беше отворен во центарот на Прилеп, на камената бина на плоштадот „Александрија".Со сите мерки за заштита и за публиката и за учесниците протекна првата фестивалска вечер на 46-ото издание на Фестивалот кој поради пандемијата, наместо во почетокот на јули се одржува на 28 и на 29 август, прво во прилеп, а вечер на Рудина, Долнени. Според уметничкиот директор Родна Величковска, Фестивалот ги следи сите препораки и протоколи за заштита. – Годинава имаме преполовен број учесници од досегашните изданија на Фестивалот, токму поради пандемијата. Нљаправивме селекција на досега наградувани групи и учесници, познавајќи како го изведуваат изворниот мелос зашто не можеа да се направат теренски истражувања и селекционарање на пријавените. Групите се релативно мали, немаат контакт со другите додека настапуваат и потоа си заминуваат. Обезбедивме средства и заштитни маски за сите. Нашата цел останува: негување и одржување на богатиот фолклор. Таа обврска ја имаме спрема традиционалните вредности. Задоволство и духовно исполнување беше да се види дека се чува и се негува изворниот мелос и кај помладите генерации, рече Величковска. За отворен фестивалот го прогласи прилепскиот градоначалник Илија Јованоски кој, меѓу другото, порача да се штитиме себе си, но и да ги зачуваме придобивките од богататата традиција и фолклорот. -Овој фестивал е единствен во земјава и на Балканот од ваков вид и главна задача му е да ги сочува од исчезнување древните и драгоцените вештини на свирачите на народни инструменти и пејачите на изворните народни песни. Поради пандемијата, фестивалот годинава се одржува во специјални услови. Меѓутоа, верувам дека тоа нема да го намали квалитетот на оваа исклучително значајна манифестација, порача Јованоски. За да се запазат мерките, учесниците добиваат дипломи и признанија за учеството, а гран при наградата е за вокално-инструменталниот состав „Аманет" од Скопје. Настапија групи и поединци-изведувачи на гајда, кавал, на зурла и тапан од повеќе градови и места од земјава: од Куманово, Неготино, Истибања, од Прилеп, од Чешиново. Кире Ризоски е гајдаџија од Прилеп. Повеќе од 20 години е со гајдата, а ја има добиено и како награда од Фестивалот кој традиционално на најдобриот изведувач ја доделува „гајдата на Пеце" што ја обезбедува општина Долнени. Вели има гајдаџии, но имаме и обврска спрема новите генерации. – Гајдаџиството сѐ уште живее, но ние треба постојано да го поттикнуваме интересот за изворните инструменти. не само што сс наша традиција, туку и наше богатство. А, верувајте, полна е душата кога ќе се чуе звукот на гајдата, кога ќе се разлее насекаде. Како постојано да си дома, вели Ризоски. Во центарот за култура „Марко Цепенков" денеска се одржа и Симпозиум на темас „Фолклорот некогаш и денес" на кој еминентни етномузиколози ги изнесоа своите истражувања. Беше претставен и зборникот со трудови, втор по ред на темата за фолклорот. Наместо семинар за изучување на народните инструменти, поради пандемијата, фестивалот обезбеди и видео-презентации на етномузиколозите на тема „Традиционалната култура во Прилепско поле" Вечер од 18 часот на Рудина, Долнени, лулката на Фестивалот и на гајдаџиството, ќе биде втората фестивалска вечер со уште 70-ина изведувачи на изворен мелос од земјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Шоу бизФото: Хаос поради нозете на Џеј Ло Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод. Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе. За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години. Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото. Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки. Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови. Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови. Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание. За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради. View this post on Instagram A post shared by Gala (@galafr) Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур. Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАНБА инвестира милијарди во европската кошарка !Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми. Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови. Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата. Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ. НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот. Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност. Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА. Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32