Отворен фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови" - Канал 5

Отворен фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови"

Мисијата на ансамблите е благородна и заслужува почит.

Отворен фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови"

Собранието на Република Македонија како претставнички дом на граѓаните чија што улога е, и да биде дел од ваквите традиции е горд покровител на фестивалот на народни игри и песни „Илинденски денови", истакна потпретседателот на Парламентот Горан Мисовски синоќа во Битола.

Прогласувајќи го фестивалот за отворен, Мисовски рече дека музиката, фолклорот и игрите се универзална цивилизациска категорија, дел од светското културно наследство, но во исто време тие претставуваат значајни елементи кои го дефинираат, чуваат и развиваат националниот идентитет.

-Мисијата на ансамблите е благородна и заслужува почит. За Балканот и за балканските народи е карактеристично тоа што секогаш се почитувале убавата песна и виртуозната игра на орото и на другите, а тоа се почитува и преку оваа фоклорна манифестација во Битола која срдечно и топло ги рашири рацете и ги отвори портите за да прими во свето недро автентични претставници на светската фолкорна ризница, посочи Мисовски.

Поздравна реч на отворањето одржа и Филип Бусон, претседател на Светската асоцијација на фолкорни фестивали-ЦИОФФ која како што рече претставува чувар на движното културно наследство.

-Ние сакаме светот да разбере дека ЦИОФФ придонесува за развој на живите традиции. Знам дека не е лесно да се организира културен настан во време на пандемија и затоа им честитам на организаторите и на учесниците кои допатуваа во Битола за да танцуваме заедно, да свириме заедно, да пееме заедно и да изградиме поубав свет заедно, рече меѓудругото Бусон.

Во името на градот домаќин, гостите ги поздрави Татјана Крнчева, членка на Советот на Општина Битола која истакна дека фестивалот „Илинденски денови" повеќе од пет децении е нераскинлив дел од Битола и од светскиот фоклорен свет.

-Илјадници народни уметници, многубројни посетители инспирирани и водени од автентични културни вредности се дел од мозаикот на овој фестивал, толку жив и толку колоритен, како секоја од носиите што продефилирале, како секоја од песните што прозвучиле, нагласи Крнчева, а добредојде на сите гости што присуствуваа на свеченото отворање им посака директорката Маја Андоновска Илијевски која потсети дека музиката е универзален јазик на човештвото и затоа на фестивалот во Битола се зборува на еден јазик, пеејќи и танцувајќи.

На првата фестивалска вечер, синоќа во амфитеатарот на Хераклеја Линкестис настапија националните ансамбли „Танец" од Скопје и „Ладо" од Загреб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силно невреме се очекува во Италија- во Џенова се затворени сите училишта (ВИДЕО)

Силно невреме пристигнува во Италија, а обилни врнежи, интензивни врнежи, грмежи и силен јужен ветер најпрво ќе го зафатат северот на земјата, особено Лигурија.

Силно невреме се очекува во Италија- во Џенова се затворени сите училишта (ВИДЕО)

Силно невреме пристигнува во Италија, а обилни врнежи, интензивни врнежи, грмежи и силен јужен ветер најпрво ќе го зафатат северот на земјата, особено Лигурија, каде во некои области се очекуваат и до 200 милиметри дожд за неколку часа, соопштија метеоролозите.

Поради портокаловото временско предупредување, денеска во Џенова беа затворени сите образовни институции, додека во централна и западна Тоскана е издадено жолто предупредување поради можни силни грмотевици, пренесува Аднкронос.

Метеорологот на италијанскиот портал iLMeteo, Матеја Гусони изјави дека силно атмосферско нарушување од Атлантикот носи значително влошување на времето, кое прво ќе ги зафати северните, а потоа централните и јужните делови на Италија.

Според него, областа со низок притисок што ќе се продлабочи над италијанските мориња ќе извлече влажен воздух од Медитеранот и силни јужни ветрови, што може да доведе до развој на многу силни и долготрајни бури, особено пред брегот на Лигурија.

„Регенерирачките“ бури, односно системи со грмотевици кои речиси не се движат и носат обилни врнежи во истата област со часови, може да предизвикаат екстремни количини на дожд, до 200 милиметри за само неколку часа, во централните и западните делови на Лигурија.

Ова, како што изјави Гусони, е количината на врнежи што обично паѓа во текот на приближно два месеци.

Обилни и долготрајни врнежи денеска се очекуваат и на Алпите, предалпските области и рамнините на северна Италија, особено во Пиемонт, Ломбардија, Венето, Фриули-Венеција Џулија и Тоскана.

Во среда невремето треба да се придвижи кон централните и јужните делови од земјава, особено долж Тиренското Море, каде се можни пороен дожд и грмежи.

Метеоролозите предупредуваат и на силен јужен ветер, особено долж брегот, кој би можел да надмине 50 до 60 километри на час, поради што на граѓаните им се препорачува да бидат внимателни при патувањето и да ги следат предупредувањата од цивилната заштита.

Првото подобрување на времето се очекува во четврток на 22 октомври, кога во поголем дел од земјата ќе има повеќе сончеви периоди, но веќе во петок ново атмосферско нарушување може да зафати одредени делови од централна и северна Италија.

Во Џенова сите училишта се затворени поради портокаловото предупредување кое важи од 07:00 часот утринава до полноќ.

Градските власти ваквата одлука ја оправдаа со прогнозите на метеоролошката служба Арпал и фактот дека земјиштето е веќе заситено со вода по обилните врнежи во неделата, особено во источниот дел на градот.

„Центарот за оперативно управување одлучи за утре да ги затвори училиштата од сите нивоа, имајќи ја предвид прогнозираната состојба и големото оптоварување на теренот по интензивните врнежи“, се вели во соопштението на градската управа.

Градскиот советник за образование Рита Бруконе потврди дека сите училишта во Џенова ќе бидат затворени. Во Тоскана е издадено жолто предупредување за силни грмотевици, кое ќе важи од 15 часот. до полноќ.

Претседателот на Тоскана, Еугенио Џиани предупреди дека од попладневните часови, а особено во вечерните часови локално се очекуваат многу обилни врнежи, придружени со поројни поплави и силни налети на ветер, особено на островите, долж брегот и во западните делови од регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се запали патнички авион во Перу непосредно пред полетувањето (ВИДЕО)

Моторот на патнички авион Ербас А320 се запали кратко пред полетувањето на Меѓународниот аеродром Хорхе Чавез во Лима, главниот град на Перу.

Се запали патнички авион во Перу непосредно пред полетувањето (ВИДЕО)

Снимките покажуваат густ црн чад како се издига од левиот мотор. Службите за итни случаи веднаш беа испратени на местото на настанот. Патниците беа евакуирани, а според потврдата од LATAM Airlines, никој не е повреден.

Покрената е истрага

Компанијата LATAM Airlines го опиша инцидентот како „непредвиден технички настан“.

Околностите на инцидентот и неговата причина сè уште се утврдуваат, а истрагата е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре претпладне сончево и облачно, попладне дожд

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со врнежи од дожд, информираат од УХМР. 

Утре претпладне сончево и облачно, попладне дожд

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

12 Попова Шапка, 15 Крушево, 20 Берово, Претор, 21 Охрид, Маврови Анови, Крива Паланка, 22 Прилеп, Тетово, 23 Виница, Скопје – Зајчев Рид, Битола, Велес, 24 Кавадарци, Штип, Скопје – Петровец, Струмица, 25 Гевгелија, 26 Демир Капија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес сончево со мала локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро, наместа со мала облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, најпрво во крајните западни делови, а потоа на повеќе места ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од утре до почетокот на следната работна седмица, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а во четврток ќе бидат проследени и со појава на ретки грмежи. Утре и во четврток наместа ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, освен во петок кога ќе биде засилен и од северозападен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер