1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
КултураОтворен фестивалот „Денови на комедијата" во Куманово Со претставата „Странци" на Драмски театар-Скопје синоќа беше отворен 22. Меѓународен фестивал „Денови на комедија" во Центарот за култура „Трајко Прокопиев" во Куманово. Во наредните две недели публиката ќе има можност да ужива во дванаесет комедии од театри од државава, Србија, Хрватска, Бугарија и Албанија. Оваа година новина е што гледачите ќе може да ги оценуваат претставите од еден до пет, по што ќе биде прогласена најдобра претстава од публиката. На првата фестивалска вечер кумановци ја проследија комедијата „Странци" во режија на Нела Витошевиќ, во која настапија Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски. Во наредните денови на фестивалот ќе бидат изведени и комедиите: „ Љубаф" на Градско казалиште „Јозо Иванкиќ" од Винковци, Хрватска, „Чекори" на Театар Куманово, „Мој термин" на МНТ-Скопје. „Одам на лов" на Велешкиот театар, „Власт" во изведба на „Славија" од Белград, „Жени пред нервен слом" на Театар Комедија-Скопје, „Школо за љубовници" на Академија-Белград, „Смеј се за збогум" на Сатиричниот театар „Алеко Константинов" од Софија, „Доктор Шустер" во изведба на театарот „Андон Зако Чајупи" од Корча, Албанија, „Запознај го мојот татко" на продукција „Како вам драго" од Белград, а „Деновите на комедијата" ќе ги затвори Кумановскиот театар со претставата „Бегалка". Кумановци синоќа имаа можност да гледаат и стендап-комедија на Весна Петрушевска, а Центарот за култура на отворањето на манифестацијата му додели и награда за долгогодишно уметничко творење на актерот Илија Струмениковски во Кумановскиот театар за неговата богата кариера, настапи во театри, филмови, серии. Директорот на Кумановскиот театар Сашо Тодоровски истакна дека е горд што имаат фестивал за кој салата е исполнета до последно место, а билетите се распродадени за само три дена. Им се извини на тие што не уаспеале да дојдат до билет затоа што салата има 670 места, а информираше дека в година половина од билетите ќе можат да се купат онлајн, а половина ќе се продаваат на билетарница. Фестивалот за отворен го прогласи кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој нагласи дека општината ќе продолжи да го поддржува и им се заблагодари на сите кои низ годините придонеле за неговиот развој. -Верувам дека во следните две недели кумановци и гостите коишто ни се дојдени ќе уживаат во комедијата, бидејќи, нели, ние сме градот на шегата, на смеата, на боемството и посакувам да си поминат сите убаво, на актерите професионален настап, како и секогаш досега, и она што е најбитно – да избегаме од општественото секојдневие, изјави Димитриевски. Фестивалот годинава доби поддршка и од Министерството за култура. На отворањето присуствуваше националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата, Роберт Алаѓозовски, кoj истакна дека „Денови на комедија" се културно обележје на Куманово. -Поддршката е постојана и ние очекуваме дека со новото законско решение кое овозможува манифестации да добијат статус од национален интерес, а со тоа и повеќегодишно финансирање, како и со можноста институциите од областа на културата да добиваат резервиран буџет, да имаат автономија сами да управуваат со буџетот, па во таа смисла тие самите да одлучуваат на која од активностите и манифестациите ќе им даваат повеќе поддршка. Верувам дека доаѓаат поодбри денови за самиот фестивал и воопшто дека поддршката на културата и развојот на културата ќе може да донесе поголем развој, поголем квалитет, интернационализација, секако децентрализација, затоа што сè повеќе луѓе, не само од Куманово, туку и од околните градови, да доаѓаат, така што навистина верувам дека фестивалот има иднина и со задоволство дојдов да го проследам отворањето, изјави Алаѓозовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаДесетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот Ужасен случај на сексуална злоупотреба на деца ја потресе Аргентина откако лекарите утврдија дека 10-годишно девојче е бремено шест месеци. Полицијата го уапси нејзиниот очув (33), кој е осомничен дека сексуално ја злоупотребил. Девојчето и нејзината мајка дошле во болницата во Колонија Дора, во аргентинската покраина Сантијаго дел Естеро, жалејќи се на болки во стомакот. За време на прегледот, лекарите откриле дека детето е во напредна фаза од бременоста. Според австрискиот Krone, девојчето рекло дека нејзиниот очув ја злоупотребувал додека нејзината мајка била отсутна. Медицинскиот персонал ги известил властите, по што е започната истрага. Според аргентинските медиуми, полицијата уапсила 33-годишен маж во вторник во рурална област на департманот Авеланеда. За време на операцијата, му бил запленет мобилен телефон, кој ќе биде предмет на вештачење. Истрагата ја води обвинителот Гилермо Фаријас, а властите се обидуваат да ги утврдат сите околности на злоупотребата и евентуалната кривична одговорност на осомничениот. Според медиумските извештаи, мајката на девојчето има 25 години и е исто така бремена со уапсениот маж. Двајцата се запознале преку интернет и почнале да живеат заедно пред околу една година. Семејството има и уште три малолетни деца. Аргентинските медиуми известуваат дека истражителите продолжуваат да собираат докази, додека конечната одговорност на осомничениот ќе биде утврдена на суд.Тагови: бремена девојче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)Денеска се случи сериозен инцидент пред Земјоделското училиште во Панчево, каде што се наоѓа гласачкото место, кога група маскирани мажи се судрија со неколку млади мажи. За време на тепачката, беа употребени и пиротехнички средства, а најмалку едно лице е повредено, објави Телеграф. Како што објави на социјалните мрежи локалниот портал „Панчево си ти“, група маскирани мажи нападнаа неколку луѓе на улицата пред училиштето, додека снимки од насилството набрзо се појавија на социјалните мрежи. Снимките покажуваат физичка конфронтација, при што некои учесници користеа пиротехнички средства. Еден млад човек беше удрен во лицето, по што беше снимен со видливи повреди и крв на лицето. Според извештаите на локалните медиуми, за време на инцидентот беа употребени и стапови, а некои од учесниците носеа маски и качулки. Набрзо на местото на настанот пристигнаа полицајци, кои интервенираа по конфронтацијата. И покрај инцидентот пред Земјоделското училиште, гласањето на гласачкото место продолжи непречено, објавува „Блиц“. Во моментов нема официјални информации за бројот на евентуално приведени лица, ниту пак се познати сите околности што доведоа до конфликтот. Снимките од инцидентот се споделуваат на социјалните мрежи. Погледнете ги снимките од инцидентот: Pančevo danas: Jeziva tuča bakljama kod izbornog mesta https://t.co/ZivLShktZo — FantomBeograda (@FantomBeograda) October 25, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ Со наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на М.Н. (28) му е одреден притвор до 48 часа поради наводен напад врз мајката на Александар Вучиќ утрово.Уапсеното лице е осомничено за сторено кривично дело разбојништво, изјавија за Танјуг од Првото основно јавно обвинителство во Белград, објави Телеграф. Осомничениот ќе биде приведен во обвинителството на сослушување во наведениот рок. Српската напредна партија претходно денес објави дека мајката на Александар Вучиќ била вербално и физички нападната, во непосредна близина на пазарот Калениќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook