Отворен е конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2024 година - Канал 5

Отворен е конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2024 година

 Друштвото на писателите на Македонија го отвора Конкурсот за традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 година.

Отворен е конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2024 година

Друштвото на писателите на Македонија го отвора Конкурсот за традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 година: „Стале Попов“ за прозно дело, „Ацо Шопов“ за поетска збирка, „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади, „Димитар Митрев“ за книга критика и есеистика и „Мост“ за книга напишана на некој од јазиците на националностите, информираат од ДПМ.

- На конкурсот за најдобри книжевни дела објавени во 2024 година можат да конкурираат автори на дела кои се активни членови на ДПМ, или нивните издавачи, со претходна согласност од авторот, а пријавувањето може да се оствари заклучно со 23 декември 2024, со достава на четири примероци од делото во просториите на ДПМ (лично, од понеделник до петок, од 9 до 13 часот, на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје, или по пошта). Пожелно е на електронската пошта на друштвото [email protected] да биде испратена и е-верзија (PDF/DOC фајл) од доставеното дело, стои во соопштението на ДПМ.

Од Друштвото нагласуваат дека за свое особено богатство ја смета својата интеркултурна димензија, поради што посебно внимание посветува на наградата „Мост“.

- Во конкуренција за „Мост“ можат да бидат поднесени дела објавени двојазично, на изворниот и на македонски јазик, или дела што ќе бидат делумно преведени на македонски јазик, специјално за конкурсот. За „Мост“ можат да конкурираат прозни дела, збирки поезија, книги за деца и млади и книги со книжевна критика и есеистика, а за учеството потребно е да бидат доставени четири примероци од оригиналното дело, како и (доколку делото не е објавено двојазично) четири примероци од превод на македонски јазик: најмалку 20 страници (за прозни дела), најмалку 10 песни (за дела напишани во стихови), или најмалку 25% од книгата (за книги за деца и млади), појаснуваат од ДПМ.

Се предлага преводите да претставуваат смисловни целини (расказ, поглавје, есеј и друго), да бидат од различни делови/циклуси (доколку делото е поделено на делови/циклуси) и да бидат редактирани од говорител на македонски јазик.

- Дополнителен новитет оваа година во однос на наградата „Мост“ е тоа што УО на ДПМ одлучи да субвенционира половина од надоместокот за превод на извадокот на делото на македонски јазик, по цени што ќе бидат договорени со преведувачите/препејувачите на делата, и кои ќе се однесуваат на сите доставени преводи. Целта на оваа одлука е да се поттикнат авторите да конкурираат за наградата „Мост“ и да се обезбеди успешно издание на конкурсот, известуваат од ДПМ.

Добитниците на годишните награди на ДПМ за 2024 година ќе бидат објавени на прес-конференција во февруари 2025, а свеченото врачување на наградите традиционално ќе се одржи на денот на основањето на ДПМ, 13 февруари.

Добитници на годишните награди за ДПМ за 2023 беа: Блаже Миневски (роман: „Ако се родат некакви чувства“, Матица), Зоран Анчевски (поетска збирка: „Коњски житија“, Арс-ламина), Билјана С. Црвенковска (пиеса за деца: „Земјата на заборавените сказни“, Чудна шума) и Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ (книжевна критика и есеистика: „Птици во аквариум“, Полица). Наградата „Мост“ минатата година не беше доделена поради недоволен број конкуренти (потребно е да се достават најмалку три дела).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаревски: Историски договори за повисоки плати во здравство, образование, администрација, безбедност

Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го унапредува социјалниот дијалог и да создава услови за повисоки примања преку институционални решенија и колективно договарање. 

Јаревски: Историски договори за повисоки плати во здравство, образование, администрација, безбедност

За првпат се постигна договор со синдикатите УПОЗ и САДО за повисоки плати на административните службеници, а кон договорот се приклучија и други синдикални организации. Со тоа за првпат по долг период се обезбедува системско подобрување на статусот на вработените во администрацијата.

Од превземањето на обврската владата да ја предводи ВМРО-ДПМНЕ досега, за 20% се зголемени платите на просветните работници и на сите вработени во образованието.

Согласно колективниот договор, вработените во основното и средно образование ќе добијат од 46 до 60% повисоки плати во еден мандат, а за 14% се зголемија платите и на универзитетските професори.

Со потпишувањето на анексот на колективниот договор значително се зголемија и платите на сите вработени во македонското здравство. Согласно договорот платите на здравствените работници се зголемија за 4815 денари нето, додека зголемувањето за медицинските сестри изнесува дури ,200 денари и до крајот на мандатот покачувањето на платите треба да достигне дури 50%.

По долги години во соработка и дијалог со претставници на синдикалните организации, колективен договор добија и вработените во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, кој предвидува зголемување на надоместоците за вработените и подобрување на нивниот работен статус.

Исто така се зголемија и платите на вработените во безбедносните структури кои преку јасен план ќе продолжат и понатаму да се зголемуваат.

Со владата на ВМРО-ДПМНЕ никој не е заборавен. Сите работници го добиваат заслуженото внимание, грижа и паричен надоместок за својот труд.

Ќе продолжиме да работиме исклучиво во интерес на граѓаните преку дијалог, партнерство и политики што обезбедуваат раст на платите, сигурни работни места и стабилен економски развој.

Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведена охриѓанка ткако ја нападнала 72-годишната свекрва

Полицијата  вчера привела 34 годишна жена откако ја нападнала свекрвата во семјниот дом. 

Приведена охриѓанка ткако ја нападнала 72-годишната свекрва

- На 14.08.2026 година во 09:40 часот полициски службеници од СВР Охрид од слобода ја лишиле Т.Д.(34) од охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна свекрва, соопштија од полицијата во дневниот билтен.

По целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар од Босна и Херцеговина премина во Хрватска, ангажирани воени авиони и канадери

Пожар на отворено, кој избувна во Босна и Херцеговина, утринава се прошири на хрватската страна на планината Динара, соопшти Хрватската противпожарна заедница.

Пожар од Босна и Херцеговина премина во Хрватска, ангажирани  воени авиони и канадери

Противпожарниот центар на Шибенско-книнската жупанија го откри пожарот преку систем за видеонадзор. Противпожарни единици веднаш биле упатени на местото на настанот.

Во гаснењето на пожарот моментално се вклучени 37 пожарникари со 19 возила, тие доаѓаат од Интервентната противпожарна единица на Шибеник, Јавната противпожарна единица (JVP) на Книн, како и од доброволните противпожарни друштва (DVD) на Книн, Кијево и Свети Јурај Кистање.

На терен е присутен и окружниот командант на противпожарните служби.

Во гаснењето на пожарот вклучена е и војската Хрватската противпожарна заедница соопшти дека, заклучно со 10:00 часот утрово, 26 припадници на противпожарниот вод на Хрватската војска се распоредени за да им се придружат на пожарникарите на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер