Отворен е центар во чест на легендарниот Луис Армстронг со 60.000 архивски и лични предмети - Канал 5

Отворен е центар во чест на легендарниот Луис Армстронг со 60.000 архивски и лични предмети

Спроти поранешниот дом на џез-музичарот Луис Армстронг (1901-1971) и неговата сопруга Лусил во њујоршката населба Квинс, отворен е Центарот Луис Армстронг.

Отворен е центар во чест на легендарниот Луис Армстронг со 60.000 архивски и лични предмети

Таму посетителите можат да погледнат 60.000 архивски и лични предмети на брачната двојка.

Домот на Армстронг, зграда од црвена тула во Квинс каде што поминале речиси 30 години, одамна е претворена во музеј, но може да се посети само како дел од турата со стручен водич. Покрај архивскиот материјал, во зградата се изложени и бројни лични работи на Луис и Лусил. Новата зграда е вредна 26 милиони долари и покрај постојаната поставка содржи и простор за изведби.

„Во станбениот дел на Армстронгс, кој е составен од многу скромна двокатна куќа, сакавме да изградиме зграда што нема да се истакнува. Сакавме да создадеме атмосфера на урбаност и зграда што ќе сведочат за уникатното дело на човекот чија музика е основа за толку многу од музиката што ја слушаме денес“, напишаа Сара Кејплс и Еверардо Џеферсон од Caples Jefferson Architects, кои го потпишаа проектот на центарот, на веб-страницата на музејот.

Луис Армстронг важи за еден од најдобрите џез-трубачи на сите времиња, но светската слава ја стекна со песните како What a Wonderful World и Hello, Dolly.

Роден е во Њу Орлеанс. Тој и неговата четврта сопруга, Лусил, се преселиле во Квинс во 1943 година. По смртта на Лусил во 1983 година, нивната куќа била преземена од Њујорк, но во 2003 година била претворена во музеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристески: Голем интерес за грантовите за отворање на сопствен бизнис во Пелагонискиот регион

Ристески го искажа своето задоволство и од големиот интерес за мерката во Пелагонискиот регион, каде во Прилеп до вчера пристигнале 311, а во Битола 180 апликации.

Ристески: Голем интерес за грантовите за отворање на сопствен бизнис во Пелагонискиот регион

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво-ИНОВА Даниела Димовска, како и градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски и Претседателот на Советот на Битола, Бојан Бојкоски денес ги посетија регионални канцеларии на Агенцијата за вработување во Прилеп и Битола.

За време на посетата со раководителите на регионалните канцеларии и вработените во центрите дискутираа за текот на пријавувањето за јавните повици, како и за потенцијалите предизвици со кои се соочиле и ги надминале за време на поднесувањето на пријави.

- Денес е последниот ден на аплицирањето за јавните повици од мерката за Претприемништво - Самовработување со грант и интересот е голем во целата држава и центрите за вработување беа преполни со заинтересирани граѓани. Сакам да им се заблагодарам на вработените кои овие две недели со нивната професионалност и посветеност на работата беа на ниво на задачата, успешно се справија со сите предизвици и излегоа во пресрет на сите граѓани – кажа заменик-министерот Ристески.

Тој потенцираше дека интересот е многу висок за трите јавни повици и дека пред почетокот на последниот ден од аплицирањето на државно ниво надмината е бројката од 5.000 лица.

- По историски големиот интерес минатата година, како и пристигнатите над 5.000 апликации досега, се потврдува исправноста на нашата одлука за зголемување на обемот на средствата од Оперативниот план за оваа мерка и проширување на опфатот за дополнителни 300 лица. Исклучително сум задоволем од бројот на апликации, кои само потврдуваат дека нашите граѓани сакаат да работат, сакаат да имаат сопствен бизнис и имаат одлични и иновативни идеи – додаде Ристески.

Ристески го искажа своето задоволство и од големиот интерес за мерката во Пелагонискиот регион, каде во Прилеп до вчера пристигнале 311, а во Битола 180 апликации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОВР Кочани поднесе кривична пријава за осум лица за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“

Не спречиле незаконско работење на објектот и во континуитет ги изложувале ангажираните лица (вработените) на опасност од непроверен и неконтролиран објект од аспект на основните права од работен однос.

ОВР Кочани поднесе кривична пријава за осум лица за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“

Денеска (03.07.2026) Одделението за внатрешни работи Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против С.Ш.С.(53) од Македонски Брод, С.Ѓ.(59) од Скопје, З.М.(64), С.З.(61), Т.К.(42), Н.Д.(43), Г.П.(41) и М.З.С.(44) сите од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ предвидено и казниво по член 353-в став 2 в.в став 1, а в.в. член 45 од Кривичниот законик. Имено, во периодот од 2022 година до 16.03.2025 пријавените како службени лица вработени во Државен инспекторат за труд, иако биле должни да вршат инспекциски надзор над примената на законите, другите прописи и акти во сите дејности од јавниот и приватниот сектор, други правни и физички лица, како и граѓаните кои вршат дејност на територијата на Р.Македонија, спротивно на член 71 став 1 од Законот за инспекциски надзор ниту еднаш не покренале и не воделе постапка за инспекциски надзор по службена должност за утврдување на фактичка состојба во правно лице-угостителски објект од Кочани и покрај тоа што во периодот од 13 години бил единствен објект од таков вид на подрачјето на општина Кочани. Исто така, не спречиле незаконско работење на објектот и во континуитет ги изложувале ангажираните лица (вработените) на опасност од непроверен и неконтролиран објект од аспект на основните права од работен однос и исполнетост на потребните мерки за безбедност и здравје при работа, со што овозможиле објектот незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност со активно работење остварувајќи противправна имотна корист во вкупен износ од 1.255.977,00 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 15 возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници. 

Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 15 возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници

Пет лица во Гостивар, од кои еден е малолетник, а еден учествувал во претходна сообраќајна незгода, четири лица во Скопје, две лица во Кичево од кои еден малолетник и по едно лице во тетовско, Кривогаштани, Прилеп и Битола. Под дејство на алкохол возело едно лице во Делчево. Додека пак, по едно лице во Кичево и Кавадарци возеле со забрана за управување на моторно возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер