Отворен ден во Пожарната во Велес - Канал 5

Отворен ден во Пожарната во Велес

Тимот на Територијалната противпожарна единица во Велес преку Отворен ден традиционално го одбележа Денот на македонските пожарникари 20 мај. 

Отворен ден во Пожарната во Велес

Во Противпожарниот дом попознат како Пожарна денеска пред јавноста тие ја претставија целокупната опрема и возен парк, а ги посетија и најмладите, дечињата од Детските градинки „Димче Мирчев“ на кои пожарникарите им оддржаат и едукативен час за заштита од пожари и ги запознаа со опремата и возилата.

Тимот на пожарникари во пресрет на летото и зголемување на опасноста од пожари континуирано се подготвува за заштита и брзо гаснење на шумските пожари. Минатата година во велешко изгореа голем број на шуми најголем дел во реонот на Општина Чашка. Како што изјави за МИА, Ивица Поповски заменик командир на ТППЕ Велес,тие располагаат со доволен возен парк во исправна состојба, а кој секојдневно се проверува и одржува како и доволно лична и друга опрема за гаснење на шумски и секаков вид на пожари.

ТППЕ Велес освен за Општина Велес дава услуги и за општините Чашка и Градско и опфаќа голема територија, а моментално има вработено 30 пожарникари и 11 возила –теренски џипови и камиони за гаснење на пожари, .Инаку според територијата која ја опфаќа ТППЕ Велес би требало да има 46 вработени пожарникари.

Поповски појасни дека денеска беше изложена целокупната опрема на која редовно се врши проверка на исправноста како и на целокупниот возен парк.

-Беа претставени теренските џипови - возила за гаснење на мали пожари како и за шумските пожари, потоа навалните возила камиони - цистерни со вода, воедно беше претставена и опремата за техничка интервенција скали дводелни и троделни и скала за самоспасување од балкон на балкон во згради во случај на пожар и други незгоди. Воедно беше презентирана и спусницата и душекот на надувување за спасување на луѓе во опасност од балкони и при други несреќи, појасни Поповски.

Од ТППЕ Велес алелираат до граѓаните да внимаат и совесно да се однесуваат при престој во природа и да не палат оган во шума , а со што може да предизвика пожари со несогледливи последици. Воедно во случај да забележат пожар веднаш да се јават на бесплатниот број 193.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На денешен ден во 1963 година во атентат беше убиен претседателот на САД, Џон Кенеди

Претседателот на САД, Џон Ф. Кенеди е убиен на 22 ноември 1963 година во Далас, додека се возел низ плоштадот Дили, во друштво на сопругата Жаклин и соработници.

На денешен ден во 1963 година во атентат беше убиен претседателот на САД, Џон Кенеди

На денешен ден беше убиен Џон Кенеди, сè уште светот се прашува кој стои зад атентатот, СССР, Куба, ЦИА, мафија или ...? а постојат и бројни теории на заговор.

Претседателот на САД, Џон Ф. Кенеди беше убиен на 22 ноември 1963 година во Далас, додека се возел низ плоштадот Дили, во друштво на сопругата Жаклин и соработници.

Атентатот врз американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, извршен на 22 ноември 1963 година во Далас, претставува еден од најзначајните и најтрагичните настани во историјата на Соединетите Американски Држави.

Кенеди бил убиен додека се возел во претседателската лимузина низ плоштадот „Дили“ (Dealey Plaza), во друштво на неговата сопруга Жаклин, гувернерот на Тексас, Џон Конали, и неговата сопруга Нели. Во моментот на атентатот, Кенеди имал 46 години.

Ли Харви Освалд, поранешен маринец кој служел во армијата на САД, бил обвинет за атентатот врз претседателот Кенеди. По атентатот, Освалд бил уапсен и обвинет за убиството на полицаецот Џеј Ди Типит, кој бил убиен неколку минути по атентатот врз Кенеди.

Освалд негирал вмешаност и тврдел дека е невин. Два дена по атентатот, додека го префрлале од градскиот во окружниот затвор, тој е застрелан од сопственик на ноќен клуб во Далас, Џек Руби, .

По атентатот, претседателот Линдон Б. Џонсон ја формирал Комисијата „Ворен“, официјално позната како Претседателска комисија за истражување на атентатот врз претседателот Кенеди.

Комисијата заклучила дека Освалд дејствувал самостојно при атентатот врз претседателот Кенеди. Сепак, многумина ги оспориле тие заклучоци, што довело до бројни теории на заговор.

И покрај официјалните заклучоци, многу Американци веруваат дека атентатот бил резултат на заговор.

Анкетите покажаа дека голем процент од граѓаните се сомневаат во официјалната верзија на настаните. Теориите на заговор вклучуваат наводна вмешаност на ЦИА, мафијата, кубанската или советската влада, па дури и на самиот Линдон Б. Џонсон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„La decima“: Маркез е шампион – има повеќе титули од Валентино Роси!

Марк Маркез стана светски шампион во мотоциклизам по десетти пат во својата кариера, а по осми пат во најсилната категорија.

„La decima“: Маркез е шампион – има повеќе титули од Валентино Роси!

Во Португалија, на 22 ноември, Марк Маркез испиша историја во шампионатот MotoGP и ја освои јубилејната 10-та шампионска титула, а 8-ма во шампионатот MotoGP. Шпанецот сега е мотоциклистот со најмногу освоени титули во историјата на овој спорт!

на маркез на денешната трка му беше доволно и освојување на 9 место за конечен триумф во Мото ФП со оглед на тоа што имаше 55 поени повеќе од Хорхе Мартин и 62 повеќе од Марко Бецеки.

Во текот на трката беше јасно дека „Дукати“ му наложиле на Маркез безбедно да ја заврши трката во првите 10 и да не презема никакви ризици.

Во последниот круг Марко Бецеки пред Хорхе Мартин и Раул Фернандез влегоа со голема предност додека Марк Маркез се бореше за титулата од деветтата позиција. И успеа да стигне до неа.

Тој сега е најтрофејниот возач на сите времиња, додека Валентино Роси е втор со девет освоени титули!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина

Поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвеш и неговата сопруга Џоана Санз одлучија да стават крај на заедничкиот живот, а една од главните причини за разделбата е неговата сè поголема посветеност на религијата. 

Поранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина

Веста за нивниот развод ја објави шпанскиот новинар Хави Охоса, кој разговарал со сопругата на Алвеш и дознал детали за нивната одлука. Двојката стапи во брак во 2017 година, а во октомври 2025 година ја добија ќерката Хулиета.

Според новинарите, Џоана Санз покренала постапка за развод бидејќи начинот на живот на екс фудбалерот на Барселона го оддалечува сè повеќе од неговото семејство.

Во последните месеци, 43 годишниот Алвеш патува низ светот како проповедник и предавач, ширејќи ја евангелската вера.

На 25 март 2024 година, Алвеш беше пуштен од затворот „Бријанс“ во близина на Барселона откако плати кауција од еден милион евра, а претходно беше осуден на четири и пол години затвор под обвинение за силување. Сепак, на 28 март 2025 година, Апелациониот совет на Судот на правдата на Каталонија го ослободи од обвиненијата, по што тој стана целосно слободен човек. Тогаш тој целосно ѝ се сврте на религијата.

Токму оваа животна посветеност, како што е наведено, довела до сериозно отуѓување од сопругата. Наводно, на Санз не му пречело тоа што тој имал вера, што ја читал Библијата или што одел во црква, но ја вознемирувало тоа што религијата станала центар на неговиот живот, поради што таа се чувствувала осамено и запоставено.

„Тоа го оддалечи од неа и од нивната ќерка, а таа се чувствува сосема сама. Таа има разбирање за верата на Дани и не би имала ништо против тој да ја чита Библијата или да оди во црква. Сепак, неговата одлука да му го посвети целиот свој живот на религијата го изолираше од неговото семејство“, пренесува новинарот зборови на сопругата на Алвеш.

Според истите изјави, Санц конечно одлучила да стави крај на таквиот однос со зборовите: „Доста е, ми е преку глава, овде завршува сè“.

Поранешниот дефанзивец на Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен на тој начин би можел да стави крај на бракот што траеше речиси девет години. Засега, ова се информациите што ги објави еден шпански новинар, повикувајќи се на разговор со Џоана Санц.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер