Отворен Центар за фетална медицина на ГАК , донација од Грција и професорот Кипрос Николаидес - Канал 5

Отворен Центар за фетална медицина на ГАК , донација од Грција и професорот Кипрос Николаидес

Во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје денеска беше отворен Центар за фетална медицина. Станува збор за донација од Република Грција и од професорот Кипрос Николаидес.

Отворен Центар за фетална медицина на ГАК , донација од Грција и професорот Кипрос Николаидес

На настанот присуствуваше и министерот Фатмир Меџити, кој рече дека денеска се бележи уште еден напредок во осовременување на здравствениот систем.

- Новиот оддел на Клиниката за гинекологија и акушерство, опремен со современи апарати за дијагностика и фетална терапија, ќе овозможи ран скрининг кај трудниците, што од друга страна, значи редуцирање и намалување на перинаталниот морталитет и морбидитет. Како резултат токму на развитокот на феталната медицина на оваа клиника имаме значителен пад на бројот на мртвородени, што во иднина со помошта на овој центар, уверен сум дека уште поубедливо ќе го продолжи овој тренд, нагласи Меџити.

Апаратите, како што појасни министерот, овозможуваат следење на плодот во текот на неговиот развој како и детекција на сите можни показатели, кои може да доведат до несакани последици.

- Во оваа прилика сакам да и се заблагодарам на амбасадорката за подадената рака во усовршување на нашиот здравствен систем. Дополнително, преку програма ќе се основаат и стручни усовршувања, преку континуирани едукативни настани во областа на феталната медицина. Нашите кадри ќе бидат обучувани од врвни експерти коишто ќе ги обезбеди Фондацијата за фетална медицина. Фондацијата ја обезбеди и неопходната опрема за реализирање на целата програма, што вклучува и два апарата за ултразвук, кревети, компјутери, софтвер и сѐ што е потребно за опремување на Одделот за фетална медицина, истакна Меџити, посакувајќи многу среќни животни приказни на клиниката.

Медицинскиот директор на клиниката, Викторија Јовановска кажа дека оваа клиника е централно породилиште, a воедно и најголем и најсовремен центар за дијагностика на патолошки состојби кај бремените жени во нашата држава.

- Отворајќи го овој Центар за фетална медицина, го отвораме единствениот дијагностички центар за најтешките облици на патологија кај мајките и плодот, подвлече Јовановска.

Како што додаде таа, потврда за лидерската позиција на клиниката се и досегашните резултати на превенирање на ризикот кај пациентките, со што навремената дијагностика овозможи помал број на смртни случаи кај плодот и мајките.

- Ова е центар во кој ќе се едуцираат сите доктори акушери од нашата држава. За таа цел, изразувам голема благодарност до грчката влада и до професорот Кипрос Николаидес. Воедно, ја изразувам и својата благодарност до премиерот Димитар Ковачевски и до министерот за здравство за несебичната поддршка за континуираното работење на клиниката, посебно во изминатите три години на пандемија, рече Јовановска.

Претседателката на Асоцијацијата за фетална медицина на Република Македонија, Ана Данева Маркова изјави дека се надева оти со професорот Кипрос Николаидес, со кого го почнале овој проект, во иднина ќе го продолжат развојот и подобрувањето на феталната медицина во нашата држава.

Професорот Кипрос Николаидес се осврна на соработката меѓу владите на двете земји, а задоволство од денешниот настан изрази и амбасадорката на Република Грција во нашата држава, Софија Филипиду.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на нејзино барање, утрово оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев.

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев

Соговорниците ги потврдија македонско-азербејџанските пријателски односи и подготвеноста за нивно натамошно унапредување преку продлабочување на политичкиот дијалог и развивање на соработката во областите од заемен интерес.

Во амбиент на глобална енергетска криза, двајцата претседатели разменија мислења за растечките проблеми и можностите за нивно решавање.

Во духот на пријателството и меѓусебното разбирање, потврдено и зацврстено со официјалната посета на претседателката на Баку, Сиљановска-Давкова и Алиев се согласија за продолжување и проширување на соработката во областа на енергетиката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија претстави играчки чија цел е всадување патриотизам кај децата (ВИДЕО)

Децата во Русија ќе си играат со плишана мачка облечена како член на тенковска екипаж, ликови од словенски бајки, модел на нуклеарен кршач на мраз, синооки кукли облечени во униформи на Црвената армија.

Русија претстави играчки чија цел е всадување патриотизам кај децата (ВИДЕО)

На натпревар за играчки, поддржан од руската држава, меѓу другото, беа претставени: плишана мачка облечена како член на тенковска екипаж, ликови од словенски бајки, модел на нуклеарен кршач на мраз, како и синооки кукли облечени во униформи на Црвената армија од Втората светска војна, пренесува Ројтерс.

Според организаторите, целта на годишниот натпревар „Домашна играчка“, започнат во 2024 година, е да се промовираат играчки од домашно производство кои ја одразуваат руската култура, историја, како и духовните и моралните вредности.

Во понеделникот, осумдесет финалисти ги изложија своите дела во голем изложбен центар во Москва. На настанот, децата сликаа народни мотиви на дрвени играчки, си играа со реплика на советска вселенска ракета – која наликуваше на комплет од „Лего“ – и градеа куќи во традиционален стил користејќи шарени коцки.

„Во моментов, особено во образованието, постои силен акцент на тоа децата преку игра да научат да ја сакаат својата татковина. Ова е клучно – не преку принуда, туку преку игра“, изјави Валерија Михалева-Устинскаја, претседателка на Националната асоцијација на предучилишни педагози. Таа беше облечена во традиционална народна носија, со украс за глава на кој беше испишан зборот „РУСИЈА“ со фонт во архаичен стил.

Таа позираше за фотографија со кукла обоена во боите на руското знаме, на која стоеше натписот: „Не можете да нè соборите!“

Патриотизмот како дел од образовната политика

Натпреварот е дел од поширока кампања што властите ја спроведуваат од почетокот на отворениот конфликт во Украина во 2022 година. Целта на кампањата е кај децата да се всади патриотизам, заедно со верзии на историјата одобрени од Кремљ и вредности што државата ги нарекува „традиционални“.

Организацијата за човекови права „Амнести интернешенел“ ги осуди одредени аспекти од руската образовна политика, опишувајќи ги како индоктринација поддржана од државата. Победниците на натпреварот ќе добијат помош во производството и маркетингот, а нивните производи би можеле да бидат вклучени во списокот на Министерството за образование со препорачана опрема за градинките и училиштата.

Воени мотиви и историски теми

„Сакаме да им раскажеме на децата за важни настани од историјата на нашата земја на јазик што тие можат да го разберат“, изјави Татјана Кашина, специјалист за односи со јавноста во компанијата за производство на играчки „Весна“. Нивната колекција кукли „Мои херои“, облечени во униформи од времето на Втората светска војна, беше меѓу 30-те победнички дела.

Нагласувањето на воените мотиви е во согласност со засилениот фокус на „воено-патриотско“ образование во руските училишта. Во образовниот систем е повторно воведена основна воена обука, а учебниците по историја сега ја одразуваат перспективата на Кремљ за војната во Украина.

Сепак, играчката што доби најголеми симпатии од јавноста не содржеше никакви воени елементи. Во онлајн гласањето, наградата на публиката ја освои комплетот „Лабораторија на дабарите“ – кој вклучува микроскоп дизајниран во стилот на ова животно.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воен авион се урна во Франција, пријавени се жртви

Воен авион се урна доцна во вторникот вечерта во департманот Мерт-е-Мозел, во североисточна Франција. Според Анри Лемоан, градоначалникот на Понт-а-Мусон, остатоците од леталото биле лоцирани со помош на дрон.

Воен авион се урна во Франција, пријавени се жртви

Француското Министерство за одбрана соопшти дека најмалку еден член на екипажот загинал.

Борбен авион „Мираж-2000Д“ се урнал синоќа во близина на Нанси за време на тренажен лет, при што загинал најмалку еден член на екипажот (екипажот се состоел од пилот и копилот), пренесува БФМ, повикувајќи се на информации од Министерството за одбрана.

Потрагата по вториот член на екипажот е во тек, а започната е и судска истрага за да се утврди причината за несреќата.

Претходно утрово, градоначалникот Лемоан изјави дека несреќата се случила синоќа околу 23:35 часот, во областа помеѓу местата Рожевил, Домевр-ан-Е и Трамблекур, кои се наоѓаат меѓу Нанси и Мец.

Лемоан на Фејсбук наведе дека на лице место се испратени голем број жандарми и пожарникари за прецизно да ја утврдат локацијата на падот. Во Рожевил е формиран кризен штаб, а граѓаните се предупредени дека движењето во таа област може да биде отежнато.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер