Отворен Божиќниот панаѓур во Брисел - Канал 5

Отворен Божиќниот панаѓур во Брисел

Во Брисел од синоќа официјално започна новогодишната празнична сезона со отворање на Божиќниот панаѓур, познат како „Зимски чуда“.

Отворен Божиќниот панаѓур во Брисел

Панаѓурот има за цел да го промовира културното наследство, културата и занаетчиската традиција на Брисел, овозможувајќи им на локалните занаетчии, уметници, трговци и здруженија да ги промовираат и понудат на продажба своите креации и производи.

Во рамки на Панаѓурот на неколку плоштади и улици во центарот на Брисел се поставени штандови на кои се продаваат божиќни и новогодишни украси и подароци, но и традиционални белгиски чоколада, пива, вафли и помфрит, а паралелно ќе се презентираат уметнички инсталации и ќе се одржуваат мини концерти.

Панаѓурот ќе трае до 1 јануари 2026 година, со исклучок на плоштадот „Де Брукер“, каде панаѓурските тезги ќе останат до 4 јануари.

Оваа година на плоштадот „Пуларт“ е отворено мало Божиќно село, кое има за цел на посетителите да им овозможи „гурманска пауза во топла атмосфера“ и да уживаат во слатки задоволства, топли пијалаци и панорамски поглед на Брисел.

Како дел од Панаѓурот и целата празнична атмосфера, на централниот бриселски плоштад „Гран Плаз“ е поставена природна елка висока 20 метри. Станува збор за бела смрека стара приближно 43 години.

Елката наречена „Дрво на солидарноста“ е украсена под дизајн на уметникот Жан-Пол Леспањар на начин да ја манифестира врската помеѓу традицијата, креативноста и граѓанскиот ангажман.

По завршување на празничната сезона елката ќе биде рециклирана, а нејзините украси ќе бидат продадени на аукција од која ќе се соберат средства за јавните кујни. Ваквата постапка има за цел да ја подигне свеста во јавноста против фрлањето храна.

Според бриселскиот градоначалник Филип Клоз, локалните власти оваа година сакаат да ја зајакнат врската помеѓу панаѓурот „Зимски чуда“ и потребите на луѓето од Брисел.

- Ова издание ги слави нашите населби, жители, уметници и занаетчии. Нашиот Божиќен панаѓур ќе остане популарен како и секогаш, а уште повеќе вкоренет во животот на градот, рече Клоз.

Божиќниот панаѓур во Брисел просечно привлекува по околу 4,2 милиони посетители, а на неговото минатогодишно издание беше остварен промет од околу 260 милиони евра. Годинава организаторите се надеваат дека ќе го надминат ланскиот промет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот.

Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи.

Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.

Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски?

СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте.

Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП.

Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. 

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата.

Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари.

Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата.

„Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

-3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер