МакедонијаОтворен базенот во ООУ„Невена Георгиева Дуња“ во Кисела ВодаОтворен базенот во ООУ„Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода, еден од петте кои ќе се отворат до крај на летово.Во присуство на Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска свечено беше пуштен во употреба новиот затворен базен во состав на основното училиште „Невена Георгиева Дуња“. Овој проект беше започнат уште во 2019 година, од страна на поранешното раководство на Агенцијата за млади и спорт, но со години стоеше со минимална, речиси никаква реализација. -Ова е завршница на еден закочен проект, за еден од оние пет фамозни базени започнати 2019 год, кои 3-4 години беа оставени без никаква работа. Драго ми е што успеавме да го откочиме процесот и тука би му се заблагодарил на градоначалникот Ѓорѓиевски, бидејќи соработката со него беше клучна за реализација на проектов. Како институција покажавме дека она што го ветивме го исполнуваме, ова е само првиот базен од низата. Сите 5 базени, чија реализација тогаш беше околу 20 %, ќе бидат пуштени во употреба и тоа за рекордно време, 6 до 7 месеци откако се нафативме на оваа работа. Она што е најважно е да им ги ставиме на располагање на децата, на нашите идни генерации, на кои на овој начин ќе им создадеме здрави навики-изјави министерот Борко Ристовски. -Со денешното отворање на новиот базен во рамки на ООУ “Невена Георгиева Дуња”, покажуваме дека кога има визија, волја и вистинска институционална соработка, дури и запоставените проекти добиваат живот. Овој базен, започнат уште во 2019 година, сега конечно е завршен и ставен во функција, како резултат на заедничката акција и посветеност на Владата, Министерството за спорт и Општина Кисела Вода. Во 2021-вата кога станав градоначалник, информирав околу закоченоста на целиот проект, за салата која во тој момент беше во многу лоша состојба, посебно внатрешниот дел. Благодарение на соработката покажавме како треба системот да функционира кога работиме сите заедно, за една заедничка цел. Базенот ќе биде во функција и за наставниот процес, пред се’ за учениците од ООУ “Невена Георгиева Дуња” и од другите основни училишта, а потоа и за спортските клубови и за сите жители на Кисела Вода. За нас, како локална самоуправа, најголем приоритет ќе ни биде еднаш во неделата спортски активности да имаат децата од основните училишта, бидејќи тоа е многу важно за нивното психофизичко здравје. Како проект, тој е дел од нашата поширока стратегија за развој на спортот во Кисела Вода. Во изминатите четири години вложивме во девет спортско-рекреативни центри, четири спортски сали, дополнително изградивме една во Пинтија, во моментов градиме сала во ООУ “Кузман Јосифовски Питу”, а за скоро време и во ПОУ “Круме Кепески” во Припор и во ООУ “Кузман Шапкарев” во Драчево. На овој начин, покажуваме кој е нашиот правец на делување и колку ни се важни идните генерации. Искрено му благодарам на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за поддршката и разбирањето за важноста на капиталните вложувања во спортот, како и на министерот за спорт, Борко Ристовски, кој покажа дека приоритетите може не само да се препознаат, туку и да се реализираат. Голема благодарност и до компанијата “Енергоинвест Трејд” за изведбата-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. -Многу е важно се што е почнато да се заврши, да не ги оставаме работите да бидат споменици на едно минато време. Потрошени се пари од граѓаните и сето тоа мора да се заврши и да им на граѓаните да го користат. Ова е првиот, а следи отворањето на уште четири базени до крајот на летото. Она што можам да го кажам, е дека остануваме да бидеме влада која ќе биде насочена кон реализација на проекти и реформи. Нека е со среќа користењето на овој базен, посака Претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Како што информираше претставникот на компанијата изведувач, Љубен Илиевски, новиот базен е од затворен тип, долг 25 метри, широк 9 метри, со длабочина која варира од 0.8 до 1.2 метри. Станува збор за современ полуолимписки базен, изграден според „FINA“ стандарди, со намена за обука, едукација и рекреативно пливање.Тагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКим Кардашијан има пет дадилки за своите четири деца: „Една е секогаш на должност“Ким Кардашијан, 45-годишната основачка на брендот „SKIMS“, во ново интервју откри детали за тоа како го организира животот со четирите деца што ги има со поранешниот сопруг, Канје Вест. Заедно ги имаат ќерките Норт (13) и Чикаго (8) и синовите Сејнт (10) и Псалм (7), при што Кардашијан е нивниот примарен старател. Кардашијан за „Тајмс“ откри дека има помош околу грижата за децата, ангажирајќи пет дадилки кои се менуваат. Таа објасни дека „една е секогаш на должност“, додека „останатите четири се менуваат во смени“. Таа секој ден ги вози на училиште И покрај тоа што има помош, Кардашијан вели дека е активно вклучена во секојдневниот живот на своите деца. Таа лично ги вози на училиште и ги зема оттаму секој ден, а секоја вечер заедно вечераат. „Мислам дека сум умерено строга мајка. Многу сум трпелива и им давам многу љубов. Децата сè уште можат да спијат во мојот кревет кога и да посакаат, а јас им читам секоја вечер пред спиење“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Таа се грижи за јавното експонирање на децата Во интервјуто, таа се осврна и на прашањето за јавното експонирање на нејзините деца – особено на најстарата ќерка, Норт, која е популарна на „TikTok“ и сè повеќе се занимава со музика. Кардашијан призна дека се грижи за учеството на децата во семејното реално шоу „The Kardashians“. „Секое дете учествува онолку колку што се чувствува пријатно. Помалите деца се појавуваат додека снимам, но немаат некои големи улоги во серијата. Норт ужива во тоа малку повеќе од другите, па морам малку да ја ограничувам“, објасни таа. Таа додаде дека Норт е најмногу заинтересирана за проекти кои нудат јавно експонирање, поради што нејзините родители се обидуваат внимателно да ги избираат можностите што таа ги прифаќа, наместо да се согласуваат на сè што ѝ се нуди. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Кога станува збор за музиката, Кардашијан вели дека подобро комуницира со Канје Вест на таа тема. Тие се погрижуваат да бидат усогласени и се осигуруваат дека Норт учествува само во проекти што и двајцата ги одобриле. Извор: Индекс.хрТагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
ЕвропаХаос во Франција: Се затвораат до 500 средни училишта, 24 се запалени или вандализираниУчилиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени.Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланке, денес соопшти дека утре целосно или делумно ќе бидат затворени меѓу 400 и 500 средни училишта во Франција поради последиците од насилните студентски протести, додека најмалку 24 училишни објекти биле запалени или вандализирани. „Наставата беше прекината во меѓу 400 и 500 образовни установи во петокот, а веројатно сличен број ќе бидат затворени и во понеделник, иако со делумно и постепено продолжување на наставата“, изјави Бланке, пренесува весникот „Ле Фигаро“. Францускиот министер наведе дека 78 вработени во образовниот систем се повредени откако започнаа протестите. Според него, училиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени. Бланке рече дека одредени припадници на крајната левица се приклучиле на протестите, обвинувајќи ги дека го злоупотребиле студентското движење и прибегнале кон насилство. „Ова претставува ризик и за нашиот персонал и за учениците. Повредени се 78 вработени во образованието – нешто што досега не сме го виделе. Тие беа намерно нападнати бидејќи работат во образованието“, изјави министерот. Протести низ Франција Протестите и блокадите на средните училишта започнаа на 17 септември во регионот на Париз, а потоа се проширија низ целата земја. Ситуацијата, како што забележува францускиот весник, ескалираше во четвртокот во неколку француски градови. Петокот беше одбележан со тензии и повеќе од 1.700 приведени лица, со што вкупниот број на приведени од почетокот на неделата достигна околу 5.000. Организаторите повикаа протестите да продолжат и во вторник, наведувајќи дека не добиле „конкретни мерки“ од властите. Учениците што учествуваат во протестите, меѓу другото, бараат повеќе персонал и зголемени средства за образованието, а истовремено се жалат на притисокот од системот за упис на универзитетите, недостигот на наставници-заменици, лошата состојба на училишните згради и преоптоварените распореди на часовите. Извор: Б92Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПукање во близина на границата меѓу Норвешка и Шведска: Убиени татко и синТатко и син загинаа, а трет маж беше тешко ранет во пукање во близина на Халден, во југоисточна Норвешка. Осомничениот, маж на возраст од околу 30 години, бил совладан од присутните на местото на настанот пред да пристигне полицијата.Жртвите биле маж во седумдесеттите години и неговиот син, кој бил во четириесеттите години. Сите тројца биле дел од ловечка група собрана на имот во близина на езерото Ершеен, недалеку од шведската граница. Напаѓачот совладан пред пристигнувањето на полицијата Според норвешките медиуми, осомничениот не бил дел од ловечката група. По пукањето, луѓето присутни на имотот успеале да го совладаат и да го задржат до доаѓањето на полицијата. Полицијата верува дека тој дејствувал сам и соопшти дека нема опасност за јавноста. Според досегашните информации, во нападот била употребена ловечка пушка. Норвешките медиуми исто така известуваат дека осомничениот поседувал дозвола за две парчиња огнено оружје. Адвокат: Тој ја признал кривичната одговорност Адвокатот на осомничениот, Оле Ричард Холм-Олсен, изјави дека неговиот клиент ја признал кривичната одговорност за двете убиства и за ранувањето на третото лице. Според адвокатот, осомничениот писмено ја признал кривичната одговорност и се согласил на притвор, но во моментов не сака да даде изјава пред полицијата. Мотивот сè уште непознат Полицијата сè уште истражува зошто осомничениот отворил оган и каква поврзаност имал со луѓето на имотот. Истражителите се сомневаат дека тој ја познавал групата или некои од нејзините членови, но според досега објавените информации, тој не бил во роднинска врска со загинатите или со ранетиот маж. По пукањето, полицијата ја пребарала околината и блиските објекти за да провери дали има други напаѓачи или жртви. Не биле пронајдени други жртви ниту дополнителни напаѓачи. Извор: Индекс.хрТагови: пукање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook