Отворен 56.фестивал „Охридско лето“ - Канал 5

Отворен 56.фестивал „Охридско лето“

Со гала концерт на светски познатиот мецосопран Елина Гаранча од Летонија, заедно со оркестарот на Македонската опера и балет под диригентска управа на маестро Ион Марин од Австрија, вечерва на Античкиот театар е отворено годинешното 56.издание на фестивалот „Охридско лето“.

Отворен 56.фестивал „Охридско лето“
Пред преполнетиот Антички театар, фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Toj ги поздрави присутните, посочувајќи дека „Охридско лето“ се одржува во период кога стариот свет умира, а новиот сè уште не е роден.

- Во време кога над светот се надвиснати темни облаци, уметноста е како продорен зрак светлина. Овој зрак ја осветлува скриената убавина што извира од длабочината на човековото срце. Истовремено, овој продорен зрак на уметноста нè упатува и кон она што е скриено зад облаците, а тоа е вечниот извор на светлината и животот. Уметноста ја изразува надежта дека бурата ќе мине, облаците ќе се распрснат, ветриштата ќе се смират и дека ќе нè огрее светлината по која копнееме, рече Иванов.

Повеќе од пет децении, потенцира Иванов, десетина илјади уметници од сите меридијани, преку своите музички, сценски и ликовни дела охрабруваат да бидеме извор на убавината во светот.

- Првиот оригинален словенски и македонски поет кажува како да го направиме тоа. Пред повеќе од 11 века, токму од ова место, св. Климент Охридски нè поттикна да се престигнуваме во добрина, бидејќи убавината е само друго име за добрината, додаде Иванов.

Уметничката порака на фестивалот ја упати диригентот маестро Саша Николовски-Ѓумар, кој изрази уверување дека на сите учесници древниот Охрид ќе им претставува инспирација, каков што по некој случај му бил и на Климент пред единаесет и пол века, за да ги изгравира своите слова, да ја создаде нашата култура и писменост.

- Должни сме да ја пренесеме нашата писменост на нашите поколенија, а тие на нивните. А над сите тие слова, за да станат мисла сепак треба да се облагородени со интонација, а истата е музика, порача маестро Ѓумар.

Охрид од вечерва се до 20 август ќе живее со уметноста. Од вечерва ќе блеснат сцените на Античкиот театар, црквата „Св. Софија“, нејзиното предворје, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и други интересни локации низ градот. Тоа ќе се местата каде ќе се случуваат извонредно атрактивни културни настани, во кои можност да уживаат ќе имаат сите вљубеници во уметноста, на она што претставува врв во уметноста во светски рамки. Програмата нуди неповторливи настапи на светски познати имиња и ансамбли од музичката, драмската уметност, програма за сите вкусови и генерации, сето вклопено во неповторлив природен и духовен амбиент каков што е Охрид.

Програмата на годинашното „Охридско лето“ предвидува преку 50 музички настани, девет театарски претстави, пет изложби и осум филмови од богатата кинематографска ризница на „Вардар филм“. Македонија и Охрид годинава ќе бидат домаќини на вкупно 800 уметници, изведувачи и автори од 18 земји во светот.

Концептот и на годинешното фестивалско издание ги следи заложбите во текот на сите 40 фестивалски денови „Охридско лето“ да понуди квалитетна и атрактивна програма со врвни светски уметници.

На концертните вечери во програмата на фестивалот публиката ќе има можност да чуе некои од најголемите и најзначајните уметници на денешницата како Максим Венгеров, Вадим Рјепин, Артуро Сандовал, Фазил Сеј, Ана Веницкаја, Роман Симовиќ...

Фестивалот „Охридско лето“ е еден од најголемите промотори и афирматори на македонската уметничка музика, но и на македонските композитори и изведувачи. Секоја година, на својата програма Фестивалот вклучува и врвни домашни изведувачи, кои стојат рамо до рамо со оние светските. Тука се концертите на „Дуото Кировски“, виолинистот Џафер Џафери, на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, македонските уметници со светско реноме, Ана и Игор Дурловски кои заедно со Македонската филхармонија под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, ќе изведат обработки на македонски духовни и народни песни направени од македонскиот композитор Сони Петровски...

За концертот на 4 август по повод роденденот на фестивалот, после незаборавните концерти на Роби Лакатош, Немања Радуловиќ, „Ховард госпел“ хорот, годинава прв пат ќе се реализира роденденски концерт со познат македонски уметник, виртуозот на гитара, Дамјан Пејчиновски, охриѓанецот кој заедно со своето трио се повеќе ја освојува меѓународната сцена.

Покрај учеството на големите светски уметници и ансамбли, годинава фестивалот „Охридско Лето“ ќе биде препознатлив и по „Летната академија“ која ќе се реализира во рамки на фестивалот. Голем број млади музичари од Македонија и пошироко ќе имаат можност да бидат дел од семинарите предводени од големите музички легенди. Вистинска привилегија за нив ќе биде да се соработува со виолинисти како Венгеров, Симовиќ, Рјепин, виолончелистот Марк Копе, трубачот Артуро Сандовал и хармоникашот Јури Шишкин.

Што се однесува на драмскиот дел од фестивалот, речиси половина од програмата за годинешното издание на Охридско лето“ е посветена на великанот на драмската уметност Вилијам Шекспир, како одбележување на 400-годишнината од смртта на светски најпознатиот театарски гениј.

Мотото на овогодинешната програма е „Славејќи го Шекспир ја славиме слободата“. Во тој контекст неговите дела „Магбет“, „Сонети“, „Комедија на грешки“ и „Ноќ спроти водици“ од различни страни на светот, на различни јазици и од различни култури ќе ги освојат сцените на Долни Сарај и предворјето на Света Софија како совршени театарски простори во Охрид.

На годинешното „Охридско лето“ вљубениците во театарот уште ќе можат да го видат и најновото остварување на режисерот Александар Баргман од Русија кој го поставува Ремарк со делото „Бар Ремарк“, потоа Јернеј Лоренциј со „Спобудалената локомотива“ на Виткиевич, Хоријаш Суру со „Арт оркестар“, Маргарита Младенова и Иван Добчев со проектот „Гогољ“.

Завршницата на 56-тото издание на „Охридско лето“ на 20 август ќе биде со концерт на театарска музика, своевиден алхемиски проект „На светов убавина“ на Горан Трајковски, кој преку симбиоза на театарот и музиката ќе ги презентира своите музички театарски креации од последната декада./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината.

Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги.

Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки.

Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година.

Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS).

Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината.

За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајкл Керик на излезната врата на Манчестер Јунајтед!

Мајкл Керик е сè поблиску до заминување од клупата на Манчестер Јунајтед!

Мајкл Керик на излезната врата на Манчестер Јунајтед!

Иако раководството на клубот одлучи да му даде дополнително време по поразот од Борнмут, сè поголеми се шансите англискиот стручњак наскоро да добие отказ.

Според информациите на „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), челниците на Јунајтед сè уште се држат до првичниот план – детално да ја проценат ситуацијата за време на ноемвриската репрезентативна пауза.

Сепак, сè поизвесно е дека извршниот директор Омар Берада и спортскиот директор Џејсон Вилкокс ќе им предложат на косопственикот Џим Ретклиф и на семејството Глејзер да го сменат Керик. Капка која може да ја прелее чашата е нерешениот резултат против Астон Вила (4:4).

Јунајтед моментално се наоѓа на 18-тото место во Премиер лигата и го бележи својот најлош почеток на една домашна сезона во последните 40 години.

Манчестер Јунајтед веќе разгледа неколку опции за наследник на Керик. Како што претходно објави Би-Би-Си (BBC), клубот ја испитуваше можноста за ангажирање на поранешниот менаџер на Њукасл, Еди Хау, и поранешниот селектор на Германија, Јулијан Нагелсман.

Антонио Конте, исто така, покажа интерес за работа на „Олд Трафорд“, додека, според неколку извори, и Маурисио Покетино е отворен за враќање во клупскиот фудбал.

Сепак, ситуацијата со Покетино не е едноставна, со оглед на тоа што аргентинскиот стручњак во август го продолжи договорот со националниот тим на Соединетите Држави.

Наводно, неговиот договор содржи клаузули кои би му овозможиле да замине доколку добие понуда од одредени големи клубови.

На Керик му е дадена уште една шанса по поразот од Борнмут, но резултатите не ја оправдаа довербата на раководството. На последните десет првенствени натпревари, Јунајтед забележа само една победа, учинок што ги доведе до 18-тото место на табелата.

Со 19 примени гола, тимот има една од најслабите одбрани во Премиер лигата; повеќе голови примиле само Кристал Палас и Ипсвич.

Особено загрижувачки е фактот што „Јунајтед“ има само три победи на 15 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.

Ова е најлошиот учинок во последните 40 години, токму на годишнината од доаѓањето на Сер Алекс Фергусон на „Олд Трафорд“.

Поразите од Манчестер Сити, Брајтон и Борнмут, како и натпреварите што завршија нерешено – при што тимот ја испушташе предноста во завршницата – претставуваа посебен удар.

Незадоволството станува сè повидливо и во самата соблекувална.

Лисандро Мартинез јавно ја критикуваше летната трансфер-политика на клубот, префрлајќи ја одговорноста врз спортскиот директор Џејсон Вилкокс. Дури и Бруно Фернандеш не го криеше своето незадоволство, па по поразот од „Кома“ (Манчестер Сити), упати критики кон тактиката на Керик.

На Карик му беше дадена шанса да ја промени ситуацијата, но резултатите и понатаму се под очекувањата.

Управата сега ги разгледува следните чекори, а сè поизвесно е дека Керик би можел да ја плати цената за катастрофалниот почеток на сезоната.

Конечната одлука сè уште не е донесена, но неговата позиција е сериозно разнишана. Манчестер Јунајтед наскоро би можел да започне нова потрага по тренер, во обид да ја спаси сезоната која веќе е далеку од очекувањата на навивачите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември

Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа.

МОН: Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември

Светскиот ден на науката за мир и развоj - 10 Ноември оваа година го одбележуваме со видливи резултати во научно-истражувачката дејност. Ова го нотира и Европската комисија во Извештајот за напредокот на државата за 2026 со оценката дека е направен добар прогрес во остварување на целите од Акцискиот план на Стратегијата за паметна специјализација, со основањето и ставањето во функција на Агенцијата за иновации, научно – технолошки развој и претприемништво ИНОВА, но и со продолжувањето на учеството во европски програми за наука и иновации.

Резултатите ја покажуваат посветеноста на Владата и на Министерството за образование и наука кон поттикнување на научните истражувања и иновациите.

Имаме јасна цел: да ги зајакнеме капацитетите за научно-истражувачка дејност и да го зголемиме влијанието на научно-истражувачките резултати врз општеството и економијата. Ова го поддржуваме преку континуиран раст на буџетот за наука, за да осигуриме дека научната заедница има ресурси и поддршка што ѝ се неопходни.

Овогодинешниот буџет изнесува рекордни 773 милиони денари, што е скок во споредба со 680-те милиони денари минатата година и повеќе од двојно зголемување во однос на 380-те милиони денари издвоени пред две години. И резултатите се опипливи. Минатата година поддржавме околу 50-тина двогодишни научни проекти, што се сега во завршна фаза.

Презедовме конкретни активности поврзани со потребата за зголемена научна продукција. Обезбедивме бесплатен пристап до главните глобални научни бази на податоци „Web of Science“ и „Scopus“ за нашите научници и академски професори. Ги покриваме трошоците за објава на научни трудови во списанија со импакт фактор, за организација на домашни и за учество на меѓународни научни конференции, ги покриваме трошоците за објава на зборници.

Системски инвестираме во наука и ги отстрануваме бариерите за да можат нашите научни работници да се натпреваруваат и да соработуваат глобално, а нивните резултати да можат да донесат вистинска вредност дома.

Наш стратешки приоритет останува забрзан развој на науката и подобро позиционирање македонските универзитети на глобалните ранг-листи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер