Отворен 54. МТФ „Војдан Чернодрински" - Канал 5

Отворен 54. МТФ „Војдан Чернодрински"

Со доделување на наградите за животно дело и со првата претстава во конкуренцијата, „Макбет" на МНТ од Скопје, синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков" беше отворен 54. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински".

Отворен 54. МТФ „Војдан Чернодрински"

Фестивалот го поздрави прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, а за отворен го прогласи заменик-министерот за култура Владимир Лазовски.

-Време е да се да си дозволиме уживање со естетиката на говорот, на актерската игра, костимографијата, на сценографијата, сето предводено од режисерската палка. Во храмот на Талија ќе уживаме 8 вечери, ќе ги впиваме храбрите пораки на драматурзите, на сценаристите, изговорени од извонредните актери, мајсторите назанаетот. Сето истовремено е рефлексија на случувањата во општеството. Од ова место извираат безвременски пораки, мудрости, вредности, вткаени во ризницата на нашето богато културно творештво, негувајќи го нашиот културен идентитет. Прилеп ја продолжува традицијата да биде расадник на реномирани театарски имиња, да создава публика со истенчен театарски вкус, давајќи свој придонес во одржувањето на високо поставените критериуми на театарската уметност и на културните вредности, рече Јованоски.

За заменик-министерот, Прилеп по 54-ти пат е нашата најголема театарска арена.

-Овде, во Прилеп, врвните македонски уметници ги испраќаат своите пораки кои со илјадници години покажуваат дека се едни од најсилните корективи на актуелните општествени случувања. Во, само за Прилеп, автентичната фестивалска атмосфера, професионалните продукции ги претставуваат своите најнови претстави. Се натпреваруваат пред стручното жири и критиката, но и пред публиката, најврвното жири кое со истанчан вкус, но и со најискрена љубов е спрема театарџиите. На сите колеги уметници им посакувам креативен натпревар кој ќе донесе нов триумф на театарската уметност во земјава, порача Лазовски.

Лауреатите, добитници на наградата за животно дело, режисерот Владимир Милчин и актерот Бајруш Мјаку порачаа дека наградите, многу драги, не ја прекинуваат театарската уметност.

-Наградите се секогаш пријатно изненадување, доколку не ги сфатиме како нешто што треба да нѐ промени. Ниедна награда во животот не ме променила. Едно знам: дури и да не беше наградата, јас ќе продолжам да правам претстави, зашто тоа е посилно од сѐ. Наградата е убава работа, ама не значи точка, туку е две точки и потоа следува уште нешто. театарот е живот и не завршува со наградите, рече Милчин.

-Секоја награда си има своја тежина. Кога говориме за оваа награда, награда за животно дело, има една посебна тежина, зашто доаѓа од колегите, од театарските луѓе и од Фестивал кој има долг век на траење. Оваа награда ми е драга од речиси другите кои сум ги добивал, изјави актерот Мјаку.

Музичкиот виртуоз Влатко Стефановски кој пред претставата „Макбет" приреди воодушевувачки концерт со театарска и филмска музика смета дека театарот и музиката се тесно пшоврзани уметности и секогаш е задоволство да се создава музика за театар и за душа.

-Голем дел од мојата музика или настанала како театарска или била користена за разни театарски облици. Вечерва свирам една нумера која неодамна ја направив за една театарска претстава за МНТ и значи, со големо задоволство настапувам во Прилеп на отворањето на Фестивалот. Јас не правам разлика дали музиката ми е нарачана или сум ја компонирал затоа што така ми дошло, најбитно е песната да е добра, без разлика дали е нарачана или самата се појавила. Живеење во музичко-треатарско семејство, би рекле, дава насоки што да прави човек понатаму. Јас бев опкружен со театарџии, не го продолжив тој пат, но одвреме-навреме наминувам во театар. И да свирам и да компонирам музика за театарска претстава. Така што, инспирира да си опкружен со луѓе кои се занимаваат со уметност, рече Стефановски.

Прилепската публика која има „стаж од 54 години за следење театарски претстави, годинава првпат ќе има можност да гласа и да додели награда за најдобра, според нејзина оцена, претстава. Првите разговори на критиката, пак, за претставата „Макбет" од Вилијам Шекспир во режија на Нела Витошевиќ се одржуваат денеска од 11 часот. Вечер на програмата на Фестивалот од 19.30 часот е втората претстава „Бакхи-краток преглед на распадот" според Еврипид, во режија на Игор Вук Торбица, во изведба на Народниот театар Битола./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата.

Хајди не се крие

Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“.

Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен.

„Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа.

Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди.

Таа не сака инјекции за слабеење

Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија.

Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“.

Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Маж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево.

Жена пренесена во Женева на лекување

Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Уделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени.

Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати.

„Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто.

Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“.

Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи.

Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“.

Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно.

Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили.

Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик

Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење.

Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно.

Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“.

Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина.

Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер