Вооружени и маскирани разбојници ограбија златарница во центарот на Париз- однесоа плен од стотици илјади евра (ВИДЕО)
1Вооружени и маскирани разбојници ограбија златарница во центарот на Париз- однесоа плен од стотици илјади евра (ВИДЕО)
КултураОтворен 13. Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа“.Со врачување на престижното признание „Актер на Европа“ за 2015 година на словенечката актерка Милена Зупанчиќ и ново востановеното „Клучевите на Преспа“ на францускиот научник Гзавиер Боне и академик Вера Битракова-Грозданова, синоќа пред Сарајот во Ресен почна 13. Интернационален театарски фестивал „Актерот на Европа“.Клуч изработен според орнаменталната традиција на Преспа, признанието „Клучеви на Преспа“ кое почна да се доделува од оваа година Боне го доби за 20-годишното истражување на фауната на влекачите на островот Голем Град, а акадмеик Битракова – Грозданова, за посветените 40 години од својата научна дејност на историските слоеви на минатото на Преспа, од антиката до денес. Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој поради службени обврски не беше присутен на отворањето преку порака истакна дека фестивалот повеќе од една деценија достоинствено преку силата на уметноста и културата ја пренесува пораката за обединета Европа, Европа без граници и предрасуди, без нови и стари, без помалку и повеќе европејци. - Покрај волшебното езеро на тромеѓето меѓу трите Балкански држави каде што се споделува не само простор туку и култура, уметност и цивилизација вечерва и во наредните денови преку бесмртноста на уметноста повторно ќе се сплотат јазиците и културите, традицијата и современото, минатото и иднината, посочува Иванов во пораката. Наградата „Актер на Европа“ на годинашниот лауреат Зупанчиќ и значи многу повеќе од фестивалските и оние кои ги добивала во нејзината средина каде што ја следат. - Сметам дека културата и уметноста за Европа е многу битна и затоа треба често да зборуваме. Фестивалот во Преспа и доделувањето на наградата е голема работа, не само за Преспа и актерите, туку за сите, за животот во Европа, рече Зупанчиќ. На фестивалот, посочи таа, веќе 13 години се дружат Французи, Англичани, Бугари, Албанци, сите од источна и Западна Европа. - Разликите секогаш не прават побогати, само мора да знаеме да ги чуваме, да се слушаме едни со други, да се почитуваме и се ќе биде во ред. Сите знаеме дека Европа се дружи главно од економски причини, но без уметноста нема да преживее, нема да биде богата, би била сиромашна. Се надевам дека и понатаму ќе се почитуваме едни со други, ќе се сакаме иако мислам дека секој уметник не смее да ги заборави своите корени, своите митови.., рече Зупанчиќ. Словенечкиот амбасадор во Македонија Бранко Раковец, Зупанчиќ ја оцени како една од најдобрите словенечки театарски и филмски актерки со добар уметнички опус за кој има добиено многу награди. – Нејзината големина не се искажува само преку наградите, туку и преку фактот дека ја знаат сите генерации словени. Зупанчиќ оствари неколку филмски улоги кои станааа дел од словенечкиот национален идентитет, подвлече Раковец. Со своите дела и трудови посветени на Преспа и островот Голем Град, објавувани во светски научни медиуми, академик Битракова-Грозданова, според директорот на Фестивалот Јордан Плевнеш, се здоби со еден духовен и научен хоризонт, кој не е познат само во Европа, туку и во светот. За францускиот научник Боне тој вели дека својот живот го посветил на проучување на мистериите на Преспа. Битракова-Грозданова посочи дека кога почнала да истражува, пред 40 години, условите на островот биле многу тешки, но со помош на колегите и жителите на Ресен успеала да се снајде. За долгогодишното истражување на Голем Град во 2011 година објави публикација, а сега во тек е изработката на втор дел од публикацијата што ќе биде објавен на македонски и англиски јазик. - Имав прилика да патувам во многу региони во светот, но Голем Град е посебен за мене. За островот слушнав на конгрес за змии, откако се информирав добро дојдов да го видам местото, кое е многу интересно. Тоа е магичен остров каде што има многу зеленило и боите ве опиват. Незнам дали луѓето се свесни за ова богатство што го имаат во средината на Преспанското Езеро, рече Боне. Присутните ги поздрави градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезоски, според кој, Фестивалот претставува вистински синоним за културно препознавање на Преспа низ сите светски меридијани. - Денес и во изминатите години, токму со „Актерот на Европа“, вие актерите на Европа придонесувате вредностите на меѓусебното почитување на културите на различните народи, тука во Преспа да се издигнат на едно високо ниво. Уметноста е успешен пример како ние народите од Балканот треба да соработуваме и меѓусебно да живееме, рече Стрезоски. Фестивалот, нагласи, има обединувачка димензија на трите народи и трите култури кои делат исто езеро. Неговата цел, според Стрезоски, е да го шири европскиот дух преку културата, спојувајќи ги уметниците од различни страни на светот. На Фестивалот досега учествувале повеќе од 100 претстави од скоро сите европски земји, а се одржува во организација на Езеро без граници, Општина Ресен и Универзитетот за аудиовизуелни уметности, со поддршка на Министерствот за култура на Република МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВооружени и маскирани разбојници ограбија златарница во центарот на Париз- однесоа плен од стотици илјади евра (ВИДЕО)Вооружени разбојници украле луксузна стока во вредност од неколку стотици илјади евра од златарницата „Де Бирс“ во елитен кварт на Париз, по што избегале со мотоцикли, соопшти париската полиција. Грабежот се случил околу 11:15 часот наутро во вториот арондисман на Париз, потврди полицијата за Асошиејтед Прес. Портпаролот на групацијата „Де Бирс“ потврди дека нивната продавница на улицата „Ру де ла Пе“, недалеку од плоштадот Вандом, позната по своите луксузни продавници за златарница, била ограбена. Тој изјави за АП дека „никој не е сериозно повреден“ во грабежот и дека компанијата им обезбедува поддршка на вработените. Продавницата ќе остане затворена додека трае истрагата. 🇫🇷 A De Beers jewelry store was robbed in Paris, causing damage exceeding 1 million euros, The criminals were armed with Kalashnikov assault rifles. They managed to escape. The police are looking for them. https://t.co/UBZqUN3UPT — Vegas ʷ̣ (@vegasyx) November 12, 2026 Фабиен Богаис, претставник на полицискиот синдикат „Алијанс“ во Париз, им изјави на новинарите на местото на настанот дека четворица осомничени, вооружени со пушки, украле стока во вредност од неколку стотици илјади евра за само неколку минути. Една година од спектакуларниот грабеж на Лувр Полицијата соопшти дека разбојниците не користеле оружје. Богаис рече дека разбојниците носеле шлемови, но не можеше да потврди дали дополнително ги покриле лицата со облека или маски. Властите објавија дека се распоредени значителни полициски сили за да ги пронајдат сторителите и дека истражителите темелно ќе го испитаат местото на грабежот. Оваа кражба доаѓа по спектакуларната кражба на француските крунски скапоцености од Лувр во октомври 2025 година, кога крадците избегаа со вредни предмети во вредност од 88 милиони евра сред бел ден. Таа кражба откри сериозни недостатоци во безбедносниот систем на музејот.Тагови: Париз разбојници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаИталија ги менува правилата за евакуација по заканите со бомби во илјадници училиштаИталијанската влада ќе воведе нови правила за справување со безбедносни закани, вклучително и масовни закани преку е-пошта. Според новите правила, по правило, зградите нема да бидат евакуирани освен ако нема конкретни докази дека опасноста е реална, беше објавено денес. Одлуката доаѓа откако вчера низ цела Италија беа евакуирани бројни училишта поради закани за бомби, кои ги примија околу 6.300 училишта. Ова е најновиот во низата случаи на лажни тревоги и сајбер напади што ги погодија училиштата, супермаркетите, центрите за дарување крв, системите за воздушен сообраќај и медиумските куќи низ цела Европа во последните денови. Многу училишта беа затворени веднаш по примените закани. Ова предизвика големи проблеми бидејќи родителите мораа да брзаат да ги земат своите деца, а паниката се прошири на социјалните медиуми. Денеска нови закани за 1800 училишта Денес пристигнаа нови закани, како резултат на што некои училишта повторно се затворени. Според извори од италијанската влада, околу 1.800 училишта добиле нови закани за бомби преку е-пошта. Римската полиција потврди дека повеќе училишта пријавиле закани, но во помал број отколку вчера. Тие рекоа дека нема докази што ги поткрепуваат. Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги покани лидерите на опозицијата на состанок за да разговараат за тоа како да се реагира на слични ситуации во иднина. „Зградите не треба да се евакуираат ако нема конкретни индикатори што укажуваат дека опасноста е реална, а не ако станува збор за примање масовна е-пошта“, објави нејзината канцеларија. Некои европски претставници се сомневаат дека Русија би можела да стои зад кампањата што го нарушува секојдневниот живот во европските земји што ја поддржуваат Украина. Италијанските претставници изјавија дека сè уште немаат докази за да го потврдат таквото сомневање. Русија ги отфрла обвинувањата за вмешаност и тврди дека Западот води кампања за клевета против неа. Опозицијата ја критикуваше Мелони за сајбер безбедноста По двочасовниот состанок со премиерката, лидерите на опозицијата од центарот и левицата изјавија дека владата мора да предложи конкретни решенија за ваквите закани. Во исто време, тие ја критикуваа Мелони за, како што тврдат, премалку инвестиции во сајбер безбедноста. „Како се потрошени парите досега? Вчерашниот аларм можеше да се реши со помош на добра антивирусна програма“, рече поранешниот премиер Матео Ренци, шеф на центристичката партија Италија Вива. Италија не е единствената европска земја погодена од оваа кампања, но нејзината првична реакција предизвика многу поголеми проблеми отколку во другите земји. Властите во Шкотска, Северна Ирска и Република Ирска објавија дека голем број училишта добиле и заканувачки е-пораки од странство. Сепак, тие проценија дека станува збор за лажни извештаи и не ја прекинаа наставата. „Го прашавме ирскиот премиер зошто властите во таа земја однапред ги предупредиле училиштата и им советувале да останат отворени, бидејќи овие е-пораки не се сметале за закана“, рече Никола Фратоани од Зелената и левичарската алијанса (Alleanza Verdi e Sinistra). Бараат поголеми инвестиции во заштитата Опозиционите партии го обвинија Мелони дека им дава приоритет на инвестициите во класична воена опрема, а ги игнорира сајбер заканите, кои ги сметаат за поитни. „Ни треба посилна координација меѓу телата одговорни за сајбер безбедноста и предложивме пренасочување на дел од достапните ресурси кон сајбер одбрана“, рече Ели Шлајн, лидерка на главната опозициска Демократска партија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриевски: компромиси во политиката – да, но не и со владеењето на правото!Движењето ЗНАМ – За наша Македонија останува во Владата сè додека се почитуваат договорените коалициски принципи, но нема да прифати решенија што го усложнуваат правниот систем и го доведуваат во прашање уставниот поредок на државата.Ова го истакна претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија, говорејќи за актуелните политички прашања, предлогот за полагање на правосудниот испит на албански јазик и односите во владината коалиција. „Во политиката постои компромис, но во владеењето на правото нема компромис. Предлогот на министерот Шасивари е хибридно решение, а триумфализмот е неоснован, бидејќи Владата нема донесено одлука, туку предлогот е испратен на мислење во Венецијанската комисија. Согласно Уставот и постојниот закон, не постои можност правосудниот испит да се полага на албански јазик“, истакна Димитриевски. Тој потенцираше дека доколку вакво решение биде доставено до Собранието, ЗНАМ ќе се произнесе негативно, а доколку ставот на партијата не биде почитуван, ќе го преиспита своето учество во Владата. Димитриевски нагласи дека ЗНАМ не учествувал во каков било политички договор за ова прашање и очекува на најавената лидерска средба во декември партијата да биде активно консултирана, а не само дополнително информирана. Тој упати порака дека заштитата на правниот поредок, легализмот и почитувањето на Уставот се принципи од кои ЗНАМ нема да отстапи. Притоа посочи дека правосудниот испит имаат право да го полагаат дипломирани правници со една или две години работен стаж на правни работи, а не студенти, и дека во правосудниот систем прецизното разбирање на правната терминологија и познавањето на официјалниот македонски јазик се од круцијално значење. Осврнувајќи се на односите во владината коалиција, Димитриевски оцени дека соработката со ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски е конструктивна и одлична. Тој ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека ЗНАМ креира вештачка политичка криза за предизвикување предвремени избори, нагласувајќи дека одлуката за избори е во надлежност на премиерот. Во однос на политичките барања на ДУИ за правосудниот испит, Димитриевски оцени дека станува збор за иницијатива која повторно ја отвора темата за прашања што веќе биле предмет на политички расправи, а упати порака до моноетничките политички партии дека мора да ги почитуваат законите и институциите на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook