Отворањето на изложбата „Жените и фотографијата" се одложува - Канал 5

Отворањето на изложбата „Жените и фотографијата" се одложува

Отворањето на изложбата „Жените и фотографијата" кое беше закажано за вечерва во кумановскиот центар за култура се одлага за наредните седум дена, информираа денеска надлежните од националната установа.

Отворањето на изложбата „Жените и фотографијата" се одложува

На изложбата, која ја организира Фото клуб „Куманово", ќе се претстават 37 авторки со околу 50 дела.

– Секогаш кај нас, жените биле поактивни од мажите во фотографијата што покажува и големиот интерес за оваа изложба. Веќе се направи и листа на авторки кои самите бараат да учествуваат на изложбата, уште пред да биде објавен конкурсот. Посетителите ја научија изложбата како 8-мартовски момент и ја посетуваат, изјави претходно Марина Крстиќ од Фото клуб „Куманово".

Фотографирањето се начин жените да го презентираат својот прозорец кон светот и да ја искористат фотографијата за да испратат гласна порака, за тоа како сакаат светот да изгледа со целиот нивен идеализам, утопизам, болка и меланхолија поради актуалната состојба, велат авторките на фотографиите.

Од Клубот велат дека изложбата е можност да се види напредокот на македонските авторки./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демократка победи на изборите на Алјаска, демократите обезбедуваат големо мнозинство во Сенатот

Кандидатката на Демократската партија, Мери Пелтола, победи на изборите за Сенатот на САД во Алјаска, со што се разјасни односот на силите во горниот дом на американскиот Конгрес по изборите одржани на 3 ноември. 

Демократка победи на изборите на Алјаска, демократите обезбедуваат големо мнозинство во Сенатот

Во новиот состав на Сенатот, кој започнува во јануари 2027 година, демократите ќе имаат мнозинство од 56 наспроти 44 места за републиканците.

Според последните достапни резултати, Пелтола освоила 50,12 отсто од гласовите и го победи актуелниот републикански сенатор Ден Саливан, кој доби 45,80 отсто од гласовите. На тој начин, демократите добија уште едно место кое претходно го држеа републиканците. Трката во Алјаска беше последната неизвесна изборна трка за Сенатот на овогодинешните избори.

Асошиејтед прес ја прогласи Пелтола за победник две недели по изборите.

Со победата во Алјаска, демократите заокружија голем успех на изборите за Сенатот. Вкупно, тие освоија девет места што претходно ги држеа републиканците, што претставува нивен најголем успех од ваков вид на избори за Сенатот уште од 1958 година.

Пред изборите, републиканците имаа мнозинство од 53 наспроти 47 места, додека во новиот состав односот ќе биде 56 наспроти 44 во корист на демократскиот блок, во кој влегуваат и независни сенатори поврзани со Демократската партија.

Демократите исто така успеаја да освојат места во сојузни држави кои традиционално нагинуваат кон републиканците, вклучувајќи ги Тексас, Јужна Каролина, Канзас и Мисисипи.

Според резултатите објавени на 17 ноември, таа добила 144.302 гласа, додека Саливан освоил 131.844. Разликата изнесувала 12.458 гласа. Иако преостанувале уште гласови за броење, „Асошиејтед прес“ процени дека Саливан веќе нема реални шанси да ја надомести разликата.

Покрај победата на изборите за Сенатот, демократите на Алјаска постигнаа успех и на изборите за гувернер. Демократот Џонатан Крајс-Томпкинс ги победи тројцата републикански кандидати и стана првиот демократски гувернер на Алјаска по 1998 година. Резултатите на Алјаска дополнително ја потврдија промената во односот на силите по изборите во средината на мандатот во САД, на кои демократите ја презедоа контролата врз Сенатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра

Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра и отвора стотици работни места.

Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ најави инвестиција од три милијарди евра за проширување на фабриката во Гринхајде, недалеку од Берлин. Во рамките на ова, најавена е изградба на нов погон во кој компанијата планира да произведува целосно автономни такси-возила од типот „Сајберкеб“ (Cybercab).

„Ги поставуваме темелите за технолошки најнапредната фабрика на Tesla во светот“, соопштија од компанијата. Новата производна хала ќе има капацитет да произведува до еден милион робо-такси возила годишно.

Изградбата треба да започне во првата половина на 2027 година, а производството – во 2029 година.

Американската компанија исто така најави дека ќе вработи неколку стотици работници за потребите на изградбата и подготовките за производство. Тие имаат намера до крајот на годината да поднесат барање за градежна дозвола за новиот објект, заедно со документацијата што ја доставија во 2023 година за планираното проширување на комплексот.

Инвестицијата, вредна три милијарди евра, опфаќа и изградба на придружни објекти и постројки за третман на отпадни води.

Американскиот гигант претходно се откажа од планираното проширување поради падот на продажбата, но повторно ги активираше инвестициите откако побарувачката закрепна.

Податоците од германската Федерална управа за моторни возила (KBA) покажаа дека продажбата на возила од марката „Тесла“ во Германија во октомври е зголемена речиси четирикратно. Во периодот од јануари до октомври биле регистрирани 47.742 возила на „Тесла“, што е приближно три пати повеќе отколку во истиот период минатата година.

Компанијата неодамна објави дека ќе го зголеми производството на 7.500 автомобили неделно, односно околу 375.000 годишно, а планира и проширување на капацитетите за производство на батериски ќелии. Во октомври, во фабриката на „Тесла“ во близина на Берлин работеле 12.600 луѓе, а портпаролка на компанијата потврди дека во последните неколку месеци биле вработени уште 2.000 работници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Спектакуларна партија на Грајмс погоди 10 тројки за триумф на ЛА Лејкерс

Видео: Спектакуларна партија на Грајмс погоди 10 тројки за триумф на ЛА Лејкерс

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс по едно продолжение ги победија Шарлот Хорнетс со 118:114 и ја продолжија серијата победи во НБА.

За езерџиите ова беше осмата победа во низа. Најзаслужен за вредниот триумф беше бекот Квентин Грајмс кој го одигра најдобриот меч во кариерата. Грејмс постигна дури 47 поени и беше посебно прецизен зад линијата за тројка со 10 погодени шута од 14 обиди.

Со своето остварување Грејм го засени и сезонава неверојатниот Лука Дончиќ кој со „само“ 36 постигнати поени беше вториот стрелец на мечот.

Дончиќ и Грајмс го создадоа последниот напад на Лејкерси во последните секунди од регуларниот дел од натпреварот.

Словенецот го презеде нападот, бараше позиција, но не ја најде бидејќи беше добро покриен, но Грајмс ја најде и ги фрли навивачите во делириум со тројка за продолжението.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер